Прејди на содржината

Химна на Азербејџан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Azərbaycan Respublikasının Dövlət Himni
макед. 'Химна на Азербејџан'
Sheet music (clickable)

Национална химна на  Азербејџан
ТекстАхмед Џавад
МузикаУзеир Хаџибејли
Усвоена1920
Повторно усвоена1992
Укината1922
Звучен извадок
"Azərbaycan Marşı"

Химна на Азербејџан, или официјална позната како Азерски Марш (азерски:Азәрбајҹан Маршы) — државна химна на Азербејџан. Музиката ја компонирал Узеир Хаџибејли, а текстот е на поетот Ахмед Џавад. Владата официјално ја усвоила химната во 1920 година со усвојување на указот, „За државната химна на Република Азербејџан.“[1] Во 1992 година, по падот на Советскиот Сојуз, азербејџанската влада официјално ја вратила химната како официјална на земјата[2].

Владата на Азербејџан, исто така, официјално ја прогласила државната химна за „свет симбол на азербејџанската држава, нејзината независност и единство“.

Од 2006 година, фрагмент од стиховите од државната химна бил прикажан на азербејџанската банкнота од 5 манати[3].

  1. „The National Symbols of the Republic of Azerbaijan“. Heydar Aliyev Foundation. Посетено на 23 January 2015.
  2. „Azərbaycan Respublikasının Dövlət himni haqqında“ (PDF). mfa.gov.az. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-02-14. Посетено на 3 December 2018.
  3. „National currency: 5 manat“. Central Bank of Azerbaijan. Посетено на 23 January 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]