Прејди на содржината

Папа Лав IX

Од Википедија — слободната енциклопедија
Leo IX
Родено име Бруно Егисхејм-Драгсбург
Папа од 12 февруари 1049
Папа до 19 април 1054
Претходник Папа Дамас II
Наследник Папа Виктор II
Роден 21 јуни 1002
Егисхејм, Елзас
Починал 19 април 1054
Рим
Други папи по име Лав (појаснување)

Лав IX (латински: Leo PP. IX), познат и како Бруно Егисхејм-Драгсбург (германски: Bruno von Egisheim-Dagsburg; роден на 21 јуни 1002 во Егисхејм, Елзас - починал на 19 април 1054 во Рим) — римски папа од 12 февруари 1049 до 19 април 1054[1]. Во католицизмот, тој е светец и неговиот празник се празнува на 19 април. Тој е историски најголемиот германски папа во Средниот век. Во негово време дошло до Големиот раскол помеѓу источната и западната црква.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Лав IX бил жител на Егисхејм, горен Елзас, денес во Франција, но со населено од Германци. Неговото семејство било благородничко, а неговиот татко грофот Хуго бил роднина со царотr Конрад II (1024-1039). Се школувал во Тул, каде што подоцна станал свештеник, и во 1026 епископ. Во скоро, тој вршел и значајни политички услуги за неговиот роднина, царот Конрад II и подона за царот Хенрик III (1039-1056). Тој станал највредниот реформаторски свештеник, кој со воодушевување овозможил да дојде до ширење на правилото на манастирот Клуни.

По смртта на папата Дамас II (1048), Бруно бил избран за негов наследник на собранието во Вормс, Германија во декември 1048. На собранието присуствувале и царот и римските делегати. И покрај тоа, Бруно очигледно на изборот за папа бил избран за нов папа, благодарение на гласовите на свештенството и луѓето. Заминувајќи кратко по Божиќ, тој се сретнал со игуменот Хуго од Клуни во Безансон, каде што бил придружуван од младиот свештеник Хилдебрнанд, кој подоцна станал папата Григориј VII (1073-1085). Бруно во Рим пристигнал следниот февруари, облечен во аџиска облека, и на осветувањето го добил името Лав IX.

Лав IX ја почитувал традицијата во неговата реформација на Католичката црква. Една од неговите први големи работи била да се одржи познатиот Велигденски синод во 1049, на кој целибатот во свештенството повторно бил воспоставен. Исто така, Велигденскиот синод се одржал каде што папата имал најмало влијание, насочувајќи ги неговите убедувања против секој вид на симонија. Најголемиот дел од следната година, тој бил зафатен со развојот во Италија, Германија и Франција, што останало славно од неговиот понтификат. По одржувањето на синододт во Павија, тој му се придружил на Хенрик III во Саксонија и го придружувал до Келн и Ахен; до Ремс тој исто така го повикал високото свештенство, со коешто биле донесени неколку значајни декрети. Тој одржал собор и во Мајнц, на кој присуствувале италијански, француски и германски свештеници, а присуствувале и амбасадори на византискиот цар. На соборот се зборувало за симонијата како и целибатот.

AПо враќањето во Рим, папата Лав IX папата одржал уште еден Велигденски синод (29 април 1050), на кој се збрувало за разликите во учењата на Беренгар Турски. Истата година, тој одржал локални синоди во Салерно, Сипонто и Верчели. Во септември, истата година, тој ја посетил Германија, по што се вратил зво Рим навреме, за одржувањето на третиот Велигденски синод, на кој било разгледано прашањето за оние кои требале да бидат ракоположени, а биле избрани за симонисти.

Во 1052, папата Лав IX го придружувал царот во Пресбург и безуспешно побарал да се обезбеди покорноста на Унгарците; и во Регенсбург, Бамберг и Вормс.

Комеморативен штит на ѕидот од занокот Егисхајм, Елзас, родното место на папата Лав IX.

По четвртиот Велигденсики синод во, папата Лав IX тргнал против Норманите на југ со војска сочинета од италијански и германски волонтери, но неговите војски доживеале тежок пораз во Битката кај Цивитате на 15 јуни 1053. Напуштајќи го градот за да се сретне со противникот кој победил во битката, тој бил примен со сите знаци на покорност of submission, почестен со заклетви за верност и почитување и заборав на она што се случило. Од јуни 1053 до март 1054, папата сепак бил задржан кај Беневенто во почесно заробеништво. Тој не преживеал долго по враќањето во Рим, па умрел на 19 април 1054.

Лав IX е запаметен и по тоа што испратиил мисионери, предводени од Хумберт од Мурмоатје, кардинал и епископ на Силвија Кандида и по тоа што ја издал булата со која го анатемисал цариградскиот патријарх Михаил I Керулариј (1043-1059) како одговор на неговите активности во интерес на црквата во јужна Италија. Овој чин, заедно со булата за исклучување од црквата го претставува расколот меѓу западната и источната црква, познат како Големиот раскол.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]