Бил Гејтс
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Вилијам Хенри Гејтс III | |
---|---|
Роден(а) | 28 октомври 1955 (54 години) Сиетл, Вашингтон, САД |
Занимање | директор на Мајкрософт |
Имот | 88.5 милијарди долари (2017) |
Сопружник | Мелинда Гејтс |
Деца | три |
Мреж. место | www.gatesnotes.com |
Белешки | |
Вилијам Хенри Гејтс III (англиски: William Henry Gates III; роден на 28 октомври 1955), познат како Бил Гејтс — американски стопанственик и микрокомпјутерски пионер. Тој, заедно со други, го има напишано оригиналниот Altair BASIC толкувач за Altair 8800 (првиот комерцијално успешен личен сметач). Тој, заедно со Пол Ален ја имаат ко-основано Мајкрософт-корпорацијата и моментално е нејзин директор и главен софтвер архитект. Според списанието Форбс, Бил Гејтс е третиот најбогат човек на светот. Тој живее на езерото Вашингтон, во Медина, Вашингтон, во една од најскапите куќи на светот, проценета на 125 милиони долари.
Резиме
[уреди | уреди извор]Бил Гејтс е основачот на Microsoft заедно со Пол Ален и еден од највлијателните луѓе во информатичката индустрија. Уште се занимава со инвестирање, филантропија и пишување. Во Микрософт работи како генерален директор, и сè уште поседува најголем дел од акциите со 6.4%. Има напишано повеќе книги, додека во периодот од 1995 година па сè до 2009 со исклучок на 2008та кога бил трет. Бил Гејтс е еден од пионирите на индустријата за лични сметачи и најпознатиот меѓу нив. Повеќепати бил обвинуван и суден заради неговите бизнис тактики кои се сметале за не компетитивни. Подоцна тој донира огромни количини пари на разни организации за добротворни цели и програми за научни истражувања преку Bill & Melinda Gates Foundation.
Основни биографски податоци
[уреди | уреди извор]Бил Гејтс, е роден во Seatle , Washington како дете на William Henry Gates sr. и Mary Maxwell Gates. Роден е на 28 октомври 1955 година. Тие имале англиско - германско и шкотско-ирско потекло. Тој бил четвртиот член во семејството што го носел името William Henry, и бил наречен трети (III) затоа што татко му бил наречен втори(II). Неговото семејство планирало тој да студира право, по патеката на неговите родители. Бил поблизок со неговата мајка, која својата започната кариера како наставничка ја свртела кон раснење на своите деца.
Гејтс бил страстен читач како дете. Тој бил добар ученик, но кога имал 12 години неговите родители се уплашиле бидејќи изгледал како безпрестано да се досадува. На 13 годишна возраст тој тргнал во Lakeside School.
Додека учел таму во школото со помош на донација била обезбедена машина на која тој го напишал првиот програм. Тој програм овозможувал познатата игра tic-tac-toe да се игра против компјутерот. Фасциниран од начинот на кој оваа машина ги извршувала кодовите бил ослободен од часовите по математика за да ја задоволи својата љубопитност околу програмирањето. Откако се потрошила донацијата Бил заедно со неколку други студенти поминувале голем дел од времето на DEC PDP миникомпјутерите. Еден од тие системи бил и PDP 10 којшто забранил пристап на 4 студенти од Lakeside School. Тоа биле Бил Гејтс, , Рик Вејланд и Кент Еванс. Причината била злоупотреба на програмски грешки за да обезбедат повеќе време на тие компјутери.
Откако завршил во Lakeside School, постигнал 1590 од 1600 бода на SAT(вид на покагање матура), и се запишал на Харвард во 1973. Иако планирал да започне кариера на правник, сепак на Харвард тој повеќе време поминувал на компјутер отколку на друго место. Сепак успевал со неколку часа учење малку спиење да биде солиден студент. Во 1974та со Пол Ален решиле да се обидат да основаат компјутерска софтверска компанија.
Бил Гејтс се оженил на први јануари 1994 со сопругата Мелинда. Таа имала 33 години, а тој имал 42 години. Имаат три деца, Џенифер Катарина(1996), Рори Џон(1999) и Фиби Адел(2002). Нивниот имот кој се протега на 6100 метри квадратни, во чијашто близина се наоѓа 18 метарски базен е опремен со подводен музички систем. Во своја приватна сопственост поседува неколку записи на Леонардо да Винчи за кои потрошил преку 30 милиони долари.
Творештво
[уреди | уреди извор]Бил Гејтс има создадено многу програми и некој од најпознатите оперативни системи. На почетокот со Пол Ален прилагодувале програми за работа со одредени компјутери, но по основањето на Мајкрософот започнале со свои творби. Првиот оперативен систем бил MS-DOS. Потоа во 1985 година следувал Windows. За него се создале и Microsoft Office Suite,т.е. анцелариските алатки:Word, Excel, Powerpoint како и Internet Explorer. Оттогаш Windows и неговите помошни програми и алатки напредуваат и се надградуваат. Во 2000 година со неговата сопргуга Мелинда Гејтс ја основаат "Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс" преку која имаат донирано околу 28 билиони долари. Бил Гејтс има напишано и две книги: "The Road Ahead"(1995) и "Business @ the Speed of Thought". Се има појавено и во два филма: "Waiting For Superman" и "Pirates of Silicon Valley".
Microsoft
[уреди | уреди извор]Првиот проект на Пол Ален и Бил Гејтс бил Altair Basic. Откако му завршил договорот Пол Ален со MITS го дал името на компанијата Micro-Soft. Како независни тие продолжиле да равиваат софтвер за различни системи. Тогаш, на први јануари 1979 година го преместиле седиштето во Албукерки. Овој период го има одбележано писмото на Бил Гејтс до луѓето чие хоби биле компјутерите. После еден проток на оперативниот систем тој станал многу популарен кај нив. Тој напишал писмо во кое им се обратил и велело дека доколку тие не сакаат да платат за софтверот кој го користат бидејќи "го спречуваат добриот софтвер да биде напишан". Ова писмо не наишло на одобрување кај нив. Следен проект бил првиот оперативен систем кој компанијата го пуштила во продажба, Microsoft-овата варијација на Unix наречена Xenix. Првиот Word текстуален едитор се појавил на Xenix. Следен бил DOS, оперативниот систем кој ја донел славата на Microsoft. Тој бил откупен за 50 000 долари пред да се прилагоди за IBM. IBM го побарале изворниот код, но Гејтс не се согласил што му дозволило на Microsoft да го лиценцира софтверот на кого и да посака. Наскоро бил изнесен нов софтвер Softcard, што му овозможило на Microsoft BASIC да функционира и на Apple II. Во 1983та година нивниот софтвер зафаќал повеќе од 30% од софтверот на продажба во Европа и Азија. DOS се испопуларизирал најмногу со домашниот компјутерски систем на Microsoft наречен MSX-DOS. Во 1985 во продажба бил пуштен Microsoft Windows ( Windows 1.0 ) кој е првиот Windows. Тој бил графичка екстензија на MS-DOS.
Во меѓувреме бил исфрлен пакетот Microsoft Works интегриран програм за канцелариски работи во кој обично се наоѓал текстуален едитор, работна тетратка и база на податоци и други апликации. Microsoft бил популарен до 1988та кога Microsoft Оffice бил исфрлен на пазарот и станал најуспешен канцелариски пакет со апликации. Во 1990 година бил пуштен во продажба Windows 3.0. Тој бил првиот оперативен систем на Microsoft со графички интерфејс. Потоа во 1992 следувал Windows 3.1, потоа во 1995 Windows 1995, во 1998та следувал Windows 1998. Во 2000 година освен што следувал следниот Windows 2000 исто така завршило и првото судење на Microsoft за некомпетитивна конкуренција. 2001та го донела и Windows XP, производот кој е веројатно најпознат на Microsoft и Office XP којшто исто така има одиграно голема улога во развивањето на оперативните системи и нивните апликации.
Охрабрени влегле и во бизнисот со конзоли пласирајќи го својот Xbox на пазарот, на почетокот тешко борејќи се со доминантниот Play Station 2, но подоцна станувајќи рамноправна конкуренција.
До 2007та Windows XP не добиваше следбеник, но апликациите кој ја помагаа работата со него се размножуваа навистина брзо. Во 2007та излегла многу очекуваната Windows Vista, заедно со Microsoft Office 2007. Последен е Windows 10.Овој оперативен систем е најнов, а со тоа и секако најнапреден. 2011та година Microsoft ги откупија Skype Communications за 8.5 билиони долари. Се сметал за вербално борбелив(информации од луѓе кои работеле за него и ја имале честа да го запознаат), и било познато дека многу се лутел кога некој не е достапен на неговиот телефон или пак не одговара. Исто така на состаноците знаел да биде сарксастичен и ако мислел дека некоја идеја е глупава не го криел своето мислење.
Филантропија
[уреди | уреди извор]Во 1994 година Бил Гејтс ја основа William H. Gates Foundation. Таа функционирала сè до 2000 година кога со неговата сопруга искомбинирале 3 семејни фондации во новата Bill & Melinda Gates Foundation која е најголемата транспарентна добротворна организација во светот.
Дарежливото и љубезно донирање од страна на Дејвид Рокафелер, се смета дека има најголемо влијание за поттикнување на желбата за донирање во добротворни цели кај Бил Гејтс. Тој и неговиот татко повеќепати се сретнале со Рокафелер, при што се фокусирале на помагање на оние делови кој се најзапоставени од страна на владите и нивните организации. Од 2007та година до 2011та фондацијата на Бил Гејтс и неговата сопруга има донирано околу 28 билиони долари во добротворни цели, како дел од нивниот план да дадат 95% од нивното богатство. Фондацијата била критикувана повеќепати за несовесно инвестирање, односно донирање во фабрики кои не се грижат за човековата околина(преголемо загадување, фармацевтски компани што не тргуваат во државите во развој), но сето ова се променило во 2007 година. Тој и неговата жена биле наградени со орденот од редот на ацтечкиот орел од мексиканската влада за нивната филантропска работа низ светот.
Богатство и слава
[уреди | уреди извор]Со самото појавување на Microsoft на пазарот за информатичка технологија богатството на Бил Гејтс тргнало по растечка линија која никогаш не ја сменила насоката. Во 1987 година официјално станал билионер според магазинот Форбс. Бил сè уште немал наполнето ни 32 години. Станал најмладиот билионер кој тоа го постигнал сам и со свој труд. Таа година тежел 1.25 билиони долари. Подоцна Тајм магазинот го класифицирал меѓу 100те највлијателни луѓе на 20 век, како и еден од 100те највлијателни луѓе за 2004,2005 и 2006 година. Во 2006 година бил изгласан како 6-ти на листата "Херои на Нашето Време", но првото место на списокот на еден медиум го однел во 1998 на листата "Топ 50 сајбер елита". 2011та ја помина како 5-ти најмоќен човек на планетава според Форбс магазинот. Во 1991та година владата на Соединетите Американски Држави се посомнеавала во Microsoft дека држи монопол на американскиот пазар. Истражувањето траело до 1993 година. Следната година одделот за правда на владата на САД поднела тужба против Microsoft. Сепак судењето започнало дури во 1998та година. Било донесено решение Microsoft да биде поделен на два дела, еден за производство на оперативниот систем, и друг за останатиот софтвер. Но сепак сето тоа завршило во 2007та година.
Бил Гејтс бил обвинет и во Европа од слични причини, но ова завршило со најголемата казна во историјата голема дури 497 милиони евра.
Оваа личност од САД статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |