Прејди на содржината

27 април

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< април >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30
2024

27 април — 117-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (118-и во престапна година). Остануваат 248 денови до крајот на годината.

Настани:

1521  На својот пат околу светот, кај Мактан на Филипините, убиен е Фернандо Магелан во борба со домородците предводени од главатарот Лапу-Лапу. Дел од експедицијата го продолжува и успешно го завршува патувањето во 1522. година.
1810  Бетовен ја искомпонирал „За Елиза“.
1905  Кај месноста Свиланово, во близина на селото Рајчани, кочанско, во борба против османлиската војска загина Никола Карев — македонски револуционер, социјалист, организатор и претседател на Крушевската Република од 1903 година.
1960  Прогласена е независноста на африканската држава Того, поранешна француска колонија.
1961  Прогласена е независноста на Сиера Леоне, поранешна британска колонија во Африка.
1992  По распадот на СФРЈ, Србија и Црна Гора ја формирале Сојузна Република Југославија.
1993  Еритреја стекна независност од Етиопија по три децении граѓанска војна и референдум на кој Еритрејците гласаа за независност.
1993  Претставници на Кина и Тајван, за првпат од 1949 година, се сретнаа во Сингапур.

Родени:

1791  Семјуел Морзе — американски физичар и сликар.
1967  Вилем-Александаркрал на Холандија.
1922  Тале Огненовски — македонски музичар и композитор.
1952  Горан Стефановски — македонски писател.
1982  Франсоа Паризјен — канадски велосипедист.
1986  Динара Сафина — руска тенисерка.
1986  Елена Ристеска — македонска поп-пејачка.
1987  Џонатан Кастровјехо — шпански велосипедист.
1992  Емин Махмудов — руски фудбалер.
1995  Ник Кирјос — австралиски тенисер.
1998  Кристијан Ромеро — аргентински фудбалер.
2002  Ентони Еланга — шведски фудбалер.

Починале:

1521  Фернандо Магелан — португалски морепловец.
1882  Ралф Валдо Емерсон — американски есеист и поет.
1905  Никола Карев — македонски социјалист и револуционер.
1938  Едмунд Хусерл — германски филозоф.
1983  Димо Тодоровски — македонски вајар.
1983  Кирил Миљовски — македонски револуционер, академик, политичар и прв ректор на Универзитетот во Скопје.
1998  Карлос Кастанеда — американски писател.
2007  Мстислав Ростропович — советски и руски виолончелист.
2014  Вујадин Бошков — српски и југословенски фудбалски тренер.