Вормс
Вормс | |
Мостот Нибелунген над Рајна во Вормс | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Рајнска област-Пфалц |
Округ | {{{Kreis or district}}} |
Градоначалник | Михаел Кисел (SPD) |
Основни податоци | |
Површина | 108,73 км2 |
Надм. височина | 100–167 м |
Население | 84.646 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 778 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | WO |
Пошт. бр. | 67547–67551 |
Повик. бр. | 06241, 06242, 06246, 06247 |
Портал | worms.de |
Местоположба на град Вормс | |
Вормс (германски: Worms) — град во југоисточниот дел на сојузната германската држава Рајнска област-Пфалц на западниот брег на Рајна . Денес има околу 82.000 жители.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Градот бил основан од Келтите и е еден од најстарите градови во Германија. Во ерата на Римјаните, градот бил наречен Августа Вангион. Западноримскиот узурпатор Јовин се прогласил за цар во 411 со поддршка од Бургундија и Алан, а потоа во својство на римскиот цар Бургундјан му дозволил да се населат околу Вормс. Вормс станал главен град на царството Бургундија на почетокот на V век. Римскиот војсководец Флавиј Ациј ги повикал Хунтите да помогнат во борбата со Бургундија . Хуните во 437 успеале да го победат Бургундите. Тие го освоиле Вормс и масакрирале 20.000 жители и кралското семејство. Овие настани служеле како главна подлога за Песните за Нибелунгс .
Вормс е познат по тоа што често се спомнува во песните за Нибелунг и по неговата катедрала . Тој е познат по потпишувањето на Конкордијатот од Вормс, во кој во 1122 година завршила првата фаза од борбата за власт меѓу папата и царот . Било договорено да се укине инвестицијата, т.е. кралевите да не поставуваат бискупи, но секуларните владетели сè уште го задржувале неофицијалното влијание врз процесот на поставување. Во текот на 1521 година е одржан состанок во Вормс, каде што Карло V, императорот на Светото Римско Царство го повикал Мартин Лутер . На тој собир, Карло V го издал Едикт од Вормс, кој официјално го осудил Лутер, неговите учења ги прогласил за еретични и нареди да се запалат неговите дела. Поголемиот дел од благородништвото било на Лутерова страна, па оваа одлука беше спроведена само во мал дел. Градот бил силно бомбардиран на 21февруари 1945 година, кога на него паднале 1100 тони бомби.
Друго
[уреди | уреди извор]Катедралата од 1981 година била на списокот на светско наследство на УНЕСКО .
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Вормс е збратимен со:
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Општини во Германија по население на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Сојузна статистичка служба на Германија. 2023. (германски)
- ↑ Statistisches Landesamt (2015-12-31). „Bevölkerung der Gemeinden am 31.Dezember 2015 - A1033_201522_hj_G.pdf“ (pdf). statistik.rlp.de (германски). Rheinland Pfalz. стр. 15. Посетено на 2017-11-27.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Вормс“ на Ризницата ? |
Википатување има туристички водич за Worms. |
- Службено мрежно место Архивирано на 30 октомври 2005 г.