Прејди на содржината

2 мај

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< мај >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04
05 06 07 08 09 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31
2024

2 мај — 122-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (123-и во престапна година). Остануваат 243 денови до крајот на годината.

Настани:

1903  Во селото Смилево, Демирхисарско, почнал Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМРО. За претседател на Конгресот бил избран Даме Груев. Мнозинството на Конгресот се изјаснило за кревање востание.
1945  СССР го објавил освојувањето на Берлин во Втората светска војна. Војниците на Црвената армија го развиориле црвеното знаме над Рајхстагот.
1949  Во Струмица е формиран Народниот театар „Антон Панов“. Во театарот била изведена првата претстава, „Бегалка“ од македонскиот писател Васил Иљоски.
1952  Првиот патнички авион на млазен погон „Де Хавиленд Комет-1“ го направил првиот лет на линијата Лондон-Јоханесбург.
1982  Една британска подморница го потопила аргентинскиот брод „General Belgrano“, при што загинале над 350 луѓе.
1994  Африканскиот национален конгрес на Нелсон Мандела победил на првите слободни парламентарни избори во Јужна Африка.
1999  Во текот на бомбардирањето на СР Југославија, авијацијата на НАТО употребила „графитни бомби“, предизвикувајќи распад на електроенергетскиот систем на земјата.
2007  Еден од учесниците на релито „Гамбол 3000“, Николас Морли, возејќи со недозволена брзина во близина на Струга, удрил во друго возило при што загинале двете лица во другото возило, брачниот пар Чепујновски од Струга. Релито било прекинато, а Морли осуден.
2008  Циклонот „Наргис“ го зафатил Мјанмар и предизвикал катастрофално уништување и поплави, при што загинале над 100.000 луѓе.
2012  Јанош Адер е избран за претседател на Унгарија.

Родени:

1551  Вилијам Кемден — англиски историчар.
1660  Алесандро Скарлати — италијански композитор († 1725.).
1729  Катерина II — руска царица († 1796.).
1810  Лав XIIIримски папа.
1860  Теодор Херцл — еврејски писател, основач и теоретичар на модерниот ционизам.
1863  Тома Давидов — учесник во македонското револуционерно движење.
1892  Манфред фон Рихтхофен — истакнат германски пилот, наречен „Црвениот барон“ († 1918).
1896  Елена — кралица на Романија.
1924  Мери Бошкова — македонска театарска, телевизиска и филмска глумица.
1937  Миро Унгар — хрватски пејач на забавна музика.
1943  Мустафа Надаревиќ — босански и југословенски глумец. († 2020)
1945  Боб Роквел — американски џез-музичар.
1948  Панде Манојлов — македонски писател.
1948  Јосип Каталински — босански и југословенски фудбалер.
1951  Смиле Наумовски — македонски писател.
1955  Донатела Версаче — италијански моден творец.
1960  Ѓорге ИвановПретседател на Република Македонија.
1963  Горан Рафајловски — македонски политичар.
1975  Дејвид Бекам — англиски фудбалер.
1975  Шарлота Велшка — принцеза, ќерка на британскиот престолонаследник Вилијам.
1982  Емилија Златкова Анастасова — македонска писателка.
1986  Амандин Лејно — француска ракометарка.
1987  Филип Филиповиќ — српски ватерполист.
1990  Пол Џорџ — американски кошаркар.

Починале:

373  Атанасиј АлександрискиПатријарх на Александрија.
902  Борис I — бугарски цар.
1519  Леонардо да Винчи — италијански уметник и пронаоѓач (р. 1452.).
1567  Марин Држиќ — хрватски писател.
1957  Џозеф Мекарти — американски сенатор (р. 1908.).
1980  Кирил Петрушев — министер за внатрешни работи на Македонија.
2002  Изет Сарајлиќ — босански и југословенски поет.
2013  Џеф Ханеман — американски хеви-метал гитарист.
2015  Маја Плисецкаја — руска и советска балерина.
2022  Ѓуро Седер — хрватски сликар.

Празници:

Ден на Знамето на Полска