Леонтиј
Леонтиј Λεόντιος | |
---|---|
Византиски цар | |
Византиски цар | |
На престол | 695–698 |
Претходник | Јустинијан II Ринотмет |
Наследник | Тибериј III Апсимар |
Роден(а) | Исаврија |
Починал(а) | 15 февруари 706[1] Цариград |
Династија | Ираклиева династија |
Дваесетгодишна анархија | |||
Хронологија | |||
Леонтиј | 695–698 | ||
Тибериј III | 698–705 | ||
Јустинијан II | 705–711 | ||
со Тибериј совладетел, 706–711 | |||
Филипик Вардан | 711–713 | ||
Анастасиј II | 713–715 | ||
Теодосиј III | 715–717 | ||
Наследување | |||
Претходела Ираклиева династија |
Следела Сириска Династија |
Леонтиј (грчки: Λεόντιος, латински: LEONTIVS), (роден во Исаврија - 15 февруари 705 во Цариград) бил византиски цар кој владеел во периодот од 695 до 698 година. На власт дошол по успешниот заговор против неговиот претходник Јустинијан II Ринотмет, но исто преку нереди и заговори бил и тој соборен од престолот.
Рани години
[уреди | уреди извор]Леонтиј потекнува од Исаврија[2]. Во времето на Константин IV Погонат[2] бил стратег на тема Анадолија[3]. Во времето на Јустинијан II учествувал во воени походи против Арапите на калифот Абд ал-Малик (685-705). Во 686 година предводената од патрициј Леонтиј византиска армија го победила противникот во Ерменија и Грузија и достигнал до Кавкаска Албанија[2][3]. По византискиот пораз кај Севастополис во 692 година[1] и преминот на голем број словенски контингенти на арапска земја, Леонтиј паднал во немилост пред царот, кој наредил да го уапсат. Во 695 година Леонтиј е рехабилитиран и му било доверено управувањето на тема Елада[3][4].
Цар
[уреди | уреди извор]Поранешниот стратег Леонтиј го зазел управувањето на земјата како резултат на удар. На крајот на 695 година со поддршка на партијата на "Сините" и на патријархот Калиник I Цариградски, Леонтиј бил прогласен за василевс[3][4]. Соборениот Јустинијан II бил казнет со пресекување на носот и заточение во Херсон.
Краткото управување на Леонтиј било запаметено со лоша борба против надворешните непријатели. Од територијата на империјата била одземена Лазика. Арапите извршиле успешни напади во Мала Азија и Латинска Африка. Доколку нивниот прв напад во насока кон Картагина бил одбиен од Византијците, тогаш вториот успеал да ја постигне својата цел.
Во 697 година Леонтиј ја испратил византиската флота чело со патрициј Јован да помогне на опколената од Арапите Картагина. Но овие акции на напаѓање преку копно и море се покажале како неуспешни. Како резултат на тоа, во 698 година Византија ја изубила Картагена[5], последната територија во Африка.
По поразот, византискиот флота се повлекла кон островот Крит со цел да се прегрупира[6]. Таму дел од командантите плашејќи се од царскиот гнев, решиле да го соборат Леонтиј. Откако го отстраниле патрициј Јован, тие го назначиле Тибериј, упраителот на тема Кивириотон за цар[7]. Благодарение на поддршката од страна на партијата на "зелените"[8], тој лесно успеал да влезе во Цариград.
Така, Леонтиј бил соборен од престолот а Тибериј крунисан за нов цар. По негова наредба на Леонтиј му бил отсечен носот и заточен во манастир[3]. По новото доаѓање на власт на Јустинијан II во 705 година, Леонтиј бил погубен на хиподромот заедно со Тибериј[9].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Kazhdan, pg. 1212
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Moore, Leontius
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Moore, R. Scott, "Leontius (695-698 A.D.)", De Imperatoribus Romanis(посетен на 16.03.2013 г.)
- ↑ 4,0 4,1 Острогорски, Ѓорги, Историја на Византија, Прозорец, С., 1998, стр. 204-205
- ↑ Острогорски, Ѓорги, Историја на Византија, Прозорец, С., 1998, стр. 205-206
- ↑ Norwich, pg. 334
- ↑ Bury, pg. 354
- ↑ Острогорски, Ѓорги, Историја на Византија, Прозорец, С., 1998, стр.206
- ↑ Norwich, John Julius (1990), Byzantium: The Early Centuries, Penguin, pg 337
Литература
[уреди | уреди извор]- Theophanes the Confessor, Chronographia.
- Kazhdan, Alexander, уред. (1991), Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, ISBN 978-0-19-504652-6
- Norwich, John Julius (1990), Byzantium: The Early Centuries, Penguin, ISBN 0-14-011447-5
- Canduci, Alexander (2010), Triumph & Tragedy: The Rise and Fall of Rome's Immortal Emperors, Pier 9, ISBN 978-1-74196-598-8
- Moore, R. Scott, "Leontius (695-698 A.D.)", De Imperatoribus Romanis (1999)
- Warren Treadgold, A History of the Byzantine State and Society (Stanford University Press, 1997) ISBN 0-8047-2630-2
- Bury, J.B., A History of the Later Roman Empire from Arcadius to Irene, Vol. II, MacMillan & Co., 1889