Рубин
Ruby | |
---|---|
[[File:|260px|alt=]] | |
Општо | |
Категорија | Оксиден минерал сорта |
Формула | алуминиум оксид со хром, Al2O3:Cr |
Просторна група | RПредлошка:Преку линијав |
Распознавање | |
Боја | Портокалово црвено преку силно виолетово црвено |
Хабитус | Завршени табеларни шестаголни призми |
Кристален систем | Тригонална |
Цепливост | No true cleavage |
Прелом | Конхоидни, цепнатинки |
Жилавост | Кршливи |
Цврстина на Мосовата скала | 9.0 |
Сјај | Субадамантин, стаклестото тело, бисерно |
Огреб | Бело |
Проѕирност | Транспарентен, проѕирен |
Специфична тежина | 3.97–4.05 |
Оптички својства | Едноаксијално / - |
Показател на прекршување | nω=1.768–1.772 nε=1.760–1.763 |
Двојно прекршување | 0.008 to 0.010 |
Плеохроизам | Силно: виолетово-црвено - портокалово-црвено |
Распрснување | 0.018 |
Улравиолетова флуоресценција | Црвено под долги бранови |
Чести примеси | Cr. (sometimes :Ti, Fe) |
Рубин е розов до розово-црвен скапоцен камен, варијанта од минералот корунд алуминиев оксид, чија боја првенствено се должи на примесите на хром[1].
Потекло на името
[уреди | уреди извор]Неговото име доаѓа од „рубер“ или „рубрум“ - латински збор за „црвено“.
Својства
[уреди | уреди извор]Боите на рубинот се движат од длабоко розова до длабока црвена со мала нијанса на виолетова. Најголема вредност имаат рубините со боја наречена „гулабова крв“ - црвена со блага виолетова нијанса. После дијамантот, рубинот е најтврдиот скапоцен камен.
Првите записи за овие прекрасни камења се од IV век п.н.е. и се наоѓаат во Индија и Бурма .
Во [Римската Империја | Римска Империја], рубинот бил многу почитуван и ценет повеќе од [дијамантите].
Колекциите на рубин Ришелје и Марија Медичи биле познати низ Европа.
Најпознати рубини се „Северната ѕвезда“, изложен во Природонаучниот музеј во Њујорк (град) и рубинот на Едвард, сместена во Британскиот природонаучен музеј во Лондон[2].
Според древните верувања, рубинот бил камен на животот. Се сметало дека штител од чума и ѓавол от.
Астролозите го препорачуваат како талисман за оние родени во знакот Овен[3].
-
Природен рубин кристал
-
Природен рубин со подмножества
-
Исечен розов рубин
-
Виолетови рубини
Македонски рубин
[уреди | уреди извор]Посебен драгоцен камен, македонскиот рубин е познат во светот. Кога во Прилепско бил отворен за експлоатација рудникот за мермер, Сивец, работниците се соочиле со една за нив непријатна појава – материјал со неверојатна тврдина им ги уништувал пилите и дупчалките.Се утврдило дека станува збор за компактни розови парчиња создадени во внатрешноста на мермерните блокови. Појавата не наишла на воодушевување, туку истата била дефинирана како маана во внатрешноста на мермерниот материјал. Минералот Корунд потекнува од метаморфните доломити, создадени во периодот прекамбриум, односно од почетокот на создавањето на планетава па сè до пред 600 милиони години. Во 2000 година, прва научна институција што го докажала постоењето на корундот била една лабораторија во Велика Британија. Неколку години подоцна, во 2006 – та, истиот резултат го документираше и лабораторијата на Природонаучниот музеј од Лондон, анализирајќи примерок однесен од неколкумина ентузијасти од Република Македонија. Рубинот има тврдина 9 според таканаречената „Мосова“ скала и се наоѓа веднаш зад дијамантот, кој е на 10 – тата позиција. Карактеристична особина на сите природни рубини е тоа што често пати имаат разни примеси и инклузии. Познавачите велат дека таквата одлика не би требало да се посочува како недостаток, туку како елемент што ја докажува автентичноста на скапоцениот камен.
Убавината е во несовршеноста, велат уметниците, дури и кај дијамантите, ако се биде внимателен, може да се забележи имперфекција, но тоа сепак ја покажува душата на природниот скапоцен камен.
Кога е веќе докажано дека го имаме, станува јасно дека Македонскиот Рубин би требало да се гледа како национално богатство на Република Македонија.
Лесно би можел да стане елитен македонски производ кој речиси и да нема конкуренција кога е во прашање македонското јувелирство. Изработувачите на накит објаснуваат дека големата тврдина е една од поважните физички одлики што овозможува рубинот да се користи како материјал за изработка на накит. Можеби некои сè уште имаат предрасуди околу неговиот квалитет и автентичноста, но Македонскиот Рубин веќе се наоѓа во колекцијата со накит на холивудските глумици Дерил Хана и Кетрин Денев, вграден е во крстот на Папата Бенедикт XVI и на Папата Франциск. Го има и Емирот од Катар, но и уште многу престижни имиња од културниот и општествениот живот [4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ruby is
- ↑ Caesar's Ruby
- ↑ Red Ruby Pictures
- ↑ [ http://enauka.mk/makedonski-rubin-vtor-del/ МАКЕДОНСКИОТ РУБИН]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- International Colored Stone Association's ruby overview page
- Webmineral crystallographic and mineral info
Литература
[уреди | уреди извор]- Андерсон Б. Определение драгоценных камней. М.: Мир, 1983
- Дронова Н. Д. Что надо знать эксперту по драгоценным камням. М.: Известия, 2006
- Киевленко Е. Я., Сенкевич Н. Н., Гаврилов А. П. Геология месторождений драгоценных камней. М.: Недра, 1974
- Пыляев М. И. Драгоценные камни. М.: Стрелец, 1990.
- Рид П. Геммология. М.: Мир, 2003.
- Синкенс Дж. Руководство по обработке драгоценных и поделочных камней. М.: Мир, 1989.
- Ферсман А. Рассказы о самоцветах. М.: Наука, 1974.
- Рубин и сапфир. М.: Наука, 1974.
- Минералы. Справочник, т. 2, М., 1965.