Жаба
Жаба Период: ран тријас-денес, | |
---|---|
Зелена гаталинка (Litoria caerulea) | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Животни |
Тип: | Хордови |
Класа: | Водоземци |
Поткласа: | Мазнокожи |
Ред: | Жаба Duméril, 1806 (како Anoures) |
Подредови | |
стари жаби (Archaeobatrachia) | |
Распространетост на жабите (зелено) |
Жаба — водоземец од редот на безопашести водоземци (науч. Anura). Редот безопашести водоземци (Anura) е првпат класифициран од страна на Блазиус Мерем (1761-1824) во 1820 година.
Опис
[уреди | уреди извор]Возрасните жаби се одликуваат со долги задни нозе, кратко тело и вмрежени прсти, очи што штрчат и недостаток на опашка. Големината им варира од 10 мм (Psyllophryne didactyla од Бразил и Eleutherodactylus iberia од Куба) до 300 мм (Conraua goliath од Камерун). Возрасните жаби имаат месојадна исхрана, најмногу со членконоги, црви и мекотели. Жабите се најзабележливи преку нивните звучни повици, кои можат да се слушнат за време на нивната сезона за парење.
Распространетоста на жабите варира од тропските до субарктичките региони, со најголем број на видови во тропските дождовни шуми. Повеќето жаби живеат во плитки водени површини, но исто така лесно се движат и на земја со скокање или качување. Вообичаено жабите ги несат јајцата во бари, мочуришта или езера, и нивните ларви, наречени полноглавци, имаат жабри и се развиваат во вода.
Видови жаби
[уреди | уреди извор]Со повеќе од 5.000 опишани видови, жабите се меѓу најразновидните групи ’рбетници. Често се прави разлика помеѓу жабите и краставите жаби на основа на нивниот изглед, но оваа разлика нема таксономска издржаност. Единственото семејство на која екслузивно ѝ е дадено името „крастава жаба“ е Bufonidae, но многу видови од другите семејства исто така се нарекуваат „крастави жаби“, а видовите во рамките на видот крастави жаби Atelopus се нарекуваат и „арлекински жаби“.
Отровната стрела - жаба е најотровната жаба во светот, која што е застапена во тропските шуми на Амазонија. Нејзиниот отров е доовлен да усмрти 20.000 глувци или да ја сопре работата на срцето на некој ’рбетник. Самиот отров се наоѓа и се лачи на површината на кожата.
Жабата како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Парите на жабата“ - кавкаска народна приказна.[1]
- „За жабата“ — басна во стихови на Михо Атанасовски.[2]
- „Момчињата и жабите“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[3]
- „Зајците и жабите“ - басна на Емброуз Бирс.[4]
- „Две жаби“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[5]
- „Магарето и жабите“ - басна на Езоп.[6]
- „зајците и жабите“ - басна на Езоп.[7]
- „Жабите, трупецот и хидрата“ - басна на Езоп.[8]
- „Жаби“ - песна на германскиот писател Јохан Волфганг Гете.[9]
- „Кралот на жабите или железниот Хајнрих“ – сказна на браќата Грим.[10]
- „Како жабокот добил мустаќи“ (српски: Како је жабац стекао бркове) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.[11]
- „Жабата чита весник“ (српски: Жаба чита новине) - песна на Јован Јовановиќ-Змај.[12]
- „Жабоци Гајдамаци“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски.[13][14]
- „Зелен фрак“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[15]
- „Песната на една жаба“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[16]
- „Жаба капетан“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.[17]
- „Смртта на природонаучникот“ — песна на северноирскиот поет Шејмас Хини.[18]
- „Жаба на мирот“ (англиски: Peace Frog) - песна на американската рок-група Дорс (The Doors) од 1970 година.[19]
- „Жаби со валкани мали усни“ (англиски: Frogs With Dirty Little Lips) — песна на американскиот рок-музичар Френк Запа (Frank Zappa) од 1984 година.[20]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Кавкаске бајке. Београд: Народња књига, 1963, стр. 159-160.
- ↑ Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 49.
- ↑ Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 33.
- ↑ Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 50.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 19 и 41.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 40.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 27-28.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 52.
- ↑ Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 105.
- ↑ Браќа Грим, Храбриот кројач, Детска радост, Скопје, 1980.
- ↑ Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 66.
- ↑ Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 65.
- ↑ Славко Јаневски, Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми. Скопје: Темплум, 2014, стр. 32-35.
- ↑ Славко Јаневски, ШЦрни и жолти, Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 29-33.
- ↑ Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 54.
- ↑ Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 39.
- ↑ Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 30.
- ↑ Шејмас Хини, Песме. Београд: Цицеро, Земун: Писмо, Нови Сад: Матица српска, 1993, стр. 7-8.
- ↑ Discogs, Nhe Doors – Morrison Hotel (пристапено на 9.8.2020)
- ↑ Zappa* – Them Or Us (пристапено на 28.1.2024)
„Жаба“ на Ризницата ? |
Оваа статија од областа на зоологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |