Папа Адријан I
Hadrianus I | |
---|---|
Родено име | Адријан I |
Папа од | 1 февруари 772 |
Папа до | 25 декември 795 |
Претходник | Папа Стефан III |
Наследник | Папа Лав III |
Роден | ? Рим |
Починал | 25 декември 795 ? |
Други папи по име Адријан (појаснување) |
Адријан I (лат. Hadrianus PP. I; ? - 25 декември 795) — римски папа од 1 февруари 772 до 25 декември 795[1].
Поддршка на политиката на Карло Велики
[уреди | уреди извор]Потекнувал од римското благородништво. Водел профранкска политика. По седнувањето на престолот на Карло Велики, тој го повикал него во борба против Лангобардите. Во 774, тој на Карло му ја доделил титулата патриција. Карло Велики ја продолжил адрежливоста на Пипин Малиот, меѓутоа создал Папска област, само за време на својата посета на Рим во 781. Новосоздадената територија го вклучувала Лацио, Равенската егзархија, Пентапол и Сабина, но Карло не му го дал ни Милано, ни војводството Сполето.
Духовна власт
[уреди | уреди извор]По третиот поход на Карло во Италија, во 787, папата Адријан го проширил своето владеење за сметка на Беневентското војводство. Тој започнал да го искористува својот духовен авторитет во борбата со противниците на Карло. Меѓутоа како резултат на тоа, во решавањето на религиозните прашање, се покажало дека папата е зависен од кралот.
Во 785, Адријан влегол во спор против иконоборството, испраќајќи порака до Цариград. легати на папата присуствувале на Седмиот вселенски собор, одржан во Никеја(787), поддржувајќи го иконопочитувањето. Теолози на Карло Велики воделе борба против адпоцианството, без во тоа да учествува и папата Адријан.
Епитафот на папата Адријан, во базиликата Свети Петар го напишал Алкуин.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Оваа биографска статија папа е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|