Прејди на содржината

Волофски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
За други значења на поимот „Волоф“ видете ја страницата за појаснување.
Волофски јазик
Застапен воСенегал, Гамбија, Мавританија
НародВолоф, Лебу
Говорници4,2 милиони  (2006)
Јазично семејство
Писмоволофска азбука
Статус
Регулативен органЦентар за применета лингвистика во Дакар
Јазични кодови
ISO 639-1wo
ISO 639-2wol
ISO 639-3или:
wol — волофски
wof — гамбиско-волофски

Волофски јазик или волофнигер-конгоански јазик кој се зборува воглавно во Сенегал, Гамбија и Мавританија. Ова е мајчин јазик на народот Волоф. Тој е дел од подгрупата на сенегамбиски јазици, заедно со фуланскиот и серерскиот јазик. Овој јазик не е тонски.

Волофскиот потекнувал како јазик на народот Лебу.[1][2] Овој е најзборуван јазик во Сенегал, поточно од околу 40% од населението.

Географска распространетост

[уреди | уреди извор]

Волоф се зборува од над 10 милиони луѓе. Околу 40% (или 5 милони) од населението на Сенегал се Волоф и зборуваат волофски. Јазикот се користи за меѓусебна комуникација меѓу различните народи во Сенегал, а особено во и околу градот Дакар. Јазикот не е службен во Сенегал, бидејќи во државата службен е само францускиот.

Во Гамбија околу 3% од населението зборува волоф. Сепак, бројот на говорници на волоф во главнипт град Банџул е поголем, и таму 25% од населението зборува на волоф. Сепак, службен јазик во државата е англискиот, а околу 40% од населението зборуваат мандинка.

Околу 7% од населението на Мавританија зборуваат волофски, или 185.000 жители. Овој јазик се користи во јужниот крајбрежен регион.

Класификација

[уреди | уреди извор]

Волоф е еден од сенегамбиските јазици, кои се познати по мутација на согласки. Често се вели дека јазикот е тесно сврзан со фуланскиот, но ова било како погрешно читање на податоците од Сапир (1971) од страна на Вилсон (1989). Сепак, според Седерер (2009, 2010) јазикот не е сличен со фуланскиот, туку тој наоѓа неколку помали јазици посродни со волофскиот, и тие јазици се зборуваат на реката Касаманс.[3]

Волофски јазик
Писмо латиница
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст Doomi aadama yépp danuy juddu, yam ci tawfeex ci sag ak sañ-sañ. Nekk na it ku xam dëgg te ànd na ak xelam, te war naa jëflante ak nawleen, te teg ko ci wàllu mbokk.
Македонски Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.
Портал: Јазици

Најчесто јазикот се пишува на латиница. Латиницата била стандардизирана со владин акто во периодот од 1971 до 1985 година. Правописот е фонетски и еден глас одговара на една буква. Јазикот се пишувал и на арапско писмо, особено до колонизацијата. Денес некои луѓе сè уште користат арабица. Латиничната азбука е:

A a B b C c D d E e Ë ë F f G g I i J j K k L l M m N n Ñ ñ Ŋ ŋ O o P p Q q R r S s T t U u W w X x Y y

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Falola, Toyin; Salm, Steven J. Urbanization and African cultures. Carolina Academic Press, 2005. ISBN 0-89089-558-9. p 280
  2. Ngom, Fallou. Wolof. Lincom, 2003. ISBN 3-89586-845-0. p 2
  3. Such as Kobiana and Banyum. Guillaume Segerer & Florian Lionnet 2010. "'Isolates' in 'Atlantic'" Архивирано на 31 март 2012 г.. Language Isolates in Africa workshop, Lyon, Dec. 4

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]