Шоџо
Шоџо (јапонски: 少女 = „девојка“) — аниме и манга, наменети за посебна целна публика — девојки на возраст од 12 до 18 години.[1] Во центарот на заплетот, по правило, има девојче или девојка и прашањето за нејзиниот развој како личност, често се присутни љубовни врски со различен степен на блискост, многу внимание се посветува на развојот на образот на ликот, машките ликови се многу убави, благородни, смели и несебични („бишонен“).[2] Карактеристична црта на визуелниот опсег на шоџото е често големата условност на цртежот — или гротескно-хумористична или истанчано-романтична.
Обожавателите на аниме и манга понекогаш го определуваат „шоџото“ како секое дело што има конкретни особини на шоџо-дело, како романтично аниме или оние што прикажуваат женски ликови во центарот на заплетот (како во сеинен-серијата Azumanga Daioh).[3] Истражувачот Мет Торн ја расправа оваа тема во својата статија „Што се и не се шоџо-манги“ (англ. What Shōjo Manga Are and Are Not), каде што појаснува дека вистинските шоџо-манги се оние објавени во списанијата за шоџо, како што ги определуваат самите издавачи.[4]
Етимологија
[уреди | уреди извор]Јапонскиот израз „шоџо“ се преведува како „дева“, „девица“ или „девојка“. Позајмен е од кинескиот јазик во VII век, потекнува од изразот шао ну (кин. 少女), кој го има истото значење.[5] На кинески, тоа се однесува на жени на возраст од 17 до 29 години, додека на јапонски, првенствено означува девојчиња помеѓу 7 и 18 години.[6] Службено, „шоџото“ сега ги опфаќа сите млади жени под 20 години.[7] Во секојдневниот јазик, тој се однесува на различни гледишта од животот на девојчињата на училишна возраст, вклучително и шоџо-манга, шоџо-култура, шоџо-романи, шоџо-мода итн.[8][9]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Иванов Б. А. Введение в японскую анимацию. — 2-е изд. — М.: Фонд развития кинематографии; РОФ «Эйзенштейновский центр исследований кинокультуры», 2001. — С. 184. — 396 с. — ISBN 5-901631-01-3. (руски)
- ↑ Краткий анимешно-русский разговорник // anime*magazine. — М.: Сакура-пресс, 2004. — № 3. — С. 36. (руски)
- ↑ Goetz., Melanie. „Azumanga Daioh“ (англиски). MIT anime club. Архивирано од изворникот на 2011-08-22. Посетено на 2009-03-27. Занемарен непознатиот параметар
|description=
(help); Занемарен непознатиот параметар|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help) - ↑ „What Shôjo Manga Are and Are Not: A Quick Guide for the Confused“. web.archive.org. 2012-02-08. Архивирано од изворникот на 2012-02-08. Посетено на 2024-11-01.
- ↑ Yuen Ren Chao and Lien Sheng Yong. 1962. Concise Dictionary of Spoken Chinese. Cambridge, MA: Harvard University Press.
- ↑ 清水民子『女の子はどう育つか : 少女期その世界と発達』新日本出版社、1989年4月、ISBN 4-406-01723-2
- ↑ Public Prosecutors Office, Japan Архивирано на 13 јули 2021 г..
- ↑ Shogakukan Dictionary Editorial Staff (2003), Tsukaikata no wakaru ruigo reikai jiten (使い方の分かる類語例解辞典 , Словарь синонимов японского языка), New Edition. Tokyo: Shogakukan. ISBN 978-4-09-505522-0.
- ↑ 山崎まどか『オードリーとフランソワーズ-乙女カルチャー入門』(晶文社、ISBN 4-7949-6518-4、2002年
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|