Луле (река)
Луле | |
---|---|
Мост на Луле кај Вуолерим | |
Изворно име | Lule älv, Luleälven / Julevädno |
Местоположба | |
Земја | Шведска |
Физички особености | |
Извор | Сорјосјауре |
• место | Вуолерим, Норботен |
• координати | 66°26′44″N 20°38′13″E / 66.44556° СГШ; 20.63694° ИГД |
Устие | Ботниски Залив |
• место | Лулео, Норботен |
• координати | 65°35′12″N 22°02′31″E / 65.58667° СГШ; 22.04194° ИГД |
• надм. вис. | 0 м |
Должина | 450 км[1] |
Големина на сливот | 25.240 км2[2] |
Проток | |
• просечен | 515 м3/с[1] |
Особености на сливот |
Луле (шведски: Lule älv, Luleälven; лулолапонски: Julevädno) — голема река во Шведска која извира од северот на земјата и тече на југоисток во должина од 460 км, па се влева во Ботнискиот Залив кај Лулео. Ова е втора река по должина и сливна површина во округот Норботен (по Турне, само малку поголема од Каликс (исто така долга 460 км, но помалку полноводна).
Сливот зафаќа површина од 25.240 км2. Од нив, 24.545 км2 отпаѓаат на Шведска, а 695 км2 на Норвешка.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX и XX век реката била одредена како одранбена линија за заштита од инвазија од Руската Империја, а подоцна и од Советскиот Сојуз. Долж целото течение се изградени многу утврдувања, од кои најзабележителна е Буденската тврдина над градот Буден. Највеќето утврдувања и бункери денес не се во употреба.
Течение
[уреди | уреди извор]Реката Големо Луле извира некаде кај Сорјосјауре од планините западно од Јеливаре. Водата се влева во езерото Вирихауре, кое исто така прибира вода од Керкеваре (преку Кетаурејок) и Алкајауре (преку Милетно). Во Вирихауре Луле ја прима притоката Тукејок. Понасевер реката доаѓа до езерото Вастенјауре.
Потоа Луле тече преку Вуојатетно во езерото Кутјауре, а потоа во езерото Луоктанјаркајауре, собирајќи многу вода од други езера во Националниот парк Сарек како што е Салохауре и од шведско-норвешката граница. На реката има бројни водопади и брзаци. Најпознат е водопадот Стура Шефалет на крајот од езерото Акајауре со висина од 39,6 м, на потегот од Коршејауре до Лангасјауре. Во ова езеро на Луке му се приклучува реката Виетсајок. Најголемо од сите езера на реката е Големото Лулско Езеро. Овде течението доаѓа до шума, и потоа ја прима притоката Мудус од Националниот парк Мудус.
Кај селото Вуолерим ја прима притоката Мало Луле. Луле минува низ Порсифорсен, Едефорс and Хеденсфорс. Се влева во Балтичкото Море низ фјордовите Белинге и Луле.
Други реки во воводелницата на Луле подолги од 100 км се: Црна Река, Фларкон, Мало Луле, Перл, Рисајоко, Виетасетно и Будтрескон.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Реката е важен извор на хидроенергија, и на неа се наоѓа најголемата хидроелектрана во ШВедска.[3] Најголем водопад на Луле е Харсронгет (порано Нјомелсаска).
Порано реката доста се користела за пренос на дрвена граѓа, трупците се пуштале низводно за обработка во Лулео, но ова запрело на почетокот на 1980-тите. По течението има неколку поголеми брзаци, особено Стурските Водопади и оние во Порјус и Харспронгет.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Luleälven“. Nationalencyklopedin. Посетено на 14 јули 2010. (бара претплата)
- ↑ „Län och huvudavrinningsområden i Sverige“ (PDF). Swedish Meteorological and Hydrological Institute. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-09-28. Посетено на 14 јули 2010.
- ↑ Mellgren, Erik. "Third time counted for Harsprånget" Архивирано на 4 март 2016 г., Ny Teknik 28 јули 2012. посет. 7 август 2012 г.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Луле (река) на Ризницата ?
- Луле — Нордиска семејна книга (1912) (шведски)
|