Прејди на содржината

Лезбијка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сафо и Ерина во градина во Митилена од Симеон Соломон

Лезбијка[1] — женски хомосексуалец; жена што чувствува романтична љубов или сексуална привлечност кон други жени.[2] Концептот на „лезбијка", е изграден во XX век. Низ историјата, жените не ја имале истата слобода или независност да ги извршуваат хомосексуалните односи како и мажите, но ниту се среќавале со острите казни како хомосексуалните мажи во некои општества. Наместо тоа, лезбиските односи често се сметале како безопасни и неспоредливи со хетеросексуалните, освен ако учесниците се обидувале да добијат привилегии кои традиционално ги уживале мажите. Како резултат на тоа, во има малку документи за тоа како се изразувала женската хомосексуалност. Кога раните сексолози од крајот на XIX век почнале да го категоризираат и опишуваат хомосексуалното однесување, тие се соочиле со недоволно знаењето за женската хомосексуалност или за женската сексуалност, така што лезбијките ги дефинирале како жени кои не се придржуваат до женските родови улоги и погрешно ги сметале за ментално болни — ознака која денес е променета во научната заедница.

Долго време, жените-хомосексуалци ги криеле своите лични животи или ја прифаќале етикетата на отфрлените и создавале супкултура и посебен идентитет кој се развли во Европа и САД. По Втората светска војна, за време на периодот на социјалната репресија, кога владите активно ги прогонувале хомосексуалците, жените развиле мрежи за дружење и меѓусебна наобразба. Со вториот бран на феминизмот во XX век, дефиницијата на лезбистовото се проширила.

Лезбиството како мотив во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Низ македонските речници службено стои само „лезбијка“, но сепак, низ Македонија почесто се вели лезбејка, иако е погрешно.
  2. „лезбијка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Виолета Бојковска, Барем наутро. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 63-67.
  4. Џоана Волш, Набави си муда: 9 и 1 / 2 бајки за секс. Скопје: Темплум, 2019, стр. 5-9.
  5. DISCOGS, Bongwater – Double Bummer (пристапено на 30 јуни 2021)