Прејди на содржината

Химна на Белорусија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дзяржаўны гімн Рэспублікі Беларусь
макед. Химна на Белорусија
Dziaržawny himn Respubliki Bjelarusj

Државна химна на  Белорусија
Друг насловМы, беларусы
мак. Ние Белорусите
ТекстМихас Климкович и Уладзимир Каризни, 2002
МузикаНесцер Сакаловски, 1944
Усвоена24 септември 1955 (музика)
2 јули 2002 (текст)
Звучен извадок
"My Bjelarusy" (инструментална)
Претходна"Химна на Белоруска ССР"

„Ние Белорусите“ (белоруски и руски: Мы, беларусы) — неофицијалниот наслов на државната химна на Белорусија. Официјално е насловена како „Државна химна на Република Белорусија“ (белоруски: Дзяржаўны гімн Рэспублікі Беларусь). Првично била напишана во 1940-тите и била усвоена во 1955 година за употреба во Белоруска ССР[1]. Музиката на регионалната химна на Белоруска ССР ја компонирал Несцер Сакаловски, а текстот го напишал Михас Климкович. По распадот на Советскиот Сојуз, музиката ја компонирал Несцер Сакаловски а стиховите биле отфрлени. Новите стихови, напишани од Михас Климкович и Уладзимир Каризни биле усвоени со претседателски указ издаден на 2 јули 2002 година.

  1. „Belarus – My Belarusy“. NationalAnthems.me. Посетено на 2017-08-26.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема: