Прејди на содржината

Парламент

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вестминстерската палата - седиште на британскиот парламент.
  Држави со дводомен парламент
  Држави со парламент од еден дом
  Држави без парламент

Парламент е политичко тело кое има законодавна и уставотворна власт во современиот политички систем.

Зборот „парламент“ води потекло од латинскиот израз parlare, што значи да се зборува. Според својот назив парламентот претставува место каде што се одвива дискусија, се расправа, се зборува. Парламентот како институција настанува во феудализмот како резултат на барањето на феудалците да го ограничат правото на монархот своеволно да им наметнува даноци. Почнувајќи како тело во кое било претставено благородништвото, со текот на времето парламентот ја добива функцијата која ја има денеска во земјите во светот, функцијата на претставничко тело на граѓаните. Најстариот парламент е Исландскиот Алтинг основан во 930 година.

Кај словенските народи, почетоците на парламентарниот живот имаат корени во минатото, кога на народните собири претставниците од народот (обично „поугледни“ луѓе или управители на области), на повик од владетелот, расправале за најважните државни прашања.

Парламентот историски се развил во Англија, а првобитната намена му била во доменот на одредување на висината на данокот, за подоцна опсегот на одлучувања да се прошири и на судот и, најпосле, на законодавството.

Парламентот може да биде составен од еден Дом (што се нарекува монокамерализам), дводомен (или бикамерализам) или од повеќе домови[1] (ретко), а во денешниот политички живот, во унитарните држави, долниот дом обично е појак, додека во федералните земји тие се еднакви (гориот дом обично е дом на федералните единици).

Палата на Собранието на Република Македонија
Пратенички апарат за говорење и гласање во македонскиот парламент

Имиња на парламентите во светот

[уреди | уреди извор]

Во повеќето држави парламентот едноставно се нарекува парламент, но има земји во кои тој има друго име, како на пример:

  1. Последен пример за повеќедомен парламент е оној составен од три дома предвиден со јужноафриканскиот устав од 1983 година, кој опстојувал од 1984 до 1994 кога со усвојувањето на новиот устав се ставил крај на апартхејдот.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]