Алексиј II Комнин
Алексиј II Комнин | |
---|---|
Византиски цар | |
Алексиј II од Promptuarii Iconum Insigniorum на Гијом Рује. | |
На престол | 24 септември 1180 – октомври 1183 |
Претходник | Мануил I Комнин |
Наследник | Андроник I Комнин |
Роден(а) | 10 септември 1169 Цариград |
Починал(а) | октомври 1183 (воз. 14 г.) Цариград |
Сопружник | Ана Француска |
Династија | Комнини |
Татко | Мануил I Комнин |
Мајка | Марија Антиохиска |
Алексиј II Комнин (грчки: Αλέξιος Β’ Κομνηνός, Alexios II Komnēnos) (10 септември 1169 – октомври 1183, Цариград), Византија (1180–1183) — син на владетелот Мануел I и Марија Антиохиска, ќерка на Рајмунд, антиохиски принц.[1] Тој бил долго очекуваното момче и бил именуван Алексиј за исполнување на пророштвото „АЈМА“.
Владеење и смрт
[уреди | уреди извор]За време на смртта на Мануел во 1180, Марија, којашто станала калугерка под името Ксена, ја заземала позицијата на владеење (според некои историчари). Таа го оттргнала нејзиниот млад син од моќ, доверувајќи му ја на Алексиј (братучед на Алексиј II) титулата „протосеваст“, кој се верувало дека е нејзин љубовник. Пријатели на младиот Алексиј II се обиделе да состават дружина против царицата и протосевастот. Полусестрата на Алексиј II по име Марија, жена на Цезар Џон, предизвикала немири на улиците на главниот град.
Нивната дружина била поразена на 2 мај 1182, но Андроник I, прв братучед на царот Мануел, ја искористил шансата за придобивање на круната поради нестабилноста. Влегол во Цариград, така што примил речиси божествени почести и ја отстранил владата. Неговото пристигнување било прославено со масакрирање на 80,000 латини во Цариград, посебно венециските трговци, на кое му немало престан. Тој дозволил Алексиј II да биде крунисан, но бил одговорен за смртта на повеќето млади бранители на царот, вклучувајќи ја неговата мајка, неговата полусестра и Цезар, а исто така не му дозволил да говори за јавните односи.
Свршувачката во 1180 на Алексиј II со Ана Француска, ќерка на Луј VII Младиот и неговата трета жена Адела Шампањска и во тоа време деветтото дете, не било проследено со нивниот брак. Андроник тогаш бил формално прогласен за ко-владетел пред толпата на терасата на црквата „Арслан Хане“, и не многу подоцна, под изговор дека споделеното владеење е витално за империјата, направил Алексиј II да биде удавен со јаже од лак во октомври 1183. За време на владеењето на Алексиј, Византија била окупирана од кралот Бела III, резултирајќи со губење на Срем и Босна и потпаѓајќи во рацете на Унгарија во 1181. Подоцна дури и Далмација била освоена од Венецијанците. Арслан II ја окупирал Византија при опсадата на Ќутахија, резултирајќи со губење на Ќутахија и Созопол.
Опишан во фикција
[уреди | уреди извор]Алексиј е лик во историската новела „Ана Француска“ (1980) од грчкиот писател Костас Кирјазис. Во новелата се раскажува за настаните кои се случиле за време на владеењето на Мануел I, Алексиј II и Андроник I, низ очите на Ана.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Како алтернативна година на раѓање се споменува 1168,van Dieten 1975, стр. 169 што се заснова на тврдењето на Гијом Тирски дека Алексиј имал 13 години во 1180. На некои места се споменува дека годината на раѓање е 1169, но дека датумот е 14 септември Magoulias 1984, стр. 383.
Литература
[уреди | уреди извор]- Harris, Jonathan, Byzantium and the Crusades, Bloomsbury, 2nd ed., 2014. ISBN 978-1-78093-767-0
- Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, 1991
- Magdalino, Paul (1993), The Empire of Manuel I Komnenos
- Magoulias, Harry J., translator (1984), O city of Byzantium: annals of Niketas Choniates, Detroit: Wayne State University Press, ISBN 0-8143-1764-2
- van Dieten, J. L., editor (1975), Nicetae Choniatae historia, Berlin: De Gruyter
- Wirth, Peter (1956), „Wann wurde Kaiser Alexios II. geboren? [When was Emperor Alexios II born?]“, Byzantinische Zeitschrift, 49: 65–67, doi:10.1515/byzs.1956.49.1.65
- Plate, William (1867), „Alexios II Komnenos“, Во William Smith (уред.), Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology, 1, Boston: Little, Brown and Company, стр. 130
- van Dieten, J. L., editor (1975), Nicetae Choniatae historia, Berlin: De Gruyter
- Varzos, Konstantinos (1984). The Genealogy of the Komnenoi Η Γενεαλογία των Κομνηνών (грчки). Thessaloniki: Byzantine Research Centre., Vols. A1 Архивирано на 3 февруари 2014 г., A2 Архивирано на 3 март 2016 г. & B Архивирано на 3 март 2016 г.
- Varzos, Konstantinos (1984). The Genealogy of the Komnenoi Η Γενεαλογία των Κομνηνών (грчки). Thessaloniki: Byzantine Research Centre., Vols. A1 Архивирано на 3 февруари 2014 г., A2 Архивирано на 3 март 2016 г. & B Архивирано на 3 март 2016 г.
Извори
[уреди | уреди извор]- Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press.CS1-одржување: ref=harv (link)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Алексиј II Комнин Комнинова династија Роден(а): 14 септември 1169 Починал(а): октомври 1183
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Мануил I Комнин |
Византиски цар 1180–1183 |
Наследник Андроник I Комнин |
|