Прејди на содржината

26 април

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< април >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30
2024

26 април — 116-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (117-и во престапна година). Остануваат 249 денови до крајот на годината.

Настани:

1962  Во Кејп Канаверал, во САД е лансиран првиот меѓународен сателит за телекомуникациски цели, заеднички американско-британски потфат.
1964  Со обединувањето на Тангањика и Занзибар е прогласена Обединетата Република Танзанија.
1986  Катастрофа во атомската централа Чернобил, СССР. 57 луѓе загинале во несреќата, уште околу 9.000 илјади од директни последици на зрачењето, а 336.000 лица биле евакуирани и раселени од околината на Чернобил.
1992  Владата на Република Македонија донесе одлука за признавање на Република Босна и Херцеговина.
1992  Република Македонија монетарно се осамостои. Новата македонска валута доби име „денар“.
1993  Република Албанија ја призна независноста на Република Македонија.

Родени:

121  Марко Аврелиј — римски цар и филозоф.
1564  Вилијам Шекспир — англиски поет и драмски писател.
1711  Дејвид Хјум — шкотски филозоф и историчар.
1894  Рудолф Хес — заменик-фирер во нацистичка Германија.
1899  Лудвиг Витгенштајн — австриско-британски филозоф.
1900  Чарлс Рихтер — пионер на сеизмологијата и творец на скалата според која се мери јачината на земјотресот.
1905  Жан Виго — француски режисер.
1910  Меша Селимовиќ — босански и југословенски писател.
1916  Марио де Са-Карнеиро — португалски писател.
1940  Џорџо Мородер — италијански композитор и музички продуцент, познат како „татко на диското“.
1945  Васил Икономов — македонски поет и преведувач.
1949  Карлос Бјанки — аргентински фудбалер и тренер.
1953  Владо Калембер — хрватски поп-пејач, член на групата Сребрна крила.
1959  Гордан Здравков — македонски и југословенски фудбалер и тренер.
1960  Роџер Тејлор — англиски поп-музичар, член на групата Дјуран Дјуран.
1962  Наско Сираков — бугарски фудбалер.
1977  Том Велинг — американски глумец.
1985  Џон Иснер — американски тенисер.
1986  Филип — принц на Грција.
1986  Мартин Богатинов — македонски фудбалер.
1986  Владимир Исајчев — руски велосипедист.
1997  Мориц Вагнер — германски кошаркар.

Починале:

757  Стефан IIримски папа.
1731  Даниел Дефо — англиски писател, новинар и памфлетист.
1916  Марио де Са-Карнеиро — португалски писател.
1984  Каунт Бејзи — американски џез-музичар.
1990  Декстер Гордон — американски џез-музичар.