Роберто Баџо (роден во 1967 година) — поранешен италијански професионален фудбалер кој главно играl како втор напаѓач или како офанзивен играч за врска, иако бил способен да игра на неколку офанзивни позиции. Тој е поранешен претседател на техничкиот сектор на Италијанската фудбалска федерација. Технички надарен креативен плејмејкер и специјалист за директни слободни удари, вештини за дриблинг и постигнување голови, Баџо нашироко се смета за еден од најдобрите играчи на сите времиња. Во 1999 година, Баџо го освоил четвртото место според ФИФА играч на векот избран преку интернет анкета, и бил избран во Дрим тимот на Светските фудбалски првенства во 2002 година. Во 1993 година, тој бил прогласен за најдобар играч на годината од ФИФА и ја освоил Златната топка. Во 2004 година, тој бил именуван од Пеле во ФИФА 100, список на најголеми живи играчи во светот.
Баџо настапил за Италија на 56 натпревари, постигнувајќи 27 гола и е заеднички четврти најдобар стрелец за својата репрезентација, заедно со Алесандро Дел Пјеро. Тој учествувал во италијанскиот тим кој завршил на третото место на Светскиот куп на ФИФА 1990 година, постигнувајќи два голови. На Светското првенство во 1994 година, тој ја предводел Италија до финалето, постигнувајќи пет гола, ја добил Сребрената топка на Светското првенство и бил именуван во Ол-стар тимот на Светскиот куп. Иако бил главна ѕвезда за Италија на турнирот, тој го промашил одлучувачкиот пенал во пенал-серијата во финалето против Бразил. На Светското првенство 1998 година, тој постигнал два гола пред Италија да биде елиминирана од Франција во четврт-финалето. Баџо е единствениот Италијанец кој постигнал гол на три Светски првенства и со девет гола го држи рекордот за најмногу постигнати голови на светските турнири за Италија, заедно со Паоло Роси и Кристијан Виери. (Дознајте повеќе...)
Музичкиот центар и мостот во Гаосјунг, Тајван, украсени во боите на украинското знаме по повод Празникот на фенерите во 2022 г., а во знак на поддршка за украинската страна во Руско-украинската војна.
... дека пред да стапи во римската војска, царот Максимин во младоста бил тракиски овчар и разбојник?
... дека во 1000 г. Охридската патријаршија излегувала на 4 мориња (Егејско, Јонско, Јадранско и Црно)?
...дека скопската Саат-кула е првата саат-кула во Османлиското Царство, а нејзиниот часовник е донесен во XVI век од новоосвоениот град Сигет во Унгарија?
... дека според месното предание, Ѓаволскиот Ѕид настанал кога Ѓаволот неуспешно се обложил со Господ дека може да ја прегради Брегалница и за една ноќ да го потопи цело Овче Поле?
Во Битката кај Павија, во Италија, шпанската армија за првпат во историјата на војните ги употребила пушките „мускети“, и притоа ја победи француско-швајцарската војска. Во таа битка загинаа 14.000 војници.
Во Физиолошкото друштво во Берлин, бактериологот Роберт Кох изјавил дека причината за туберкулозата е патогениот микроорганизам за долгнавест облик, кој според него, е наречен Кохова бактерија.
Слободан Милошевиќ го посетил САП Косово, каде што се состанал со месните Срби. Во текот на неговите разговори со Србите и со месните комунистички функционери, илјадници Срби се собрале пред зградата и почнале да ја каменуваат, барајќи средба со Милошевиќ. Дошло до конфликт на масите со милицијата и Милошевиќ застанал на страната на народот, изговарајќи го познатото „Никој не смее да ве тепа.“