Прејди на содржината

Залцгитер

Координати: 52°09′0″N 10°20′0″E / 52.15000° СГШ; 10.33333° ИГД / 52.15000; 10.33333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Залцгитер

Salzgitter

Градското собрание на Залцгитер
Градското собрание на Залцгитер
Градското собрание на Залцгитер
Грб на Залцгитер
Залцгитер во рамките на Германија
Залцгитер
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Урбан округ
Градски единици 7 градски
со 31 место
Градоначалник Франк Клингебил (ДХС)
Основни податоци
Површина 223,96 км2
Надм. височина 80−275 м
Население 104.548 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 467 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SZ
Пошт. бр. 38226, 38228, 38229,
38239, 38259
Повик. бр. 05341
Портал www.salzgitter.de
Местоположба на градот Залцгитер во рамките на Долна Саксонија
Карта
Карта
Координати 52°09′0″N 10°20′0″E / 52.15000° СГШ; 10.33333° ИГД / 52.15000; 10.33333

Залцгитер (германски: Salzgitter) — слободен град во југоисточниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, Германија, сместен помеѓу Хилдесхајм и Брауншвајг. Заедно со Волфсбург и Брауншвајг, Залцгитер е еден од седумте центри на Долна Саксонија (сличен поим на метрополитенска област). Со 109.142 жители и 223,94 км² (30 јануари 2004 г.), градот е најголем по површината и еден од најголемите во Германија.

Залцгитер потекнува од спојување на неколку помали градови и села и денес е составен од 31 место, кои се релативно целосни со широки празнини помеѓу нив. Главната шопинг-улица во младиот град е во округот Лебенштет, додека средишниот стопански дел е во округот Залцгитер-Бад.

Градот е поврзан преку Средногерманскиот Канал и страничниот канал на Елба преку растока. Најблиски метрополи се Брауншвајг, околу 23 километри на североисток, и Хановер, околу 51 километар на северозапад.

Населението на градот Залцгитер надминало 100.000 жители по основањето во 1942 година. Покрај Волфсбург, Леверкузен и Ајзенхитенштат, Залцгитер е еден од малкуте градови во Германија основани во текот на XX век.

Потекло на името

[уреди | уреди извор]

До 31 март 1942 година, Залцгитер било име на град каде денес се наоѓа округот Залцгитер-Бад. Оттогаш до 1951 година, Залцгитер било име на округ во градот Ватенштет-Залцгитер кој постоел во тоа време. ВО 1951 година, округот Залцгитер бил преименуван во Залцгитер-Бад; името Залцгитер било слободно, станало ново име за тогашниот град „Ватенштет-Залцгитер“. Денес, Залцгитер-Ватенштет е име на мал округ со стотина жители.[2]

Географија

[уреди | уреди извор]
Поглед на Залцгитер-Бад од кулата „Бизмарк“ на Хамберг

Залцгитер се наоѓа помеѓу Одервалд и Лихтенберге. Низ градот поминува реката Фузе.

Градот во насока север-југ се протега 24 километри, додека во насока исток-запад 19 километри. Највисока точка во градското подрачје е 275 метри на Хамберг.

Скоро половина од градското подрачје се користи за земјоделство, околу една шестина е пошумено. Друга шестина се користи за станбени, стопански и индустриски цели. Сличен удел заземаат и сообраќајните површини.[3]

Соседни општини

[уреди | уреди извор]

Следниве градови и општини се граничат со градот Залцгитер. Почнувајќи од североисток се граничи со (округот Волфенбител е поделен од градот на два дела):

Градски единици

[уреди | уреди извор]

Градското подрачје на Залцгитер се состои од седум окрузи, кои се поделено на 31 градска единици. Секој округ одбира свој совет со свој претседавач. Со површина од 223,92 км² градот е најголем град по површина во Германија. Спротивно на историски развиените градови, кои се развивале во еден центар, овде нема едно јадро. Само Залцгитер-Лебенштет може да се смета за средиште, поради својата големина и местоположба, како и положбата на административните згради.

Залцгитер: Поделба по места и единици
Залцгитер со својата 31 градска единица
Градска единица Површина
хектари[4]
Жители
(дек. 2017)[5]
Густина на
населеност
Север 2.794,2 48.310 1.729
Брухмахтерзен 155,5 784 504
Енгелнштет 448,2 765 171
Лебенштет 1.372,7 45.331 3.302
Залдер 817,8 1.430 175
Североисток 3.250,6 12.743 392
Бединген 923,2 451 49
Зауинген 423,7 425 100
Тиде 1.226,4 11,047 901
Уфинген 677,2 820 121
Северозапад 3.334,8 5.541 166
Лесе 1.249,7 1.140 91
Лихтенберг 883,3 3.339 378
Остерлинде 754,6 415 55
Репнер 447,2 647 145
Исток 2.558 3.503 137
Блекенштет 531,7 621 117
Дрите 454,9 404 89
Халендорф 340,3 1627 479
Имендорф 230,5 411 178
Ватенштет 1.000,6 440 44
Југ 3.703 24.761 669
Залцгитер-Бад 1.928,4 21.296 1.104
Гитер 298,4 756 253
Грос Манер 632,1 541 86
Хоенроде 122,5 179 147
Рингелхајм 721,6 1.989 275
Југоисток 3.358,7 3.568 106
Барум 669,7 702 105
Бајнум 624,0 501 80
Флахштекхајм 456,4 1.017 223
Лобмахтерзен 818,4 846 103
Олендорф 790,2 502 64
Запад 3.392,8 8.588 253
Калбехт 321,4 301 94
Енгероде 95,3 231 243
Гебхардсхаген 2.123,8 6.945 327
Херте 852,3 1.111 130
Залцгитер 22.392,1 107.014 478

Покрај овие 31 официјална градска единица, кон градот Залцгитер припаѓаат и следниве населби и места, кои поради статистички цели припаѓаат на некоја од претходните единици:

  • Алтенхаген на Лихтенберг
  • Фреденберг на Лебенштет
  • Гут Нинроде (со повикувачки број 05339) на Олендорф
  • Гут Нортенхоф на Ифинген
  • Шахтзидлунг на Олендорф
  • Штетербург на Тиде
  • Зукопсмиле на Брухмахтерзен

Историја

[уреди | уреди извор]
Внатрешниот двор на замокот Гебхардсхаген

Залцгитер потекнува од почетокот на XIV век околу солените извори близу селото Верпштет (подоцна Фепштет). Името било изведено од соседното село Гитер (денес градска единица), кое означувало „сол близу Гитер“; првото спомнување било во 1347 година. Околу 200 години од производство на сол од различни извори, селаните во областа на денешниот град добиле општински права околу 1350 година, но ги изгубиле кога биле преместени во Војводството Брауншвајг-Линебург на почетокот на XVI век. Подоцна, Залцгитер припаѓал на Епископијата Хилдесхајм. Кога епископијата станала дел од Прусија во 1803 година, општинските права биле повторно потврдени, но повторно му биле одземени во 1815 година, кога Залцгитер станал дел од Кралството Хановер. Во 1830 година била основана бања во Залцгитер.

Откако Кралството Хановер станало дел од Прусија во 1866 година, Залцгитер станал пруска општина, која добила права во 1929 година. Претходно, градовите Форзалц и Либенхал биле припоени кон општината (во 1926 и во 1928 година, соодветно). Тогаш, Залцгитер припаѓал на округот Гослар и освен Залцгитер, вклучувал некои мали населби како Гитертор, што е денес дел од Залцгитер-Бад. Во 1936 година, Кништет станал дел од општината; што е дел од Залцгитер-Бад денес.

Концентрацискиот логор Дрите

Поради големите резерви на железна руда во Залцгитер, кои биле првпат спомнати во 1310 година, националсоцијалистите ја основале фабриката „Херман Геринг“ за рударство и производство на железо во 1937 година. Со цел надгледување на непречен развој на топилницата била воспоставена специфична административна структура за целата област. Така, бил издаден „Декрет за областа околу фабриката Херман Геринг во Залцгитер“, стапен во сила од 1 април 1942 година, создавајќи еден градски округ (самостоен град). Поради ова, градот Залцгитер и општините Бајнум, Флахштекхајм, Грос-Манер, Хоенроде, Олендорф и Рингелхајм (7 вкупно, сите припаѓале на округот Гослар) и Барум, Бединген, Блекенштет, Брухмахтерзен, Калбехт, Дрите, Енгелнштет, Енгероде, Гебхардсхаген, Халендорф, Херте, Имендорф, Лебенштет, Лесе, Лихтенберг, Лобмахтерзен, Остерлинде, Репнер, Залдер, Тиде-Штетербург (денес едноставно само Тиде) и Ватенштет (21 вкупно, сите припаѓале на округот Волфенбител) биле споени да го создадат Градскиот округ Ватенштет-Залцгитер (Stadtkreis Watenstedt-Salzgitter). Бидејќи соседната општина Гитер веќе била припоена во 1938 година, младиот град првично се состоел од 29 окрузи во 1942 година. Заедно со остатокот од округот Гослар, денешната независна општина била во рамките на Слободната Држава Брауншвајг. За возврат, Брауншвајг го предал округот Холцминден на пруската Покраина Хановер.

Во октомври 1942 година, СС го основале концентрацискиот камп „Дрите“, подкамп на Нојенгаме, за да обезбеди работна сила за фабриката „Херман Геринг“.[6] Овој голем подкамп држел 2.800 затвореници. Имало три концентрациски кампови во Залцгитер. Во текот на војната, Залцгитер претрпел големи штети од неколку американски и британски бомбардирања. По војната, Државата Брауншвајг станала дел од сојузната покраина Долна Саксонија, а Ватенштет-Залцгитер станал самостоен град во административниот округ Брауншвајг.

Во 1951 година, градот бил преименуван во Залцгитер, додека округот Залцгитер бил преименуван во Залцгитер-Бад, однесувајќи се на бањата таму. Со административната реформа на Долна Саксонија од 1 март 1974 година, општините Ифинген и Зауинген (порано дел од округот Волфенбител) биле придодадени кон градот, со што бројот на окрузи се зголемил на 31.

Железната руда во градот била ископувана до 1982 година; поранешниот коп „Конрад“ било планирано да стане место за јадрен отпад од 1975 година.

Население

[уреди | уреди извор]

Бројките за населението се дадени во однос на тогашната површина, на пр. до 1942 година, современиот четврт Залцгитер-Бад и од 1942 година, за градот Ватенштет-Залцгитер и Залцгитер, соодветно.

Најголеми групи на странци
Националност Население (2013)
 Турција 5.282
 Полска 857
 Италија 387
 Србија 319
 Романија 223
 Сирија 217
Година Население
1821 2.258
1848 2.654
1871 2.752
1885 2.681
1905 2.837
1925 2.852
1933 19.164
1942 108.480
1946 93.260
1948 110.247
1950 108.888
6 јуни 1961¹ 110.200
1965 115.500
1970 119.000
1975 119.000
1980 113.500
25 мај 1987[T 1] 111.069
1989 111.676
30 јуни 1997 116.300
октомври 2003 109.632
септември 2004 108.614
февруари 2005 108.174
декември 2015 101.079
  1. по попис

Религија

[уреди | уреди извор]
Црквата „Св. Јован“ во градот

Областа на денешниот град првично припаѓала на Епископијата Хилдесхајм. Во 1568 година, во градот стигнала реформацијата. Јужниот дел на градот припаѓал на Евангелистичко-лутеранската црква на Хановер, додека северниот дел на градот припаѓал на Евангелистичко-лутеранската црква на Брауншвајг.

Кога градот Ватенштет-Залцгитер настанал (1942), целото градско подрачје било придодадено на државата Брауншвајг, како политички, така и верски. Така, сите парохии на Залцгитер денес припаѓаат на Црквата на Брауншвајг.

Католиците, кои повторно се вратиле во градот, припаѓале на Епископијата Хилдесхајм, под која припаѓа градот и денес.

Покрај двете големи цркви, постојат и парохии на слободните цркви. Воедно, поради доселувањето на странските работници во текот на 1970-тите години, постојат и неколку џамии. Според пресметките во Залцгитер има највисок процент на муслимански доселеници од сите поголеми градови во Долна Саксонија во 2011 година.[7]

Политика

[уреди | уреди извор]

По создавањето на Залцгитер бил поставен државен комесар како привремен градоначалник на градот Ватенштет-Залцгитер. По Втората светска војна, воената влада на британската окупациска зона воспоставила општинска власт како во Британија.

Со тоа, постои непосредно избран совет, а Советот бира еден од своите членови за градоначалник (Oberbürgermeister) како предводник и претставник на градот. Покрај тоа, од 1946 година постои и „градски директор“ или претседавач на Градскиот совет. Од 2001 година, овие две титули биле споени во една и денес градот го води само градоначалникот, кој е избиран од граѓаните.

Грб на градот Залцгитер

Грбот на Залцгитер се состои од сребрена печка зад сребрен врв на ѕид на кој стои постава, чија горна површина е зелена надополнета со два инструменти за сол и чија долна површина е златна и надополнета со црн чекан. На црвената основа зад печката има два житни класови.

Грбот го претставува земјоделството, кое е важно за многуте села во Залцгитер, како и индустријата, основата на Залцгитер.

Овој грб потекнува од 1951 година. Претходно, градот Ватенштет-Залцгитер има различен грб. Исто така, поранешниот град Залцгитер имал различни грбови од 1854 година.

Како многу германски градови, Залцгитер користел лого на градот некое време. Тоа било зелено поле со бел искривен пат кој оди кон коризонтот.

Меѓународни односи

[уреди | уреди извор]

Градот Залцгитер е збратимен со следниве градови:

Стопанство и инфраструктура

[уреди | уреди извор]

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

На север од Залцгитер поминува сојузниот автопат А39 од Брауншвајг до раскрсницата Залцгитер, каде може да се вклучиш на автопатот А7 (Касел-Хановер). Источно од Залцгитер поминува патот 395 (Брауншвајг-Гослар).

Железнички

[уреди | уреди извор]

Залцгитер има шест железнички станици. Најважната е во четвртот Залцгитер-Рингелхајм, додека најсредишна е онаа во Лебенштет. Не постои главна железничка станица. Залцгитер-Рингелхајм е сместена на линијата Хале (Зале)-Гослар-Залцгитер-Хилдесхајм-Хановер. Друга линија која води до планините Харц и до Брауншвајг поминува на станицата Залцгитер-Бад. Лебенштет е крајот на локалната линија која доаѓа од Брауншвајг.

Автобуски

[уреди | уреди извор]

Постојат три автобуски компании во Залцгитер. Автобуската мрежа е доста важна поради раштрканоста на градот.

Во Залцгитер се издаваат дневниот весник „Залцгитер-Цајтунг“ и неделникот „Залцгитер-Вохе ам Зонтаг“. Постојат уште и календарот на настани „Залцгитер Сцене“ и електронското списание „Залцгитер-актуел“. Во градот работи и локалната телевизија „ТВ 38“.

Важни претпријатија

[уреди | уреди извор]
Челичарницата Залцгитер АГ
  • Алстом Транспорт
  • Залцгитер АГ (некогашниот гигант „Херман Геринг“)
  • Фолксваген Залцгитер
  • Шапер & Бример
  • МАН
  • Бош
  • СМАГ
  • ИКЕА

Јавни установи

[уреди | уреди извор]

Во Залцгитер се сместени следни јавни установи:

  • Сојузната агенција за санкции, основана во 1989 година
  • Централниот регистар на Покраинската судска администрација на Долна Саксонија

Образование

[уреди | уреди извор]

Од 1993 година во градот постои одделение на Високата школа Брауншвајг-Волфенбител, на кое може да се студираат повеќе насоки. Другите испостави на високата школа се во Брауншвајг, Волфенбител и Волфсбург.

Покрај тоа, постојат неколку гимназии и стручни училишта.

Култура и знаменитости

[уреди | уреди извор]

Библиотеки

[уреди | уреди извор]
Градскиот споменик „Кула на работата“
Замокот Залдер
Замокот Рингелхајм

Постојат три јавни библиотеки во Залцгитер. Главната библиотека се наоѓа во Лебенштет со 155.000 единици и подружници во Бад (42.000 единици) и Фреденберг (25.000 единици).

Не постои театар во Залцгитер, ниту некоја зграда се користи како таков. Сепак постојат неколку театарски друштва, кои изведуваат претстави и мјузикли.

  • Градски музеј во замокот Залдер (Städtisches Museum Schloss Salder), кој ја раскажува градската историја
  • Градска уметничка галерија во замокот Залдер (Städtische Kunstsammlungen Schloss Salder)
  • Во четвртот Залцгитер-Лебенштет:
    • Градски споменик „Кула на работата“, изграден во 1995 година. Споменикот сведочи за страдањето на присилните работници и нацистичкиот камп.
    • Градско собрание (изградено 1959-1963)
    • Сала за зимски спортови
  • Во четвртот Залцгитер-Бад
    • Стариот град
    • Термални бањи
    • Протестантска црква „Св. Марија Јаков“; воена црква изградена во 1481 г.
    • Католичка црква „Св. Богородица“
    • Поранешна црква „Св. Никола“ (денес културна установа)
    • Кула Бизмарк
    • Поранешно градско собрание на плоштадот
    • Куќа Тили
    • Административна населба (од 1930 г., блокови за вработените на топилницата)
  • Васербург, замок стар 1000 години
  • „Француски мост“ (Franzosenbrücke), камен мост со лак над реката Инерсте близу Залцгитер-Хоенроде
  • Залцгитер-Лихтенберг: руини од замок
  • Залцгитер-Рингелхајм: замок, поранешен манастир, основан во X век
  • Залцгитер-Залдер: замок, каде е сместен градскиот музеј

Други знаменитости

[уреди | уреди извор]
Залцгитерско Езеро (2005 г.)
  • Археолошки ископини од камено доба во Лебенштет
  • Англискиот парк
  • Залцгитерското Езеро во Лебенштет

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
  • Мај: спортска недела во Лебенштет
  • Мај: музејски фестивал во Залдер
  • Мај/јуни: стрелачки фестивал во Бад
  • Јуни/јули: Алтштат-фестивал во Бад

Познати луѓе

[уреди | уреди извор]
Фридрих Шлем

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. salzgitter.de - history of the name (германски)
  3. „LSN-Online, die größte regionalstatistische Datenbank Deutschlands“. Посетено на 13 февруари 2018.
  4. Statistisches Jahrbuch Salzgitter, 61. Jahrgang 2015 vom 12. September 2017, Referat für Wirtschafts-, Verbands- und Europaangelegenheiten, Statistik Архивирано на 23 септември 2017 г. (PDF; 4,1 MB), S. 17.
  5. Stadt Salzgitter – Referat für Wirtschaft und Statistik (Hrsg.): Monatsbericht Arbeitsmarkt, Bevölkerung und Umwelt – Dezember 2017. Архивирано на 25 јануари 2018 г. (PDF; 331 kB) Aktualisiert 24. Januar 2018
  6. United States Holocaust Memorial Museum, Holocaust Encyclopedia. Neuengamme. Accessed 18 April 2007.
  7. „Kartenseite: Muslime in Niedersachsen - Gemeinden“. kartenseite.wordpress.com. 2017-03-27. Посетено на 2017-05-14.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]