Етер (митологија)
Етер | |
---|---|
Етер во битка со лавоглав Гигант | |
Рајската светлина и божествениот воздух | |
Живеалиште | Атмосфера |
Сопружник | Хемера Геја |
Родители | Ереб и Никта или Крон и Ананка или Хаос |
Браќа/сестри | Хемера |
Деца | Геја Таласа Уран |
Етер (грчки: Αἰθήρ) — еден од исконските богови, бог на светлината, син на Ереб, богот на вечната темнина и Никта, божицата на ноќта. Етeр е отелотворување на проѕирното синило што го опкружува светот и горниот воздух, што го дишат божествата.[1] Во антиката за него не се подигале храмови и не претставувал култно божество, а во митовите обично се појавува со сестра му Хемера, божицата на денот. Етер се појавува и под името Акмон, што значи „метеор“ или „наковална“. Старите Грци со неговото име го нарекувале она што е попроѕирно и полесно од воздухот, како и височините каде се наоѓаат боговите и ѕвездите. Понекогаш со неговото име се нарекувале и небото и космосот. Денес, пак, зборот етер што потекнува од митовите, се употребува во науките; физиката, хемијата итн.
Во митологијата
[уреди | уреди извор]Во „Теогонија“ од Хесиод, Етер е син на Ереб и Никта, и брат на Хемера.[2]
Според поетот Алкман, Етер бил татко на Уран, персонификација на небото. Додека Етер бил персонификација на горното небо, рајот, Уран бил самото небо.[3]
Според римскиот митолог Хигинс, пак, Етер бил син на Хаос и Калиго (Темнината), а им бил брат на Ноќта, Темнината и Денот. Со Денот ги изродиле Небото, Земјата и Морето, но се спомнува и како татко на Океан, Темида, Тартар, Бријареј и други божества.[4]
Во уметноста
[уреди | уреди извор]Во уметноста Етер е претставуван како убаво младо момче. Го има на вазните, како и на релјефот „Гигантомахија на Зевсовиот жртвеник од Пергам“, од 180 година пред нашата ера, кој се наоѓа во Берлинскиот музеј.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Grimal p. 22; The Oxford Classical Dictionary, „Етер“, p. 33.
- ↑ Хесиод, Теогонија 124–125; Ганц, стр. 4.
- ↑ „Етер“. Theoi.com.
- ↑ Hyginus, Fabulae Preface.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
|