Прејди на содржината

Microsoft

Од Википедија — слободната енциклопедија
Microsoft Corporation
ВидЈавна компанија
ISINUS5949181045 Уреди на Википодатоците
ДејностКомпјутерски софтвер
Издавање
Компјутерски хардвер
Видео игри
ОснованоАлбакерки, Ново Мексико
(4 април 1975)
ОсновачБил Гејтс
Пол Ален
Седиште Редмонд, Вашингтон
Опслужувани подрачја
Цел свет
Клучни личности
Бил Гејтс
Стив Балмер
Реј Ози
Крег Мунди
Доход60.420 милјарди (2008)
Оперативен доход
22.492 милјарди (2008)
Нето-доход
17.681 милјарди (2008)
Вкупно актива411.976.000.000 aмерикански долар (2023) Уреди на Википодатоците
Вработени
89,809 во 105 држави (2008)
Мреж. местоmicrosoft.com

Мајкрософт (англиски: Microsoft Corporation) — американска мултинационална компанија со седиште во Редмонд, Вашингтон. Мајкрософт произведува, лиценцира, продава и овозможува поддршка за компјутерски софтвер, потрошувачка електроника, персонални компјутери и сервисирање. Нивни најдобри производи се: оперативните системи „Мајкрософт виндоус“ (Microsoft Windows), комплетот „Мајкрософт Офис“ (Microsoft Office) и прелистувачот „Интернет Експлорер“ (Internet Explorer). Нивните главни хардвер производи се играчката конзола „Иксбокс“ (Xbox) и серијата на таблети „Мајкрософт Сурфејс“ (Microsoft Surface). Мајкрософт е најголемиот произведувач на софтвер, сметано според приходите. Исто така, Мајкрософт е една од најважните светски компании. Мајкрософт е основан од Бил Гејтс и Пол Ален на 4 април 1975 година, за развивање и продажба на основни извршните програми за Алтер 8800 (анг. Altair). Мајкрософт израсна доволно за да доминира на пазарот на оперативни системи за лични сметачи со МС-ДОС (анг. MS-DOS) кон средината на 1980-тите, по кој дојде и „Мајкрософт Виндоус“ (Microsoft Windows). Првата јавна понуда на компанијата во 1986, следена од растот на цената на акциите, создаде 3 милјардери и 12,000 милионери од вработените на Мајкрософт. Од 1990-тите, Мајкрософт значајно се оддели од пазарот на оперативни системи и откупи голем број на корпорации. Во Мај 2011, Мајкрософт ја откупи Скајп Технолоџис (Skype Technologies) за 8.5 милјарди долари, што претставува нивно најголемо откупување досега.

Од 2013 година, „Мајкрософт“ е доминантен на пазарот на оперативни системи компатибилни со ИБМ (IBM) и пазарот на канцелариски софтвер (со софтверот „Мајкрософт Офис“). Компанијата исто така произведува голем број на разнолик софтвер за персонални копјутери и опслужувачи, и исто така е активна во полиња како што се Интернет-пребарувањето (со интернет пребарувачот Бинг), индустријата за видео игри (со „Иксбокс“, „Иксбокс 360“ и „Иксбокс 1“ конзолите), маркетот на дигитални услуги (преку МСН), мобилните телефони (преку оперативниот систем „Виндоус Фоун“, Windows Phone). Во јуни 2012 година, Мајкрософт за првпат влезе во пазарот на производство на лични сметачи со лансирањето на „Мајкрософт Сурфејс“ (асортиман на таблети).

Историја

[уреди | уреди извор]

Од 1972 до 1983: Основање и почетоци на компанијата

[уреди | уреди извор]

Пол Ален и Бил Гејтс, пријатели од детството со страст за компјутерско програмирање, бараа начин да ги искористат нивните заеднички вештини. ВО 1972 тие ја основаа нивната прва компанија наречена Треф-Оу-Дејта (анг. Traf-O-Data) која нудеше основен компјутер кој пронаоѓаше и анализираше податоци за автомобилскиот сообраќај. Ален отиде на Универзитетот во Вашингтон за да се стекне со диплома за компјутерски науки, но подоцна се откажа за да работи во Ханивел (анг. Honeywell). Гејтс почна да студира на Харвард. Во јануарското изнадание на Популар Електроникс (анг. Popular Electronics) се појави Алтер 8800 микрокомпјутерот на МИТС. Ален забележа дека можат да програмираат основни извршнипрограми за направата; по повикот од Гејтс кој тврдеше дека има основна извршна програма која е функционална, МИТС побараа демонстрација. Бидејќи тие всушност сè уште ја немаа програмата, Ален почна да работи на симулаторот за Алтер, додека Гејтс почна да го развива извршниот програм. Иако ја развија извршната програма на симулатор а не на вистинската направа (Алтер), извршната програма работеше без никаков проблем за време на демонстрацијата пред МИТС во Албукерки, Ново Мексико (анг. Albuquerque, New Mexico) во март 1975; МИТС се согласи да ја дистрибуира, рекламирајки ја како Алтер БЕЈСИК (анг. Altair BASIC). Тие (Ален и Гејтс) официјално го основаа Мајкросфт на 4 април 1975, со Гејтс како извршен директор. Ален го смисли оригиналното име Мајкро-софт (анг. Micro-soft), комбинација од зборовите микрокомпјутер (анг. Microcomputer) и софтвер (анг. Software), како што е спомнато во 1995 во артикл на магазинот Фортјун (анг. Fortune). Во август 1988 компанијата склучи договор со АСЦИИ Магазинот (анг. ASCII Magazine) од Јапонија, со што ја отвори својата прва интернационална канцеларија, АСЦИИ Мајкрософт (анг. ASCII Microsoft). Компанијата се пресели во нов дом во Белву, Вашингтон (анг. Bellevue, Washington) во јануари 1979.

Мајкрософт влезе во бизнисот со оперативни системи во 1980 со нивната верзија на Уникс (анг. Unix), наречена Ксеникс (анг. Xenix). Но сепак, МС-ДОС (анг. MS-DOS) беше она што го зацврсти владеењето на компанијата. Откако преговорите со Дигитал Рисрч (анг.Digital Research) пропаднаа, ИБМ им додели договор на Мајкрософт во ноември 1980 за да достават верзија на ЦП/М (анг. CP/M) оперативен систем, која беше планирана да се користи во претстојниот ИБМ личен сметач (анг. IBM-PC). За овој договор, Мајкрософт купи клон на ЦП/М наречен 86-ДОС од компанијата Сиетл Компјутер Продактс (анг. Seattle Computer Products), и го брендираше како МС-ДОС, кој подоцна ИБМ го ребрендираше во ПЦ-ДОС. По објавувањето на ИБМ личниот сметач во август 1981, Мајкрософт ја задржа соственоста на МС-ДОС. Бидејќи ИБМ стави авторско право на биосот на ИБМ личниот сметач, другите компании мораа да користат обратно инженерство за да може хардверот којшто не е сопственост на ИБМ да работи исто како ИБМ ПЦ-компатибилен, но не и на оперативниост систем за кој не постоеја вакви рестрикции. Заради различни фактори, како што е достапноста на разновиден софтвер на МС-ДОС, Мајкрософт конечно стана водач на произведувачите на оперативни системи. Компанијата се прошири на нови пазари со пуштањето во промет на Мајкрософт Глушец (анг. Microsoft Mouse) во 1983, како и издавачки оддел наречен Мајкрософт Прес (анг. Microsoft Press). Пол Ален се повлече од Мајкрософт по добивањето на болеста Ходкинс (анг. Hodgkin’s disease).

Од 1984 до 1994: Виндоус и Офис

[уреди | уреди извор]

Додека развиваа нов оперативен систем заедно со ИБМ во 1984 (наречен ОС/2) Мајкрософт го пушти во промет Мајкрософт Виндоус (анг. Windows), кој всушност беше графички додаток за МС-ДОС. Мајкрософт го префрли својот главен штаб во Редмонд (анг. Redmond) на 26 февруари 1986, а на 13 март компанијата ги пушти во промет своите акции; претстојното растење на вредноста на акциите направи 3 милјардери и 12,000 милионери од вработените во Мајкрософт. Заради партнерството со ИБМ, во 1990 Федералната комисија за трговија (анг. Federal Trade Comission) почна да го надгледува Мајкрософт за можно тајно самостојно дејствување; тоа го обележа почетокот на легалните битки со владата на Америка кои траеја повеќе од 10 години. На 2 април 1987 мајкрософт го најави пуштањето во промет на својата верзија на ОС/2 која беше валидна за ОЕМ (анг. OEM) производителите на оригинална опрема; во меѓувреме, компанијата работеше на 32 битниот оперативен систем, Мајкрософт Виндоус НТ (анг. Microsoft Windows NT), користејќи идеи од ОС/2; беше објавен на 21 јули 1993 со нов модуларен кернел и со Вин32 (анг. Win32) апликативен програмерски интерфејс АПИ (анг. API), овозможувајќи полесен пристап од 16 битните (МС-ДОС засновани) Виндоуси. Откако Мајкрософт го извести ИБМ за НТ, партнерството за ОС/2 пропадна.

Во 1990, Мајкрософт го претстави својот софтверски “Офис” комплет, Мајкрософт Офис (анг. Microsoft Office). Софтверот претстави различни апликации, како што се Мајкрософт Ворд (анг. Microsoft Word) и Мајкрософт Ексел (анг. Microsoft Excel). На 22 мај Мајкрософт го лансираше Виндоус 3.0 со подобрена графика на корисничкиот интерфејс и со подобрена работа на заштитниот мод (анг. Protected mode) за Интел 386 обработувачот. Офис и Виндоус станаа доминантни во нивните полиња. Новел (анг. Novell), кој од 1984 до 1986 беше конкурент на Мајкрософт за Ворд апликацијата, го тужеше Мајкрософт години подоцна тврдејќи дека Мајкрософт не документирал се од нивниот АПИ (анг. API) за да добие конкурентска предност. На 27 јули 1994, Дивизијата за недоверба (анг. Antitrust Division) која е дел од Американското министерство за правда (анг. US Department of Justice) поднесе извештај за конкурентски судир во кој се велеше дека: “Почнувајќи во 1988, и континуирано до15 јули 1994, Мајкрософт поттикна многу ПОО (произведувачи на оригинална опрема) да воведат анти-конкурентска политика. Со оваа политика, еден ПОО му плаќа на Мајкрософт процент за секој продаден компјутер кој содржи одреден микро-обработувач, без разлика дали ПОО го продава компјутерот со оперативен систем на Мајкрософт или со некој друг. Всушност, процентот што ПОО му го плаќа на Мајкрософт кога се продава еден производ кој не е произведен од Мајкрософт, е во вид на казна, заради тоа што ПОО користи оперативен систем произведен од некој конкурент на Мајкрософт. Од 1988, Мајкрософт ја зголеми употребата на овој “плакање-по-обработувач” договор.

Од 1995 до 2005: Интернет и ерата на 32 бита

[уреди | уреди извор]

Откако Бил Гејтс го објави интерниот “Прирачник за големите бранови на интернет” на 26 мај 1995, Мајкрософт почна да ја редефинира својата понуда на производи и ја прошири производствената линија навлегувајќи во компјутерските мрежи (анг. Computer networks) и во светската мрежа (анг. World Wide Web). Компанијата го пушти во употреба Виндоус 95 (анг. Windows 95) на 24 август 1995, кој вклучуваше повеќезадачност, целосно нов кориснички интерфејс со ново копче за стартување, и компатибилност со 32 бита; слично како и кај Виндоус НТ (анг. Windows NT), постоеше Вин32 АПИ (анг. Win32 API). Онлајн сервисот МСН (анг. MSN) дојде во пакет со Виндоус 95, како и прелистувачот Интернет Експлорер (анг. Internet Explorer), кој дојде во пакет со Виндоус 95 за ПОО. Интернет екплорер не беше во пакет со Виндоус 95 кој се продаваше директно на корисниците бидејќи кутиите за испорака беа спремни и испринтани со маркетинг материјал пред тимот комплетно да заврши со работа на Интернет Експлорер, но затоа беше вклучен во Виндоус 95 Плус (анг. Windows 95 Plus) пакетот. Проширувајќи се и на другите пазари во 1996, Мајкрософт и НБЦ Универзал (анг. NBC Universal) создадоа нова 24/7 кабелска станица за новости, МСНБЦ (анг. MSNBC). Мајкрософт го создаде Виндоус ЦЕ 1.0 (анг. Windows CE 1.0), нов оперативен систем дизајниран за уреди со мала оперативна меморија и со други недостатоци, како што се персоналните дигитални уреди. (анг. Personal digital assistans). Во Октомври 1997, Министерството за правда (анг. Justice Department) поднесе предлог во Федералниот Суд (анг. Federal District Cоurt), тврдејќи дека Мајкрософт прекрши договор потпишан во 1994, и побара од судот да го прекине спојувањето на Интернет Експлорер со Виндоус.

На 13 јануари 2000, Бил Гејтс ја предаде позицијата извршен директор на Стив Балмер (анг. Steve Balmer), стар познаник од факултет и вработен во компанијата од 1980, создавајќи нова позиција за себе, Главен Софтверски Архитект (анг. Chief Software Architect). Во Октомври 1999, различни компании помеѓу кои и Мајкрософт ја формираа Алијансата на Доверливи Компјутерски Платформи (анг. Trusted Computing Platform Alliance), со цел да се зголеми безбедноста и да се заштити личната сопственост со тоа што ќе се забележуваат промените извршени на хардверот и софтверот, помеѓу другите работи. Критичарите ја осудија оваа алијанса бидејќи сметаа дека на овој начин само ќе се зголемат индискриминирачките забрани на тоа како корисниците го употребуваат софтверот, и сметаа дека сето ова е всушност едно Менаџирање на дигиталните права (анг. Digital rights management); на пример сценариото кога еден компјутер не е само заштитен за неговиот корисник, туку е исто така и заштитен од злоупотреба од неговиот корисник исто така. На 3 април 2000, се донесе пресуда за случајот САД против Мајкрософт, нарекувајќи ја компанијата “злоупотребувачки монопол”; се постигна договор со Американското Министерство за Правда (анг. U.S. Department of Justice) во 2004. На 25 октомври 2001, Мајкрософт го пушти во употреба Виндоус XP (анг. Windows XP), соединувајќи ги општо-прифатените кодови и кодовите на Виндоус НТ земајќи ја основата на Виндоус НТ. Истата година, некое време подоцна, компанијата го пушти во употреба Иксбокс, влегувајќи во пазарот на играчки конзоли во кој доминираа Сони (анг. Sony) и Нинтендо (анг. Nintendo). Во Март 2004, Европската Унија презеде законски мерки за недоверба против компанијата, наведувајќи дека компанијата ја злоупотребила својата доминантност со Виндоус оперативните системи, која заврши со пресуда од 497 милиони евра (613 милиони долари) и пресуда да се произведат нови верзии на Виндоус XP без Виндоус Медиа Плејр (анг. Windows Media Player), Виндоус XP Хоум Едитион Н (анг. Windows XP Home Edition) и Виндоус XP Професионал Н (анг. Windows XP Professional N).

Од 2006 до 2010: Виндоус Виста, Виндоус Мобајл и Виндоус 7

[уреди | уреди извор]

Пуштена во употреба во јануари 2007, следната верзија на Виндоус, Виндоус Виста (анг. Windows Vista), се фокусираше на атрибути, безбедност, и ре-дизајниран кориснички интерфејс наречен Аеро (анг. Aero). Мајкрософт Офис 2007 (анг. Microsoft Office 2007), кој беше пуштен во употреба истовремено, имаше Рибон (анг. Ribbon) кориснички интерфејс кој беше значајно променет од неговите претходници. Големата продажба на Виндоус Виста и Мајкрософт Офис 2007 донесе рекорден профит во 2007 година. На 27 февруари 2008, Европската Унија наметна уште една казна од 899 милиони евра (1.4 милјарди долари) заради непочитувањето на Мајкрософт на пресудата донесена во март 2004, наведувајќи дека компанијата им наплати нереални цени на конкурентите за своите воркгруп (анг. workgroup) и бекофис (анг. backoffice) опслужувачи. Мајкрософт изјави дека ја почитувал пресудата и дека “овие казни се за претходните несогласувања кои се веќе решени”. Во 2007 исто така го видовме создавањето на повеќејадрената единица во Мајкрософт, следејќи ги чекорите на опслужувач-компаниите како што се Сан (анг. Sun) и ИБМ (анг. IBM). На 27 јуни 2008, Бил Гејтс се повлече од својата позиција како Главен Софтверски Архитект, задржувајќи ги останатите позиции во компанијата и останувајќи како советник на компанијата при клучни проекти. Азур Сервисес Платформ (анг. Azure Services Platform), со која компанијата влезе во пазарот на виртуелното складирање (анг. Cloud Computing), беше пуштена во употреба на 27 октомври 2008. На 12ти февруари 2009, Мајкрософт ја објави својата намера да отвори синџир брендирани продавници за малопродажба, и на 22 октомври 2009, првата продавница Мајкрософт Стор (анг. Microsoft Store) беше отворена во Скотсдејл, Аризона (анг. Scottsdale, Arizona); истиот ден кога продавницата беше отворена, Виндоус 7 (анг. Windows 7) беше пуштен во употреба. Виндоус 7 беше фокусиран на усовршување на Виндоус Виста со поедноставување на атрибутите и зголемување на перформансите, наместо на голема промена на самиот Виндоус. Во почетокот на 2007, кога индустријата на паметни телефони се издигна, Мајкрософт се мачеше за да остане во чекор со совите соперници Епл (анг. Apple) и Гугл (анг. Google) и да понуди оперативен систем за паметните телефони. Како резултат на ова, во 2010, Мајкрософт го преправија нивниот стар оперативен систем за мобилни телефони, Виндоус Мобајл (анг. Windows Mobile), и го заменија со новиот Виндоус Фоун ОС (анг. Windows Phone OS); заедно со новата стратегија за индустријата која се занимава со производство на паметни телефони, која го доближуваше Мајкрософт до произведувачите, како што е Нокиа (анг. Nokia). Оваа стратегија исто така имаше за цел да обезбеди доследност на употреба на Мајкрософт-овиот оперативен систем Виндоус Фоун. Овој оперативен систем имаше нов дизајн на корисничкиот интерфејс, наречен “Метро”, кој нагласено користеше едноставни форми, знаци и икони, како и минималистички концепт. Мајкрософт е еден од основачите на Фондацијата за отворени мрежи (анг. Open Networking Foundation) која е основана на 23 март 2011. Помеѓу останатите основачи се: Гугл (анг. Google), ХП Нетворкинг (анг. HP Networking), Јаху (анг. Yahoo), Веризон (анг. Verizon), Дојче Телеком (анг. Deutsche Telekom) и 17 други компании. Оваа непрофитна организација е фокусирана на пружење поддршка на новата иницијатива за виртуелно складирање наречена Софтверски дефинирано вмрежување (анг. Software-defined networking). Иницијативата има за улога да ги забрза иновациите со едноставни софтверски промени во: телекомуникациските мрежи, безжичните мрежи, центрите со податоци и други мрежни полиња.

Од 2011 до сега: Ребрендирање, Виндоус 8 и Сурфејс

[уреди | уреди извор]

По пуштањето во употреба на Виндоус Фоун, Мајкрософт започна постепено ребрендирање на своите производи од 2011 до 2012 – логото на корпорацијата, производите, услугите и мрежните места ги присвоија елементите и концептот на ново-дизајнираниот Метро јазичен-концепт. Во јуни 2011, Мајкрософт го прикажа Виндоус 8, оперативен систем дизајниран да работи и со лични сметачи, и со таблети. Основната верзија беше достапна за девелоперите на 13 септември, а подоцна беше заменета со верзија за потрошувачите на 29 февруари 2012. На 31 мај 2012, основната приказ-верзија беше пуштена во употреба. На 18ти јуни 2012, Мајкрософт го најави Мајкрософт Сурфејс (анг. Microsoft Surface), првиот компјутер во историјата на компанијата чиј хардвер беше направен од Мајкрософт. На 25 јуни, Мајкрософт најави дека плаќа 1.2 милјарди долари за да ја откупи друштвената мрежа Јамер (анг. Yammer). На 31 јули 2012, Мајкрософт го лансираше во употреба веб-меилот Outlook.com, за да се натпреварува со Гмаил (анг. Gmail). На 4 септември 2012, Мајкрософт го пушти во употреба Виндоус опслужувач 2012 (анг. Windows Server 2012). На 1 октомври, Мајкрософт најави дека планира започне со прикажување на новости, како дел од новиот изглед на МСН (подоцна во истиот месец, во исто време со пуштањето во употреба на Виндоус 8). На 26 октомври 2012, Мајкрософт го пушти во употреба Виндоус 8 и Мајкрософт Сурфејс. Три дена подоцна, и Виндоус Фоун 8 беше пуштен во употреба. За да излезе на крај со потенцијално зголемување на побарувачка за нивните производи и услуги, Мајкрософт отвори голем број на “празнични продавници” низ САД како надополнување на веќе постоечките “тули-и-малтер” (анг. Bricks & mortar) Мајкрософт продавници кои беа отворени во 2012. На 29 март 2013, Мајкрософт пушти во употреба трагач на патенти. Квалитетот на сензор-направата Кинект (анг. Kinect) беше подобрен пред пуштањето во употреба на осмата генерација на Иксбокс во 2013, а нејзините квалитети беа прикажани во мај 2013. Новиот Кинект користеше ултра-широка камера со 1080 пиксели, која може да функционира и во темно заради инфрацрвениот сензор, го имаше едниот од најмоќните и најскапите обработувачи како и нов софтвер, можеше да разликува мали движења (како мрдање на палецот), и направата можеше да го утврди пулсот (срцебиењето) со гледање во лицето. Мајкрософт пополни барање за добивање патент кое би и одобрило на корпорацијата да го користи Кинект системот за да го следи однесувањето на тв-гледачите како дел од планот да се доживее подобро искуство при гледањето тв. На 19 јули 2013, акциите на Мајкрософт го доживеаја својот најголем едно-дневен пад од 2000 година, откако четвртиот тромесечен извештај на Мајкрософт ги загрижи инвеститорите заради слабиот успех на Виндоус 8 и Сурфејс таблетот; со падот поголем од 11%, Мајкрософт истрпи загуба од 32 милјарди долари. Во Фискалната 2010 година, Мајкрософт имаше 5 различни продуктни линии: Виндоус Дивизија (анг. Windows Division), опслужувачи и Алатки (анг. Servers and Tools), Дивизија за Онлајн Услуги (анг. Online Services Division), Мајкрософт Бизнис Дивизија (анг. Microsoft Business Division), и Дивизија за Забава и Уреди (анг. Entertainment and Devices Division). На 3 септември 2013, Мајкрософт се согласи да го откупи одделот за мобилни телефони на Нокиа за 7 милјарди долари. Исто така во 2013 Ејми Худ (анг. Amy Hood) стана финансиски директор (анг. Chief Financial Officer) на Мајкрософт. Моментално извршен директор на Мајкрософт е Стив Балмер (анг. Steve Ballmer) кој планира да се повлече од функцијата 12 месеци по август 2013. Здружението Интернет-достапност За Сите (анг. The Alliance for Affordable Internet, A4AI) започна со работа во октомври 2013. Негови членови беа јавни и приватни организации помеѓу кои Мајкрософт, Фејсбук, Интел и Гугл. Предводено од Тим Бернерс-Ли (анг. Tim Berners-Lee), здружението бараше цените за користење на интернет да се намалат, така што луѓето од земјите во развој ќе можат да си дозволат да го користат. Во овие земји само 31% од луѓето се поврзани на интернет. Гугл би помогнал да се намалат цените на услугата “користење на интернет” така што цените би паднале под замислената цел на Комисијата на ОН од 5% од месечниот приход.

Реорганизација

[уреди | уреди извор]

Во согласност со созревањето на бизнисот со лични сметачи, во јули 2013 мајкрософт најави дека ќе се реорганизира во 4 нови бизнис дивизии распределини по функција: Оперативни системи (анг. Operating Systems), Апликации (анг. Applications, Apps), Облак (анг. Cloud) и Уреди (анг. Devices). Сите дивизии кои постоеја претходно ќе бидат разредени низ новите дивизии, и ова ќе биде направено без загуба на работни места.

Виндоус Дивизија, опслужувачи и Алатки, Дивизија за Онлајн Услуги

[уреди | уреди извор]

Дивизија за клиенти ги произведе главните оперативни системи, како што беше Виндоус 8; исто така ја произведе и Виндоус Лајв (анг. Windows Live) линијата на производи и услуги. Дивизијата опслужувачи и Алатки ја произведе опслужувач-верзијата на Виндоус, како што е Виндоус опслужувач 2008 Р2 (анг. Windows Server 2008 R2), како и сетот на алатките за развој наречени Мајкрософт Визуел Студио (анг. Micorosft Visual Studio), Мајкрософт Силверлајт (анг. Microsoft Siverlight), основата за семрежните прилози, и Центарот за конфигурација и менаџирање на Системот (анг. System Center Configuration Manager), сет на алатки кои овозможуваа способности за далечинско управување, менаџирање на исправки, дистрибуција на софтвер и инвентар на хардвер/софтвер. Други опслужувачки производи се: Мајкрософт SQL опслужувач (анг. Microsoft SQL Server), систем за менаџирање на бази на податоци, Мајкрософт Ексчејнџ опслужувач (анг. Microsoft Exchange Server), за одредена бизнис-ориентирана електронска пошта и способност за закажување, Смол Бизнис опслужувач (анг. Small Business Server), за праќање пораки и некои други способности карактеристични за малите бизниси; и Мајкрософт БизТок опслужувач (анг. Microsoft BizTalk Server), за паметно бизнис менаџирање. Мајкрософт пружи ИТ консултирање (“Microsoft Consulting Services”) и овозможува програми за сертификација кои се регулирани од дивизијата опслужувачи и Алатки, со цел да се пронајдат индивидуалци кои имаат познавања и вештини за одредена функција; ова вклучува девелопери (“Microsoft Certified Solution Developer”), аналитичари/инженери на системи и мрежи (“Microsoft Certified Systems Engineer”), тренери (“Microsoft Certified Trainers”) и администратори (“Microsoft Certified Systems Administrator” и “Microsoft Certified Database Administrator”). Мајкрософт Прес (анг. Microsoft Press), кој објавува книги, е исто така менаџиран од оваа дивизија. Дивизијата на Онлајн Услуги и Бизниз (анг. The Online Services and Business Division) раководи со онлајн сервисот МСН и со онлајн пребарувачот Бинг. Од декември 2009, компанијата исто така поседува 18% од кабелскиот канал за новости МСНБЦ, без никаква контрола врз пласирањето на вестите и новостите; но во секој случај, дивизијата го одржува мрежното место на овој канал, msnbc.com, заедно со другиот ко-сопственик на каналот, НБЦ Универзал (анг. NBC Universal).

Бизнис Дивизија

[уреди | уреди извор]

Бизнис дивизијата на Мајкрософт го произведува сетот Мајкрософт Офис (анг. Microsoft Office), вклучувајќи го и Мајкрософт Офис 2010 (анг. Microsoft Office 2010), канцеларискиот софтвер на Мајкрософт. Овој софтверски производ ги содржи: Word (процесир на зборови), Access (програма за бази на податоци), Excel (табеларна програма), Outlook (сервис за електронска пошта, често се користи заедно со Exchange Server), PowerPoint (софтвер за презентации), Publisher (софтвер за проектирање) и SharePoint. Голем број на други производи беа додадени подоцна со пуштањето во употреба на Офис 2003 (анг. Office 2003), како што се Визио (анг. Visio), Проџект (анг. Project), МапПоинт (анг. MapPoint), ИнфоПат (анг. InfoPath) и Ноут (анг. Note). Дивизијата исто така развива и софтвер за планирање (анг. Enterprise Resource Planning, ERP) за компании кои спаѓаат во брендот Мајкрософт Дајнамикс (анг. Microsoft Dynamics). Овде се вклучени: Мајкрософт Дајнамикс AX (анг. Microsoft Dynamics AX), Мајкрософт Дајнамикс НАВ (анг. Microsoft Dynamics NAV), Макрософт Дајнамикс ГП (анг. Microsoft Dynamics GP), и Мајкрософт Дајнамикс СЛ (анг. Microsoft Dynamics SL). Овие софтвери се наменети за различни видови на компании и земји, и се лимитирани на организации чиј број на вработени е под 7,500. Исто така во Дајнамикс брендот вклучен е и софтверот за менаџирање на односи со клиентите, наречен Мајкрософт Дајнамикс ЦРМ (анг. Microsoft Dynamics CRM), дел од платформата Азур Сервисес (анг. Azure Services Platform).

Дивизија за Забава и Уреди

[уреди | уреди извор]

Дивизијата за Забава и Уреди ги произведува Виндоус ЦЕ (анг. Windows CE), оперативниот систем за вградените системи и Виндоус Фоун (анг. Windows Phone), оперативниот систем за паметните телефони. Мајкрософт првобитно влезе на пазарот за мобилни телефони со Виндоус ЦЕ за уредите дизајнирани да бидат држани во раце, подоцна развивајќи го оперативниот систем Виндоус Мобајл (анг. Windows Mobile) и на крај, Виндоус Фоун (анг. Windows Phone). Виндоус Це е дизајниран за уреди каде што оперативниот систем не е видлив за крајниот корисник, воглавно за апарати и коли. Дивизијата исто така произведува компјутерски игри кои работат на компјутери кои користат Виндоус и други оперативни системи. Во овие игри спаѓаат: Age of Empires, Halo и серијата Microsoft Flight Simulator. Исто така оваа дивизија е дом и на Бизнис Единицата Макинтош (анг. Macintosh Business Unit) која го произведува оперативниот систем Макинтош вклучувајќи го и Мајкрософт Офис 2011 (анг. Microsoft Office 2011). Дивизијата за Забава и Уреди дизајнира, промовира, и произведува електроника за потрошувачите вклучувајќи ја и играчката конзола Xbox 360, медиа плејерот Зун (анг. Zune), како и интернет-заснованата ТВ - МСН. Мајкрософт исто така промовира хардвер за лични сметачи вклучувајќи глувци, тастатури, и различни гејмерски контролери, како што се џојстикот и гејмпедот (рачка за играње).

Преземања

[уреди | уреди извор]

Во 2018 година, „Мајкрософт“ објавил дека постигнал договор за купување на фирмата „Гитхаб“ (GitHub) по цена од 7,5 милијарди долари, а тоа ретставувало второто најголемо преземање по она од 2016 година, кога „Мајкрософт“ ја презел фирмата „Линкдин“ (LinkedIn) по цена од 26 милијарди долари.[1]

Техничките упатства за девелоперите и артикли од различни Мајкрософт магазини, како што е Мајкрософт Системс Журнал (анг. Microsoft Systems Journal) се достапни преку Мајкрософт Мрежата за Девелопери (анг. Microsoft Developer Network). Оваа мрежа исто така така нуди претплата за компании и индивидуалци, а поскапите претплати нудат пристап до бета верзии на Мајкрософт софтвер пред тој да буде пуштен во јавна употреба. Во април 2004, Мајкрософт пушти во употреба мрежно место за девелопери и корисници, наречен Канал9 (анг. Channel9), на кој има wiki (уредување на артиклите од страна на корисниците) и Интернет форум (анг. Internet forum). Друго мрежно место кое овозможува пристап до секојдневни видео-преноси и други услуги, On10.net , беше пуштен во употреба на 3 март 2006. Бесплатна техничка поддршка е обезбедена преку онлајн групата за новости Јуснет (анг. Usenet), и КомпуСерв (анг. CompuServe) во минатото, кои се надгледувани од вработени во Мајкрософт; може да постојат повеќе различни групи за новости за еден ист производ. Луѓето кои се корисни за овие форуми и групи добиваат положба на MVP (Microsoft Most Valuable Professional) од страна на вработени во Мајкрософт. Ова им овозможува да добијат специјален социјален статус и им отвора можности за добивање награди и други бенефиции.

Микрософт постојано добива критики (анг. Microsoft) заради различните гледишта кон нивниот начин на работа и нивните производи. Олеснето користење, стабилност, и безбедноста на софтверот се едни од најчестите мети на критика. Во последно време, тројанските вируси и други експлоити заразија голем број на корисници заради недостатоци во безбедносниот систем на Микрософт Виндоус (анг. Microsoft Windows) и недостатоци во некои други програми на Микрософт. Исто така, Микрософт е обвинет за присилување на трговци да работат само со нивни производи, и за избегнување постоечките стандарди при создавање на нивниот софтвер. Споредбата на целокупните трошоци со Линукс (анг. Linux), како и на OS X со Виндоус (анг. Windows), се постојана точка на дебата. Компанијата е тужена повеќепати од страна на неколку влади и други компании заради против-законска работа како монополска компанија. Во 2004, Европската Унија го осуди Микрософт за на во случајот кој стана познат низ целиот свет. Често е критикуван и договорот кој треба да биде прифатен од страна на корисниците за да користат услуги и сервиси на Микрософт. Се смета дека овој договор премногу ги ограничува корисниците и дека Микрософт е против создавање и употреба на софтвер со отворен код (за ре-програмирање). Микрософт, заедно со Јахоо (анг. Yahoo), АОЛ (енг. AOL), Гоогле (анг. Google) и други, е критикуван заради нивната вмешаност во употребата на цензура во Кина. Микрософт исто таке е критикуван заради изнајмување компании од Кина и Индија да ја вршат нивната работа. Постојат извештаи дека условите во една компанија во Кина (која ги произведува некои од производите на Микрософт) се ужасни.

Корпорациски афери

[уреди | уреди извор]

Компанијата е предводена од одбор на директори, воглавно составен од неутрални лица, како што е вообичаено за јавно-тргуваните компании. Сметајќи од февруари 2014 - членови на одборот на директори се: Џон Томпсон (анг. John W. Thompson) , Стив Балмер (анг. Steve Balmer), Дина Даблон (анг. Dina Dublon), Бил Гејтс (анг. Бил Гејтс), Марија Клав (анг. Maria Klawe), Стивен Лузо (анг. Stephen Luczo), Дејвид Маркварт (анг. David Marquardt), Месон Морфит (анг. Mason Morfit), Сатја Надела (анг. Satya Nadella), Чарлс Носки (анг. Charles Noski) и Хелмут Пенк (анг. Helmut Panke). Членовите на одборот на директори се избираат секоја година на годишното среќавање на акционерите. Се употребува систем на мнозинско гласање. Постојат 5 комитети во склоп на одборот кои се надгледуваат специфични работи. Во овие комитети спаѓаат: Комитетот за Проверка (анг. Audit Committee), кој се справува со сметководствените проблеми на компанијата, вклучувајќи проверка и извештување; Комитетот за надоместоци (анг. Compensation Committee), кој ја одредува платата на извршниот директот на компанијата, како и на другите вработени во компанијата; Комитетот за финансии (анг. Finance Committee), кој е задолжен за финанските зделки, (како што се спојување со други компании и откупување на други компании); Комитетот за Номинирање (анг. Nominating Committee), кој е воглавно задолжен за номинирање на членови за одборот на директори; и Комитетот за Соработка (анг. Antitrus Compliance Division), кој има задача да ја спречи компанијата од прекршување на некој закон.

Кога Мајкрософт ја лансираше својата прва јавна понуда на акции (анг. Initial public offering) во 1986, првобитната цена за една акција беше 21 долар; откако денот на тргување заврши - една акција вредеше 27.75 долари. Сметајки од јули 2010 (со девет-кратната поделба на акциите), вредноста на секоја акција купена на првобитно отворање се зголеми за 288 пати; ако некој би купил една акција денес (вклучувајќи ги поделбите и другите фактори) би платил само 9 центи. Цената на акциите го достигна својот врв во 1999 со цена од околу 199 долари (60.928 при порамнување за акциите под влијание на девет-кратната поделба). Компанијата почна да дава дивиденда на 16 јануари 2003, започнувајќи со 8 центи по акција за фискалната година, која беше следена со дивиденда од 16 центи по акција за следната година. Во 2005 година Микрософт го промени системот на исплаќање од годишна дивиденда – во тромесечна дивиденда од 8 центи за едно тромесечие и специјална еднократна исплата од 3 долари по акција за второто тромесечие на фискалната година. Иако дивидентните исплати се зголемуваа со текот на годините во компанијата, цената на акциите остана сталожена со години. Една од бизнис тактиките на Микрософт, опишана од еден извршител како “преземи, измени, елиминирај” (анг. “embrace, extend and extinguish), прво презема некој стандард или производ од конкурентска компанија, потоа го изменува и произведува своја верзија која не е во склад со стандардот, што на крај резултира со елиминирање на конкуренцијата која не е во можност да ја користи новата верзија произведена од Микрософт. Голем број на компании и влади го тужат Микрософт заради оваа тактика и овој начин на работа, што резултира со милјардерски тужби против компанијата. Микрософт тврди дека оригиналната стратегија не е анти-конкурентска, туку начин дискретно да се вметнат некои одлики за кои Микрософт верува дека се барани од клиентите.

Финансии

[уреди | уреди извор]

Стандард енд Поор’с (анг. Standard and Poor’s) и Мооди’с (анг. Moody’s) му дадоа ААА рејтинг на Микрософт, чии средства се проценети на 41 милјарди долари, во споредба со нивните кредити кои се само 8.5 милјарди долари. По ова, во февруари 2011 година, Микрософт пушти во употреба корпорациски меници во вредност од 2.25 милјарди долари со релативно помала каматна стапка споредена со државните меници. За првпат во 20 години Аппле Инц. (анг. Apple Inc.) го надмина Микрософт со профит и приход во првото тромесечие на 2011 година заради опаднатата продажба на лични сметачи и постојаните загуби на Онлајн Дивизијата на Микрософт [во која спаѓа и пребарувачот Бинг (анг. Bing)]. Профитот на Микрософт беше 5.2 милјарди долари, додека профитот на Аппле Инц. беше околу 6 милјарди долари, при приходи од 14.5 милјарди долари на прво-споменатата компанија и 24.7 милјарди долари на второ-споменатата компанија. Дивизијата за Онлајн Услуги на Микрософт (анг. Microsoft’s Online Services Division) постојатно носеше загуби почнувајќи од 2006 и во провото тромесечие на 2011 изгуби 726 милиони долари. Ова следеше по загубата од 2.5 милјарди долари во 2010 година. На 20 јули 2012 година Микрософт ја објави својата прва тромесечна загуба, и покрај огромните приходи за спомнатото тромесечие и за фискалната година. Нето загубата изнесуваше 492 милиони долари заради намалувањето на вредноста на маркетинг компанијата аКуантиве (анг. aQuantive) која беше откупена за 6.2 милјарди долари во 2007 година. Сметајќи од јануари 2014 година пазарната вредност на Микрософт изнесува 314 милјарди долари, што ја прави осма најголема компанија во светот по пазарна вредност.

Во 2011 година, Гринпис (анг. Greenpeace) објави извештај во кој беа специфицирани 10те најголеми брендови кои вдомуваат податоци. Во тоа време, складовите за чување на податоци искористуваа до 2% од целата електрична енергија во светот, а се очекуваше и зголемување на овие бројки. Фил Радфорд (анг. Phil Radford) од Гринпис рече “загрижени сме поради ова зголемено искористување на електричната енергија и се плашиме дека ова може да не задржи на старите, загадувачки енергетски извори наместо да води кон зголемена употреба на новата “чиста” електрична енергија која е достапна денес. Амазон (анг. Amazon), Микрософт и другите светски водачи во информатичката технологија мора да прифатат имплементирање на новата чиста електрична енергија во своите податочни центри.” Микрософт е рангиран на 17тото место во Водичот кон Чиста (Зелена) Електроника објавен од Гринпис (анг. Greenpeace’s Guide to Greener Electronics) која рангира 18 произведувачи на електроника според нивнитa политика за справување со токсични хемикалии, рециклирање и климатски промени. Микрософт објави план според која ќе се води и постепено ќе ги елиминира штетните материјали од нивните производи. Во јануари 2011 година, Микрософт сè уште немаше ниту еден производ кој е целосно без штетни материјали [како ПВЦ (анг. PVC) и БФР (анг. BFR).] Во 2008 година главниот кампус на Микрософт, кој е сместен во САД, доби сребрен сертификат од Предводничката програма за енергија и просторен дизајн (анг. Leadership in Energy and Enviromental Design). Кампусот инсталира преку 2000 сончеви плочи на крововите од своите згради во кампусот во Силициумската Долина (анг. Silicon Valley), генерирајќи околу 15 проценти од целосната потребна енергија за работа на кампусот во април 2005 година. Микрософт користи алтернативни транзитни методи. Микрософт го создаде едниот од најголемите автобуски системи, Поврзувачот (анг. The Connector), за да пренесува луѓе од и до компанијата; за транспорт низ кампусот, го создаде Шатл Конект (анг. Shuttle Connect), кој користи голема флота на хибридни возила со цел да се заштеди на гориво. Компанијата исто така го потпомага јавниот транспорт со парични стимулации. Сепак во февруари 2010 година Микрософт изрази противење на одлуката да се зголеми капацитетот на јавниот транспорт и бројот на ленти кој води кон мостот кој ги спојува Редмонд (анг. Redmond) и Сиетл (анг. Seattle); компанијата не сакаше да трпи подолго одолговлечување. Микрософт беше рангиран на прво место според листата Најдобри Мултинационални Работни Места во Светот (анг. World’s Best Multinational Workplaces) во 2011 година.

Маркетинг

[уреди | уреди извор]

Во 2004, Микрософт задолжи неколку фирми за истражување да направат самостојни истражувања во кои ќе ги споредат целосните трошоци на еден корисник на Виндоус опслужувач 2003 (анг. Windows Server 2003) и еден корисник на Линукс (анг. Linux); фирмите заклучија дека многу компании сметаат дека Виндоус е многу полесен за користење и за администрација отколку Линукс. Исто така беше заклучено дека корисниците на Виндоус исто така можат побрзо да ја завршат својата работа, што резултира со помали финални трошоци за еден корисник. Ова предизвика бура од слични истражувања; истражување од Јенки Групацијата (анг. Yankee Group) заклучи дека префрлањето од постара верзија на Виндоус опслужувач на понова би чинело многу повеќе отколку префрлање од Виндоус опслужувач на Линукс. Компаниите кои беа интервјуирани предупредија дека Линус нема сто-постотна сигурност, додека пак Микрософт ги заклучува своите корисници во својот круг принудувајќи ги да користат само производи на Микрософт. Според друго истражување направено од страна на ОСДЛ (анг. OSDL), се констатираше дека истражувањата нарачани од страна на Микрософт се застарени и прикажани само од една гледна точка. Исто така констатирано е дека целосните трошоци на Линукс се помали бидејќи администраторите на Линукс можат да одржуваат повеќе опслужувачи истовремено и заради други причини. Како дел од кампањата Дознај ги Фактите (анг. Get the Facts), Микрософт потсети на платформата за тргување наречена НЕТ (анг. NET), која ја разви во партнерство со Аццентуре (анг. Accenture) за Лондонската Берза за тргување со Акции (анг. London Stock Exchange), за која се тврдеше дека обезбедува стабилност од 5 деветки (99.999%). По долгото време на застој и нестабилност во 2009 година, Лондонската Берза за тргување со акции објави дека планира да го отфрли производот на Микрософт и да се префрли на Линукс во 2010 година. Во 2012 година, Микрософт го вработи политичкиот истражувач Марк Пен (анг. Mark Penn) како потпретседател во одделот за Маркетинг и Стратегија. Њујорк Тајмс (анг. New York Times) го сметаше Марк Пен за личност која ги прегазува своите политички противници. Пен направи серија на негативни реклами кои беа насочени кон еден од главните конкуренти на Микрососфт, Гоогле. Рекламите, кои беа нарелени “Scroogled”, наговестуваа дека Гоогле пробува да ги зафркне своите клиенти со резултати од пребарувањето кои се наместени да ги фаворизираат компаниите кои плаќаат на Гоогле за да добијат рекламен простор. Исто така се наговестува дека Гмаил (анг. Gmail) навлегува во приватноста на своите клиенти за да им прикаже реклами кои се поврзани со нивните навики за купување, со цел да се фаворизираат производите на Гоогле и компаниите кои се рекламираат на Гоогле. Издавачките куќи од областа на технологијата, како Тех Кранч (анг. Tech Crunch) ја критикуваа оваа рекламна кампања, додека вработените во Гоогле мирно ја прифатија.

Соработка со Владата на Соединетите Американски Држави

[уреди | уреди извор]

Микрософт прво доставува информации за пронајдените грешки во нивниот софтвер до службите на САД, пред да ги пушти во употреба подобрените софтвери во кои претходно пронајдените грешки се елиминирани. Портпарол на Микрософт изјави дека во корпорацијата постојат неколку програми кои соработуваат со Владата на САД и ги делат ваквите информации со нив. По извештаите низ медиумите за ПРИСМ (анг. PRISM) [огромната програма на НСА (анг. NSA) за надгледување] во мај 2013 година неколку компании беа идентификувани како учесници, помеѓу кои беше и Микрософт. Според извештаите од програмата, Микрософт се приклучил на ПРИСМ програмата во 2007 година. Сепак, во јуни 2013 година, во официјално соопштение Микрософт цврсто негираше каква било нивна поврзаност со оваа програма. “Ние ги делиме корисничките податоци само кога добиваме судски налог или судска покана за тоа, и никогаш не делиме податоци самоволно. Освен ова, ние прифаќаме само налози кои се за некои одредени кориснички сметки. Ако владата има некоја поголема национална програма за собирање на кориснички податоци, ние не сме дел од неа.” Во првите 6 месеци од 2013 година, Микрософт добил налози кои директно влијаеа на 15,000 до 15,999 налози.

Микрософт го презеде таканареченото „Пак-Ман Лого“ (Pac-Man Logo), дизајнирано од Скот Бејкер (Scott Baker) во 1987 година. Бејкер нагласи дека новото лого, кое е изработено со Хелветика закосен слог (Helvetica italic typeface) , има закосена црта помеѓу О и С за да се нагласи подвижноста и брзината на компанијата. Дејв Норис (Dave Norris) започна кампања за зачувување на старото лого на Микрософт (која всушност беше внатрешна шега во компанијата). Старото лого беше зелено, со сите големи букви, и имаше екстравагантна буква О - наречена блиббет (Blibbet), која подоцна беше отрфрлена. Логото на Микрософт со натписот “Ваш потенцијал. Наша страст” (Your potential. Our passion) под главното име на корпорацијата, е слоган кој Микрософт го користеше во 2008 година. Во 2002 година, компанијата започна да го користи новото лого во Соединетите Американски Држави и подоцна започна ТВ кампања со новиот слоган, наместо стариот „Каде сакаш да одиш денес?“ (Where do you want to go today?). За време на приватната конференција на Микрософт (Microsoft Global Exchange) во 2010 година, Микрософт го најави новиот слоган на компанијата наречен “Биди тоа што следи” (Be What’s Next). На 23 август 2012, Микрософт го прикажа своето ново корпоративно лого за време на отворањето на 23. Микрософт продавница во Бостон, најавувајќи ја промената на фокусот на компанијата – од класичниот стил кон новиот модерен и егоцентричен стил на интерфејс кој ќе се користи на Виндоус платформите за телефони, на Иксбокс 360 (анг. Xbox 360), на Виндоус 8 и на следните Офис комплети. Новото лого исто така вклучува и четири квадрати со боите на претходното Виндоус лого. Сепак ова лого не е целосно ново бидејќи се користеше во рекламите за Виндоус 95 (Windows 95) кон средината на 1990-тите.

  1. Мирослав Саздовски, „Мајкрософт го купува Гитхаб за 7,5 милијарди долари“, Економија и бизнис, година 20, број 241, јули/август 2018, стр. 82.