Прејди на содржината

Боровинка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Боровинка
Северна грмушеста боровинка
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Вресовидни
Семејство: Вресови
Род: Боровинка
Отсек: Cyanococcus
Rydb.
Species

See text

Боровинки, сирови
Чинија со боровинки
Хранлива вредност на 100 г
Енергија240 kJ (57 kcal)
14,49 g
Шеќери9,96 g
Влакна2,4 g
0.33 g
0,74 g
Витамини
Витамин А (екв.)
(0 %)
32 μг
80 μг
Витамин А54 МЕ
Тиамин 1)
(3 %)
0,037 мг
Рибофлавин 2)
(3 %)
0,041 мг
Ниацин 3)
(3 %)
0,418 мг
Пантот. кис. 5)
(2 %)
0,124 мг
Витамин Б6
(4 %)
0,052 мг
Фолна кис. 9)
(2 %)
6 μг
Витамин Ц
(12 %)
9,7 мг
Витамин Е
(4 %)
0,57 мг
Витамин К
(18 %)
19,3 мг
Минерали
Калциум
(1 %)
6 мг
Железо
(2 %)
0,28 мг
Магнезиум
(2 %)
6 мг
Манган
(16 %)
0,336 мг
Фосфор
(2 %)
12 мг
Калиум
(2 %)
77 мг
Натриум
(0 %)
1 мг
Цинк
(2 %)
0,165 мг
Други состојки
Water84 g

Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.
Извор: База за хранливост — USDA

Боровинка[1][2] — познато растение како народен лек против шеќерна болест, толку е делотворна што некои го нарекуваат растителен инсулин. Плодот е бобинка и се нарекува боровинка.

Изглед на боровинка

Истражувањата покажале дека боровинките го забавуваат процесот на стреење, ја запира почетната фаза на развој на карцином, ја подобрува функцијата на видот и помага во контролата на дијабетесот.

Боровинките растат како грмушка, цветаат од мај до јуни, а вкусните плодови во вид на бобинки созреваат од јули до септември. Лековити се и нежни зрелите плодови и лисјата. Листовите се берат пред узревање на плодовите и се сушат на суво место и на провев. Зрелите плодови се берат во лето, а се сушат на сонце. Плодот е темносино - црна округла, сочна бобинка, со пријатен киселкасто - сладок вкус, малку со остар вкус. Како лек се користат свежи и суви бобинки, сок од зрели бобинки, сируп и вино.

Од боровинки се подготвуваат чаеви за лекување на чир, пролив, недостаток на апетит, шеќерна болест и други. Бидејќи боровинките се многу здрави, треба што почесто да се користат во исхраната.[3]

Листовите од боровинки помагаат во случај на создавање на одредени киселина,повраќање,грчеви во желудникот и кашлање. Многу важен народен лек се против шеќерната болест, толку е делотворен што некои го нарекуваат растителен инсулин. Важно е да се знае дека листовите се делотворни само ако се наберат пред бобинките да узреат, бидејќи подоцна немаат лековито дејство.

Чај од листови од боровинки не смее да се пие без надзор. Листовите се сушат во тенеки слоеви во сенка или во рерна на 40 степени. Прелиени со жешка вода, го ублажуваат воспалението на бешиката и на мочните канали. Гнојните афти кај мали деца ефикасно се лекуваат со исцеден сок од свежи млади листови на боровинки.

За плакнење на грлото се користи необработен сок од боровинки, додека мармаладот од ова шумско овошје ја разладува болната горештина на воспалени уста и грло. Исушените бобинки се користат за лекување на хемороиди бидејќи го стопираат крварењето, а делуваат и на подобрување на лошото варење и слабиот апетит.

Сувите бобинки го спречуваат проливот, особено кај мали деца, додека свежи делуваат како благ пургатив. Сокот значително ги ублажува пречките при варењето, а го отвора и апетитот. Поради танинот и пектинот боровинките делувата како благо средство против дијареа и катар на цревата, разни восплаенија на слузницата итн.

Од зрели плодови боровинки се подготвува посебно екстракт од кој се прават таблети кои поволно вилајаат на острината на видот. Бидејќи тој лек е скап, најдобро е да се пие сок од боровинки, а за иста намена може да се направи и компот од исушени зрели плодови. Зрелите бобинки се диететско средство со пијатен вкус што се користи за зајакнување на крвната слика.

Бројните испитувања на ова зрнесто овошје дале извонредни резултати. Како прво, боровинката е прогласена за најбогат извор на антиоксиданси од 40 разни видови на плодови од овошје и зеленчук. За таа “титула” во многу се заслужни антоцијанините кои на боровинката и ја даваат карактеристичната боја. Покрај тоа, истражувањата покажале дека боровинката го забавува процесот на стареење, го запира почетниот фаза на развој на карцином, ја подобрува функцијата на видот, како и циркулација, помага во контролаа на дијабетес итн.Состав: Исушените бобинки содржат флобатанин, смеша на разни антоцијански хетерозиди кои на сокот од боровинки му ја даваат бојата, потоа шеќери, органски киселини, главно лимонска, јаболчна и килибарна киселина, пектин витамин Ц, каротин.... Листот содржи пирокатехински танини, арбутозиди, како и неколку флавонски хетерозиди.

  1. „боровинка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „боровинка“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Rodriguez-Saona, Cesar; Vincent, Charles; Isaacs, Rufus (2019-01-07). „Blueberry IPM: Past Successes and Future Challenges“. Annual Review of Entomology (англиски). 64 (1): 95–114. doi:10.1146/annurev-ento-011118-112147. ISSN 0066-4170.