Куни
Куни Период: Ран миоцен - денес | |
---|---|
Црни ласици, Mustela putorius | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Класа: | Mammalia |
Ред: | Carnivora |
Подред: | Caniformia |
Натсемејство: | Musteloidea |
Семејство: | Mustelidae G. Fischer de Waldheim, 1817 |
Потсемејства | |
Куните (латински: Mustelidae) се семејство на месојадни цицачи од редот на ѕверови. Таа е меѓу семејствата најбогати со видови. Куните се појавиле пред 40 милиони години и тие се мали грабливи животни (во споредба со другите грабливци). Во ова семејство припаѓаат куната, норката, видрата, јазовецот, ласицата и други животни. Куните се способни да се прилагодат на различни услови, што им овозможило да се распространат во сите делови на Земјата.
Физички опис
[уреди | уреди извор]Припадниците на ова семејство се разликуваат меѓусебно по градбата на телото, забалото и обликот на нозете, и тоа многу повеќе одошто е случај со останатите семејства на ѕверови.
Претставниците се средно големи до мали животни. Најмали се малите ласици (со должина до 20 cm), а најголеми се џиновските видри кои можат да израснат и до 1,8 m и да се тешки повеќе од 30 кг.
Овие животни имаат издолжено, витко и свитливо тело со многу ниски нозе на кои имаат 4-5 прсти со нокти кои не можат да се вовлечат. Забалото е потполно, има 38 заби, при што песјаците се многу силни.
Распространување
[уреди | уреди извор]Куните се широко распространети. Отсуствуваат само на Антарктикот, Фокландските и Галапагоските острови, потоа Мадагаскар, Исланд и на некои острови на Карибите, Северноледениот Океан и Тихиот Океан. Тие се доведени во Австралија и Нов Зеланд.
Исхрана
[уреди | уреди извор]Куните се исхрануваат со различен вид на плен. Јазовецот се храни најчесто со дождовни црви и полжави, кои чинат делче од неговата телесна тежина. Хермелинот лови и зајаци кои можат да бидат и до десет пати потешки од него. Освен наведеното, се хранат и со разни мали и средно големи цицачи, птици со големина на гуски, јајца, инсекти, бобинки, овошје и буклинки.