Ноцебо
Ноцебо — ефект на способност на негативните уверувања и укажувања да предизвикаат штетни појави во организмот.
Појава
[уреди | уреди извор]Ефектот „Ноцебо“, кој е спротивен на ефектот „плацебо“, го добил името во 1961 година. Овој ефект не е доволно проучен и не се познати причините и механизмите на неговото дејствување. Ефектот „ноцебо“ настанува во следниве ситуации:[1]
- Во непосредната интеракција на докторот или експертот со пациентот. Притоа, колку повеќе пациентот му верува на докторот, толку е посилен овој ефект. На пример, ако докторот постави лоша дијагноза и даде негативна прогноза за пациентот, неговата состојба навистина се влошува, иако почетната дијагноза не била точна.
- Општите уверувања и очекувања на пациентот, независно од конкретната состојба.
- Очекувањата и уверувањата што настанале во одредени групи.
Некои научни истражувања на моќта на ефектите „плацебо“ и „ноцебо“ покажале дека првиот ефект дејствува во 33-55% до случаите, додека вториот ефект се потврдил кај 55-100% до случаите. Тоа покажува дека пациентите се поподложни на негативната отколку на позитивната сугестија. Така, во еден експеримент, на доброволците им било кажано дека во главата ќе им пуштат струја со низок напон и дека тоа може да предизвика главоболка. Притоа, струјата воопшто не била пуштена, но две третини од доброволците добиле главоболка. Во друг експеримент, на група пациенти во една болница им била дадена шеќерна вода за која тие мислеле дека е средство за повраќање и дури 80% до нив навистина ја повратиле водата. Најпосле, во три медицински центри биле вршени истражувања со примена на „аспирин“ при што во два центри на пациентите им било укажано дека е можно да добијат мачнина во желудникот, додека во третиот центар, пациентите не биле предупредени. Потоа, проверката на резултатите покажала дека во двата центри, каде пациентите биле предупредени, контраиндикациите на лекот биле трипати почести.[2]