1952
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1952 MCMLII |
Ab urbe condita | 2705 |
Ерменски календар | 1401 ԹՎ ՌՆԱ |
Асирски календар | 6702 |
Бахајски календар | 108–109 |
Балиски календар | 1873–1874 |
Бенгалски календар | 1359 |
Берберски календар | 2902 |
Будистички календар | 2496 |
Бурмански календар | 1314 |
Византиски календар | 7460–7461 |
Кинески календар | 辛卯年 (мет. зајак) 4648 или 4588 — до — 壬辰年 (вод. змеј) 4649 или 4589 |
Коптски календар | 1668–1669 |
Етиопски календар | 1944–1945 |
Еврејски календар | 5712–5713 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2008–2009 |
- Сачка ера | 1873–1874 |
- Кали-југа | 5052–5053 |
Холоценски календар | 11952 |
Игбоански календар | 952–953 |
Ирански календар | 1330–1331 |
Исламски календар | 1371–1372 |
Јапонски календар | Шова 27 (昭和27年) |
Јавански календар | 1883–1884 |
Џуче-календар | 41 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4285 |
Мингуо-календар | Тајван 41 民國41年 |
Нанакшахи | 484 |
Тајландски сончев календар | 2495 |
Тибетски календар | 阴金兔年 (женско железо-зајак) 2078 или 1697 или 925 — до — 阳水龙年 (машка вода-змеј) 2079 или 1698 или 926 |
1952 (MCMLII) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1952 година од новата ера, 952. од вториот милениум, 52. од XX век и трета од 1950-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7460 и 7461 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6702 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5712 и 5713 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2705.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1952 година се протега во 4588 и 4589, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4648 и 4649 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2495. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1371 и 1372 исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]- 6 февруари – Елизабета II станува кралица на Британија.
- 14-25 февруари – Се одржуваат Зимските олимписки игри во Осло.
- 26 февруари – Британскиот премиер Винстон Черчил објавува дека Британија поседува атомска бомба.
- 10 март – Генералот Фулгенсио Батиста повторно ја презема власта во Куба.
- 27 март – Врз германскиот канцелар Конрад Аденауер е извршен неуспешен атентат.
- 1-3 април - Во полското село Кросциенско се одржа основачкиот конгрес на „Илинден“, организација на бегалците Македонци од Грчката граѓанска војна. За претседател е избран Пандо Вајна. На конгресот се расформирани НОФ, НОМС и АФЖ. „Илинден“ е расформирана на 4 јуни 1956 година.
- 9 април – Започнува Боливиската национална револуција.
- 19 јули-3 август – Се одржуваат Летните олимписки игри во Хелсинки.
- 25 јули – Порторико станува самоуправен комонвелт на САД.
- 26 јули – Во Египет е извршен воен удар со кој е соборен кралот Фарук.
- 1 ноември – САД успешно ја тестира првата водородна бомба.
Родени
[уреди | уреди извор]- 6 април - Светлана Антоновска, македонски општественик, научник, политичар и статистичар, основополжник на современата статистика во Р Македонија
- 17 април – Жељко Ражнатовиќ, српски воен командант
- 14 мај – Роберт Земекис, американски режисер
- 25 мај – Петар Стојанов, бугарски претседател
- 7 јуни – Орхан Памук, турски писател, Нобеловец
- 16 јуни – Јоргос Папандреу, грчки политичар
- 28 јуни – Пјетро Менеја, италијански атлетичар
- 1 август – Зоран Ѓинѓиќ, српски премиер
- 16 август – Неда Украден, српска пејачка
- 18 август – Патрик Свејзи, американски глумец
- 16 септември – Фатос Нано, албански премиер
- 7 октомври – Владимир Путин, руски претседател
- (20 август) (Мирослав Кузман) писател
Починале
[уреди | уреди извор]- 2 јануари - Христо Татарчев, македонски револуционер
- 6 февруари – Џорџ VI, британски крал
- 17 февруари - Ангел Динев, македонски публицист
- 19 ноември – Кнут Хамсун, норвешки писател, Нобеловец
- 9 март – Александра Колонтај, руска револуционерка
- 1 јуни – Џон Дјуи, американски филозоф
- 26 јули – Ева Перон, жена на аргентинскиот претседател Хуан Перон
- 9 ноември – Хаим Вајцман, израелски претседател
- 20 ноември – Бенедето Кроче, италијански филозоф