Прејди на содржината

Пјер Бул

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пјер Бул
Роден/аПјер Франсоа Мари Луис Бул
20 февруари 1912(1912-02-20)
Авињон, Франција
Починат/а30 јануари 1994(1994-01-30) (возр. 81)
Париз, Франција
Занимањеписател
НационалностФранцузин
Период1950–1992
Значајни делаМостот на реката Квај
Планета на мајмуните

Пјер Бул (француски: Pierre-François-Marie-Louis Boulle, роден на 20 февруари 1912 во Авињон - починал на 20 јануари 1994 во Париз) — француски писател на научна фантастика. Неговите романи Мостот на реката Квај и Планета на мајмуните, како филмска адаптација добиле неколку филмски награди[1].

Биографија

[уреди | уреди извор]

Пјер Франсоа Мари Луис Бул е роден на 21 февруари 1912 во Авињон. Учел за електроинженер во Париз. Во 1938 се преселил во Малезија, во близина на Куала Лумпур, каде започнал работа како надзорник во гумена плантажа[2] . По избувнувањето на Втората светска војна се приклучил на армијата во Индокина. За време на окупацијата на неговата татковина од германските трупи, Бул станал член на францускиот Отпор во Сингапур и служел како таен агент под името Питер Џон Рул. Во 1942 година бил заробен од страна на Јапонците кај реката Меконг и поминал две години работејќи во затвореничкиот логор крај Сајгон. Од таму тој успеал да побегне и да се приклучи на Британските специјални сили. По завршувањето на војната патувал повторно до Малезија и Камерун.

Пјер Бул се вратил во Франција, носејќи со себе впечатоци од егзотичните предели кои ги посетил, но и од искуството на бесмислената војната. Во 1950 година излегол неговиот прв роман, „Вилијам Конрад“, заснован на записите во неговиот дневник за време кога бил во затвор. Големиот успех на Бул дошол по издавањето на романот со „Мостот на реката Квај“ кој бил објавен во 1952 година. Во романот е опфатена приказна за храброста, истрајноста и судирот на две завојувани империи, навидум сосема различни, но сепак прилично сродни. Филмската адаптација на ова дело (1957) е режирана од Дејвид Лин и филмот освоил седум оскари. Филмот бил заштитен поради своите културолошки, историски и естетски вредности.

Првите чекори во научнофантастичниот жанр се родиле преку објавените романи „Апсурдни приказни“ (1953) и „E = MC2“(1957), „Човекот кој ги мразеше машините“ (1957), „Градината на Канашима“ (1964), „Добротворни приказни“ (1965), „Quia Absurdum“ (1970), „Игри на разумот“ итн.

Бул не се откажал и од реализмот. Во овој стил биле напишани и објавени романите „Лицето“ (1953), „Тестот на белите луѓе“ (1955), „Другата страна на проблемот“ (1958), „За благородната кауза“ (1960) „Професијата на Господ Бог“ (1960), „Фотографот“ (1967), „Ушите на џунглата“ (1972).

Во 1963 година излегла книгата на Бул „Планета на мајмуните“, која го направил многу популарен. Според неа е направен филм во 1968 година, а подоцна е пуштена и серија. Познатиот роман „Планета на мајмуните“,и до денес останува едно од најголемите ремек дела на научната фантастика и на светската литература.

  • William Conrad (1950;)
  • Le sacrilège malais (1951)
  • Le Pont de la rivière Kwaï (1952)
  • Le Bourreau (1954)
  • L'épreuve des hommes blancs (1955)
  • La face (1956)
  • Les voies du salut (1958)
  • Un métier de seigneur (1960)
  • La planète des singes (1963)
  • Le jardin de Kanashima (1964)
  • Le Photographe (1967)
  • Les Jeux de l'esprit (1971)
  • Les Oreilles de jungle (1972)
  • Les Vertus de l'enfer (1974)
  • Le Bon Léviathan (1978)
  • Les Coulisses du Ciel (1979f)
  • L'Énergie du désespoir (1981)
  • Miroitements (1982)
  • La Baleine des Malouines (1983)
  • Pour l'amour de l'art (1985)
  • Le Professeur Mortimer (1988)
  • Le Malheur des uns... (1990)
  • A nous deux, Satan! (1992)
  • L'Archéologue et le mystère de Néfertiti (2005)
  1. "Boulle, Pierre-François-Marie-Louis." Britannica Book of the Year, 1995. 2008. Encyclopædia Britannica Online. 25 May 2008
  2. Pieyre C, "Du Pont de la rivière KwaÏ à la Planète des singes : Don des manuscrits de Pierre Boulle", chroniques.fr, Bibliothèque nationale de France

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]