Прејди на содржината

Реал Бетис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Реал Бетис
Целосно имеРеал Бетис Баломпие
ДржаваШпанија Шпанија
ПрекарBéticos (Бетикос)
Betis Guadalquivir (Бетис Гвадалкивир)
Los Verdiblancos (зеленобели)
El Glorioso (славните)
Verderones (Вердеронес)
Heliopolitanos (Хелиополити)
Основан12 септември 1907; пред 117 години (1907-09-12)
СтадионБенито Виљамарин
Капацитет60,720
ПретседателШпанија Анхел Аро
МенаџерЧиле Мануел Пелегрини
ЛигаПримера Дивисион
2023–24Примера Дивисион, 7-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Реал Бетис Баломпие почесто нарекуван како Реал Бетис или само како Бетис, е шпански фудбалски клуб со седиште во Севиља, во автономната област Андалусија. Основан на 12 септември 1907 година, игра во Ла Лига, и ја освоил Сегунда Девизија во 2014–15 сезона. Своите натпревари ги игра на стадионот Бенито Виљамарин на југот од градот.

Реал Бетис ја освоил титулата во 1935 година и Кралскиот Куп во 1977 година и 2005 година.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Името "Бетис (Betis)" е добиено од Baetis, Римско име за реката Гвадалкивир (Guadalquivir) која поминува низ Севиља и по која е наречена Римската провинција. Реал било додадено во 1914 година откога клубот добил покровителство од Кралот Алфонсо XIII.

Основање

[уреди | уреди извор]
Реал Бетис, 25 декември 1913
Бетис 1934-35 Ла Лига титулата е прославена со оваа скулптура во Севиља

Соперниците на Бетис од градот, Севиља биле прв клуб од Севиља, кој бил основан во октомври 1905 година, додека вториот клуб, Sevilla Balompié бил основан во септември 1907 година. "Balompié" буквално се преведува како "фудбал", спротивно на најчесто прифатената англиканска верзија, "fútbol". Balompié бил основан од студенти од локалната Политехничка Академија, и бил во оптек две години пред официјално да биде признаен (во 1909 година); и покрај тоа, 1907 година останува датумот на официјалното основање на клубот.

По внатрешното одделување од Севиља, бил формиран друг клуб, Фудбалски Клуб Бетис. Во 1914 година, тој се припоил кон Sevilla Balompié. Клубот го стекнал неговото кралско покровителство истата година, и затоа го прифатил името Реал Бетис Баломпие. Обожавателите продолжиле да го нарекуваат клубот како Balompié и самите биле познати како Los Balompedistas сè до 1930-тите, кога Betis и придавката Béticos станале честа терминологија при дискусија за клубот и неговите следбеници.

Реал Бетис (Real Betis) носи дрес со зелена и бела боја како чест кон нивниот најпознат менаџер Педи О,Конел (Paddy O'Connell), кој бил од Ирска. Тој го предводел Бетис кон титула во 1934 година со еден единствен бод предност пред Реал Мадрид.

1930-тите: промоција, титула и испаѓање

[уреди | уреди извор]

За време на Втората Шпанска Република (1931–1939), покровителствата на сите организации биле поништени, и затоа клубот бил познат како Betis Balompié сè до крајот на Шпанската граѓанска војна кога тој можел да се врати кон старото име. Клубот стигнал до финалето на Кралскиот Куп (Copa del Presidente de la República) за првпат на 21 јуни 1931 година, кога загубил со 3–1 од Атлетик Билбао (Athletic Bilbao) во Мадрид.[2] Бетис ја прославил својата 25-та годишнина со освојување на својата прва титула во Втора лига во 1932, со два бода предност пред Овиедо,[3] со што станале прв клуб од Андалусија кој играл во Ла Лига.

Под водство на Ирскиот тренер Патрик О,Конел (Patrick O'Connell) на 28 април 1935 година Бетис ја освоил La Liga, до денес нивна прва титула во највисоката лига. Тие завршиле како први на табелата со само еден единствен бод пред ФК Мадрид. Следната година Бетис паднал на седмо место. Ова се случило заради разградувањето на шампионскиот тим заради лошата економска состојба на клубот и пристигнувањето на Граѓанската војна, што значело дека само 15 месеци по освојувањето на титулата во лигата само двајца играчи од таа екипа која победила во 1935 година останале во клубот: Перал (Peral) и Саро (Saro). За време на Граѓанската војна во периодот меѓу 1936 и 1939 година, не била одржувана официјална лига, сè до нејзиното продолжување во сезоната 1939–40 година и прва година на опаѓањето на Бетис така што точно пет години по освојувањето на титулата клубот испаднал.

Најмрачниот период

[уреди | уреди извор]

И покрај краткото враќање во првата лига кое траело само една сезона, клубот продолжил да опаѓа и во 1947 година најлошите стравови биле остварени кога клубот испаднал во Третата лига. Голем број обожаватели го следеле во периодот од десет години во кој тие поминале во категоријата како клуч за "идентитетот" и "душата" на клубот. Во овој период, Бетис стекнал репутација дека го полни својот стадион и има огромна поддршка на натпреварите на гости, познато како "Зелениот Марш".

Кога клубот се вратил во Втората лига во 1954 година, тој ја стекнал одликата како единствен клуб во Шпанија кој ги освоил сите три највисоки лиги. Најголема заслуга за водењето на Бетис низ овој темен период и назад во Втора Лига лежи во претседателот Мануел Руиз Родригес (Manuel Ruiz Rodríguez).

Бенито Виљамарин (Benito Villamarín)

[уреди | уреди извор]

Во 1955 година, Мануел Руиз Родригес (Manuel Ruiz Rodríguez) се повлекол од водењето на клубот верувајќи дека не може да понуди натамошен економски раст. Тој бил заменет од најпознатиот поранешен претседател на Бетис, Бенито Виљамарин (Benito Villamarín). За време на неговото раководење Бетис се вратил во Првата лига во 1958–59 година и завршил на трето место во 1964 година. Нарачката на Стадионот Хелиополис (Estadio Heliópolis) во 1961 година се смета за клучна точка во историјата на клубот – терените биле нарекувани Стадион Бенито Виљамарин (Estadio Benito Villamarín) сè до 1997 година. Во 1965 година, Виљамарин (Villamarín) се повлекол од својата позиција по десет години на чело на клубот.

Само една година по заминувањето на Виљамарин (Villamarín) од клубот, клубот повторно испаднал во Втората лига, потоа влегувал и испаѓал речиси секоја следна сезона сè до консолидирањето на своето место во највисоката дивизија во 1974–75 година.

Првата титула во Кралскиот Куп (Copa del Rey) и квалификување во Европските купови

[уреди | уреди извор]
Real Betis 1974/75

На 25 јуни 1977 година, Бетис играл против Атлетик Билбао (Athletic Bilbao) на стадионот Висенте Калдерон во финалето на Кралскиот Куп (Copa del Rey). Натпреварот завршил 2–2, со победа на Бетис од 8–7 по дури 21 изведен пенал. Тоа ја затворило одличната сезона во која клубот завршил на петто место во лигата.

По тој триумф, Бетис се натпреварувал во Европскиот Куп на Победници на Купови: по елиминацијата на Милан со вкупен резултат од 3–2 во првото коло, клубот стигнал во четвртина финале, каде што загубил од Динамо Москва. И покрај добрите игри во Европа, клубот испаднал од првата лига.

Следната година, Бетис се вратил во елитното друштво и навестил период на "добри времиња" за клубот, со следните три сезони во кои завршил меѓу првите шест клуба, како и квалификации за УЕФА Куп во 1982 година и 1984 година.

За време на летото 1982 година, на стадионот Бенито Виљамарин (Benito Villamarín) се играле два натпревари од ФИФА Светскиот Куп 1982, и исто така бил сведок на победата на Шпанската репрезентација од 12–1 против Малта во рамките на квалификациите за УЕФА Еуро 1984.

Економска криза и Мануел Руиз де Лопера (Manuel Ruiz de Lopera)

[уреди | уреди извор]

Во 1992 година, Бетис станал цел на новите правила и регулативи на лигата заради неговото реструктуирање како автономна спортска група (SAD), што бара од клубот да поседува 1,200 милиони пезети, речиси двојно од сите клубови од првата и втората лига, и покрај тоа што цело време се натпреварувал во втората лига.

За само три месеци, обожавателите собрале 400 милиони пезети со тогашниот вице-претседател Мануел Руиз де Лопера со цел овозможување на економска гаранција додека тој самиот станал мнозински акционер така што клубот за малку избегнал префрлање во понизок ранг.

Успехот на Сера Ферер (Serra Ferrer)

[уреди | уреди извор]

По уште три сезони поминати во втората лига, под раководство на Лоренцо Сера Ферер, Бетис се вратил во прва лига за сезоната 1994–95 година, и освоил трето место на крајот, со што се квалификувал за УЕФА Купот.

Betis' shirts in 2007 bore an emblem for their centenary

Во Европските натпреварувања, Бетис ги елиминирал Фенербахче (со вкупни 4–1) и 1. ФК Кајзерслаутерн (4–1) пред да загуби од поразениот финалист Бордо (3–2). Во 1997 година, 20 години по освојувањето на трофејот за првпат, клубот стигнал до финалето на Кралскиот Куп – повторно во Мадрид, иако овој пат на Стадионот Сантјаго Бернабе – и загубил со 2–3 од Барселона по продолжение.

Случајно, Барса била клубот во кој заминал Сера Ферер (Serra Ferrer) тоа лето, и бил заменет од поранешниот играч Луис Арагонес .Арагонес го предводел клубот само една сезона, освојувајќи осмо место во лигата и четвртфинале во Купот на Победници на Купови, каде што загубиле со вкупни 2–5 од победниците Челзи.

Арагонес бил наследен од контроверзното раководење на Хавиер Клементе, кој плукнал навивач и изјавил дека Андалусија е "друга држава!". Клубот паднал на табелата, и завршил на 11-то место и бил елиминиран во УЕФА Купот од Болоња во третото коло. Следните неколку сезони, Бетис сменил бројни тренери, испаѓање и повторно враќање, по што клубот завршил шести во лигата со Хуанде Рамос на чело.

Рамос заминал по само една сезона и бил заменет од поранешниот тренер-победник на Купот на Победници на Купови Виктор Фернандес. Тој го водел клубот до осмо и деветто место во лигата и трето коло од УЕФА Купот во 2002–03 година, кога бил елиминиран од Оксер (со вкупни 1–2), за време на двете години како предводник на клубот.

За 2004 година, Фернандес бил заменет од Сера Ферер кој се вратил во клубот, кој го водел до четврто место во елитата. Клубот исто така се вратил на Висенте Калдерон на 11 јуни 2005 година за финалето на Кралскиот Куп, победувајќи вторпат во историјата по погодокот во продолжението од младиот Дани во победата од 2–1 против Осасуна.

Овој резултат водел до тоа Бетис да биде прв клуб од Андалусија кој се натпреварувал во УЕФА Лигата на Шампиони, и стигнал до групната фаза по победата врз Монако во последното квалификациско коло (со вкупни 3–2). Извлечен во група Г, и без разлика на победата дома од 1–0 против Челзи, клубот на крај завршил како трет, со што бил "префрлен" во УЕФА Купот, каде што бил елиминиран во осмина финалето од Стеауа Букурешт (0–0 на гости, 0–3 дома).

Прослави на Стогодишнината

[уреди | уреди извор]
Rafael Gordillo, Betis player and president

Бетис ја прославил својата стогодишнина во 2007 година. Прославата вклучувала специјален натпревар против Милан, актуелните Европски Шампиони, на 9 август, со победа на домаќините од 1–0 со голот на Марк Гонсалес (Mark González) од пенал на почетокот од вториот дел. Седум дена подоцна, клубот го освоил Трофејот Рамон де Каранца (Ramón de Carranza) одржан во соседниот Кадис (Cádiz), со победа против Реал Сарагоса (Real Zaragoza) на пенали во финалето, и Реал Мадрид во полуфиналето.[4]

Во овој период, настапиле големи промени во играчкиот и техничкиот состав, со осум нови играчи кои ги замениле 14-те кои заминале. За време на двете сезони (2006–07 и 2007–08) година кои ја затвориле стогодишнината, Бетис имал четири различни тренери. За време на оваа прослава, клубот бил 37-ми најгледан клуб во Европа според просечна посета.

Втора Лига

[уреди | уреди извор]

По многу години без испаѓање од Првата Лига, Бетис во сезоната 2008–09 во последниот натпревар играл 1–1 против Реал Ваљадолид (Real Valladolid) на домашен терен. Со овој резултат, клубот завршил како 18-ти на табелата и испаднал во Втората Лига.

На 15 јуни 2009 година, преку 65,000 Бетикоси, вклучувајќи икони како Рафаел Гордиљо (Rafael Gordillo), Дел Сол (Del Sol), Иполито Ринкон (Hipólito Rincón), Хулио Кардењоза (Julio Cardeñosa) и други, се приклучиле на протестот во Севиља со слоганот "15-J Yo Voy Betis" за да му стават на знаење на мнозинскиот сопственик на клубот Руиз де Лопера (Ruiz de Lopera) дека е време да ги стави своите 54% од акциите на клубот на продажба за да ги купи некој човек, некоја фирма или поддржувач на Бетис и Лопера да биде сменет од ден за ден операциите во клубот.

И покрај протестите, не биле направени промени во раководните структури за време на сезоната, што предизвикало Бетис да не успоее да се врати во Првата Лига.[5]

Процесот на Лопера на суд и продажбата

[уреди | уреди извор]

Судијата од Севиља Мерцедес Алаја (Mercedes Alaya) ги истражувал врските меѓу Бетис и другите бизниси на Руиз де Лопера (Ruiz de Lopera), при што формално бил обвинет за измама. На 7 јули 2010 година, една седмица пред почетокот на прелиминарните акти од процесот, Лопера продал 94% од акциите кои ги поседувал (51% од вкупниот број акции на Бетис) на Битон Спорт, раководен од Луис Оливер, за изненадувачки ниска сума од 16 милиони, оставајќи го Лопера со само мал број акции; Оливер веќе преземал два фудбалски клуба, Картагена (Cartagena) и Херез (Xerez), to the brink of bankruptcy.[6]

Пред продажбата да може официјално да биде обзнанена, Ајала (Ayala) ги замрзнал акциите на Лопера. Оставен без ништо, и покрај оставањето на депозит од €1 милион, Оливер (Oliver) набрзина купил номинален број акции од трета страна и бил избран на одборот на директори од постоечките членови (сите поранешни соработници на Лопера), овозможувајќи му да продолќи да го води клубот. Како одговор на ова, судијата ја назначил добро почитуваната поранешна легенда на Бетис, Реал Мадрид и Шпанската репрезентација Рафаел Гордиљо (Rafael Gordillo) да ги раководи акциите на Лопера за да се осигура дека Лопера не го води клубот и тие одлуки биле направени за корист на клубот не на поединечните членови.[9]

Враќањето во Ла Лига

[уреди | уреди извор]

Повторно под водство на Pepe Mel, Бетис ја почнал 2011–12 година со четири победи во исто толку натпревари, со што Рубен Кастро (Rubén Castro) ја задржал својата форма на постигнување голови од претходната сезона, каде што тој постигнал 27 голови. Бетис завршил на 13-то место во својата прва сезона од враќањето во La Liga.

Во сезоната 2012–13 година, Бетис завршил на седмо место во Ла Лига и се квалификувал за 2013–14 UEFA Европа Лига, прво Европско квалификување за клубот од 2005–06 Лига на Шампиони. Ова натпреварување во Европа завршило во четвртина финале по поразот на пенали од локалниот соперник Севиља.[7] Бетис испаднале од Ла Лига пред да ги одиграат последните три натпревари во сезоната 2013–14 година,[8] но веднаш се вратиле следната сезона како шампиони пред да ги одиграат последните два натпревари.[9]

Дербито на Севиља

[уреди | уреди извор]
Бетис и нивниот градски соперник Севиља (Sevilla FC) исто така се натпреваруваат во годишна веслачка трка на реката Гвадалкивир (Guadalquivir)

Бетис има долгогодишно соперништво со градскиот сосед Севиља (Sevilla FC).[1] Двата клуба се сретнале 114 пати во официјални натпревари, при што Севиља е поуспешна со 45% на победи во однос на 31% на Бетис.

Првиот натпревар меѓу двата клуба бил одржан на 8 февруари 1915 година, при што Севиља победила со 4–3. Натпреварот не бил завршен, бидејќи големите тензии довеле до тоа агресивната толпа да влезе во теренот, присилувајќи го фудбалскиот судија да го прекине натпреварот.

Во 1916 година, првиот натпревар во купот Copa Andalucía бил одржан, со што ова било првото официјално дерби на територијата на Севиља. Од 17-те натпревари во купот, Севиља победила 14 пати, а Бетис само еднаш; вклучувајќи го и поразот од 22–0 кога Бетис го испратил својот младински тим, во 1918 година.

Првиот натпревар во лигата, бил во Втората лига Segunda, и тоа во сезоната 1928–29 година, кога двата клуба победиле на домашен терен (3–0 и 2–1). Во Првата лига, за првпат играле во сезоната 1934–35 година, со пораз на Севиља од 0–3 на домашен терен и нерешен резултат од 2–2 на теренот на Бетис, при што Бетис го освоил државното првенство.

На 17 јануари 1943 година, Бетис изгубил со 5–0 на терен на Севиља, со што на крај биле префрлени во Втората лига. На првиот натпрвар одржан на стадионот Рамон Санчес Писхуан (Ramón Sánchez Pizjuán Stadium), на 21 септември 1958 година, Бетис победил со 4–2.

Последните години, неколку натпревари исто така биле зачинети со насилство, вклучувајќи: напад над член на обезбедувањето од навивач на Севиља со патерица (која не му била потребна за да се движи), напас над голманот на Бетис Тони Прац (Toni Prats) и над тренерот на Севиља Хуанде Рамос (Juande Ramos) со шише вода;[10] последниот инцидент водел до тоа натпреварот од Кралскиот куп од 2007 година да биде прекинат, и одржан три седмици подоцна во Хетафе (Getafe) без присуство на гледачи.

На 7 февруари 2009 година, Бетис победил со 2–1 на Писхуан (Pizjuán), но бил исфрлен од највисоката лига, а Севиља завршила како трета.

Estadio Benito Villamarín

Со капацитет од 60,720 седишта, Estadio Benito Villamarín е домашен терен на Реал Бетис. Го носел името Estadio Manuel Ruiz de Lopera за време на првата деценија од 21-век според името на сопственикот на клубот, кој одлучил да изгради нов стадиот на местото од стариот.

И покрај опсежното планирање, плановите за реновирање на стадионот постојано биле одложувани, и половина од стадионот останал непроменет. На 27 октомври 2010 година, стадионот повторно го добил старото име по одлуката на одговорните лица на клубот.[11]

Еволуција

[уреди | уреди извор]
Маички на Бетис со вертикални зелени и бели линии дизајнирани според дресот на Селтик кога фудбалерот студирал во Шкотска.

За време на првите години, дресовите на Севиља Баломпи (Sevilla Balompié) биле составени од сини маички и бели шорцеви, кои ја претставувале пешадијата во тоа време. На крајот од 1911 година, клубот ги прифатил маичките на Селтик,[12] во тоа време со вертикални зелени и бели линии, кои биле донесени од Глазгов од Мануел Асенсио Рамос, кој студирал во Шкотска како дете. На 28 февруари 2017 година, на 37-те Día de Andalucía, Реал Бетис ги носел дресовите инспирирани од Селтик против ФК Малага.[13]

Кога клубот станал Реал Бетис Баломпи (Real Betis Balompié) во 1914 година, различни комплети на дресови биле користени, вклучувајќи: жолти и црни линии; зелени маички и сини маички и бели шорцеви. Од крајот на 1920-тите, Бетис уште еднаш ги користел зелените и бели линии, во време кога Сојузот на Ронда (the Assembly of Ronda) (1918 година) официјално ги прифатил овие бои како бои на Андалусија, без разлика на тоа што биле премногу слични едни со други.

Од тогаш, тие останале официјални бои на Бетис, и покрај некојку различни варијанти (вклучувајќи пошироки линии).

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „Real Betis, 100 years of passion“. FIFA.com. 18 January 2007. Архивирано од изворникот на 2014-12-07. Посетено на 26 April 2011.
  2. „Spain - Cup 1931“. rsssf.com. Посетено на 8 June 2017.
  3. „Spain, Final Tables 1928-1939“. rsssf.com. Посетено на 8 June 2017.
  4. „Todos los partidos de la pretemporada 2007–08“ [All the matches in the 2007–08 preseason] (шпански). Real Betis. 17 August 2007. Архивирано од изворникот на 30 December 2009. Посетено на 26 April 2011.
  5. „Lopera sigue mudo y ultras lo amenazan: 'Vende o muere' [Lopera still says nothing and is threatened by ultras: 'Sell or die'] (шпански). El Mundo. 3 June 2009. Посетено на 26 April 2011.
  6. „Oliver: "Ni los nazis hacían lo que hace esta loca" [Oliver: "Not even nazis did what this crazy woman does"] (шпански). Marca. 27 October 2010. Посетено на 26 April 2011.
  7. „Spot-on Sevilla get the better of Betis“. UEFA. 20 March 2014. Посетено на 27 April 2014.
  8. „Ronaldo brace sends Real second, Betis relegated“. FIFA. 26 April 2014. Архивирано од изворникот на 2014-04-27. Посетено на 27 April 2014.
  9. „Real Betis win promotion to Primera Division after Alcorcon victory“. Sky Sports. 25 May 2015. Посетено на 26 May 2015.
  10. „This was no isolated incident“. The Guardian. 1 March 2007. Посетено на 26 April 2011.
  11. „De Ruiz de Lopera a Benito Villamarín: el estadio sin nombre“ [From Ruiz de Lopera to Benito Villamarín: the nameless ground] (шпански). Marca. 27 October 2010. Посетено на 27 April 2011.
  12. „LOS COLORES DEL REAL BETIS BALOMPIÉ“. www.lapalanganamecanica.com. Посетено на 8 June 2017.
  13. Online, Record Sport (16 February 2017). „Celtic tribute kit unveiled by Real Betis for Andalusia Day fixture“. Посетено на 8 June 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]