Прејди на содржината

Рикша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рикша во Јапонија (1860 — 1900 г.)

Рикша (јапонски: 人力車, хиероглифите означуваат човек, сила и возило) — вид превоз, распространет главно во Азија, кој се состои од двоколка влечена од лице. Се верува дека рикшите првпат се појавиле во Јапонија во 1860-тите, а потоа се прошириле и во другите азиски земји. Во 1872 г., веќе имало околу 40.000 рикши во Токио, и тие биле главниот јавен превоз во тоа време. Во 1896 г., бројот на рикши се зголемил на 210.000. Со појавата на автомобилот, нивниот број значително се намалил на околу 13.000. Денес, во Јапонија, тие се главно туристичка занимливост.[1][2]

  1. Boye De Mente (2010). Demetra De Ment (уред.). The Bizarre and the Wondrous from the Land of the Rising Sun!. Cultural-Insight Books. стр. 94. ISBN 978-1456424756.
  2. „рикша“Дигитален речник на македонскиот јазик

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]