Барит
Барит | |
---|---|
Кристали на барит на доломит | |
Општо | |
Категорија | сулфатен минерал, баритна група |
Формула | BaSO4 |
Штрунцова класификација | 07.AD.35 |
Данина класификација | 28.03.01.01 |
Просторна група | праворомбична (2/m 2/m 2/m) двопирамидална |
Единична ќелија | a = 8,884(2) Å, b = 5,457(3) Å, c = 7,157(2) Å; A = 4 |
Распознавање | |
Боја | безбоен, бел, светлосини тонови, жолт, сив, кафеав |
Хабитус | табуларно паралелен до основата, влакнест, јазлест до масивен |
Кристален систем | праворомбичен |
Цепливост | совршен спој до основата и страните на призмата: {001} совршен, {210} совршен, {010} несовршен |
Прелом | неправилен/нерамен |
Жилавост | кршлив |
Цврстина на Мосовата скала | 3-3,5 |
Сјај | стаклест, бисерен |
Огреб | бела |
Проѕирност | проѕирен до непроѕирен |
Специфична тежина | 4,3–5 |
Густина | 4,48 гр/см3[1] |
Оптички својства | двооскен позитивен |
Показател на прекршување | nα = 1,634–1,637 nβ = 1,636–1,638 nγ = 1,646–1,648 |
Двојно прекршување | 0,012 |
Споивост | 4, жолтозелен „бариумски пламен“ |
Препознатливи одлики | бела боја, голема специф. тежина, карактеристична цепна линија и кристали |
Растворливост | слаба |
Наводи | [2][3][4][5] |
Барит — минерал со слична орторомпска структура и слични хемиски својства. А(SO4) е формула каде што А може да биде олово или стронциум. Градбта на овие минерали е слична и истите формираат слични кристални форми.
Членови на баритната гупа на минерали се:
- Барит (BaSO4, бариум сулфат)
- Хашемит (BaSO4 BaCrO4, бариум хромат сулфат)
- Целестит или целестин (SrSO4, стронциум сулфат)
- Англезит ( PbSO4, олово сулфат)
Барит
[уреди | уреди извор]Баритот може да биде безбојен или бел, а може да се најде и во зелена и жолта нијанса. Составен е од бариум сулфат BaSO4. Спаѓа во класата на сулфати, а во групата на барити.
- Тврдина: 3-3,5 по Мосовата скала;
- Цепливост: идеална базална и призматична;
- Прекршување: школкесто;
- Густина: 4,3-4,6;
- Сјајност-стаклеста;
- Кристален систем-орторомпски;
- Трага: бела;
- Особини по кои се познава: кристалниот облик и густината;
- Придружуван од: халкопирит, пирит, калцит, кварц и железо.
Име и својства
[уреди | уреди извор]Баритот своето име го добил од грчкиот збор „barys“ што значи тежок и густ. Хемискиот барит претставува сулфат на бариум — BaSO4, и истиот е инертен и нерастворлив. Чистиот барит е бел или безбоен по боја, но може да го обои минералот и во жолтеникави, зеленикави, синкави нијанси. Тој е мек 3-3,5 по Мосовата скала, не може да се изгребе со нокт, но не значи дека не може да се изгребе и со некој друг предмет
Кристална структура
[уреди | уреди извор]Баритот може да се јави во три форми: нормални кристали, агрегатни кристали и во некристални форми. Баритните кристали се големи и сјајни. Најголем баритен кристал е пронајден со тежина од 45,5 кг.
Нормални кристали
[уреди | уреди извор]Баритните кристали најчесто се плочести иако се срекаваат и кристали во лушпеста форма и со иглично обликувани врвови. Ромпско холоедарски кристализираат, имаат остри иглести облици и мали призматични облици кои формираат аглести испакнувања на секоја страна. Надворешниот изглед им е сличен како кај дијамантот (сл. bр 2). Баритните кристали често се јавуваат во вид на цик-цак примероци и е резултат на рамнината на слабост кои се наогаат внатре во кристалната структура. Поради мекоста, неоштетените кристали се многу тешки за обработка, и може да биде несоодветен за јувелирска употреба
Агрегатни кристали
[уреди | уреди извор]Некристални форми
[уреди | уреди извор]Баритот се јавува во форма на груби, листетсти и зрнести маси а може и во форма на јазли. На сл бр. 4 се дадени примероци од некристална форма.
Генеза на баритни наогалишта
[уреди | уреди извор]Генетско оформување
[уреди | уреди извор]Некои баритни наогалишта се оформиле на тој начин што хидротермалните флуиди кои извирале од морското дно преципитирале барит. Со оддалечувањето на изворот и со мешањето на морската вода-хидротермалниот флуид претрпел промени и сето тоа имало влијание на составот на хемиските седименти. Други се оформени со ерозија на хемиски седименти или од полузацврстени глини кои содржат барит.
Период на минерализација
[уреди | уреди извор]Баритните наоѓалишта се среќаваат кај карпи настанати од Архаик до Мезозоик, но повеќе во оние од среден доцен Палеозоик. Баритните наогалишта може да достигнат дебелина од неколку метри па до повеќе од 50 метри, а страничното простирање може да биде повеќе квадратни километри. Како приджувани минерали на баритот се јавуваат повеќе и тоа: халкопирит, пирит, цинк, сребро, железо, никел свалерит кварц и други. Поважни типови на карпи што содржат барит се: карбонати и силикатни шкрилци, аргилити, доломити и варовници.
Најголем дел од баритот од слоевити седиментни карпи се формирале кога баритот се сталожил на океанското морско дно, а кај некои ги има кои се исталожиле од топлите подземни води. Има многу баритни наоѓалишта но некои се исплатливи а некои не. Како експлоататори на барит се: Кина, Индија, Романија и Велика Британија.
Баритот е чест минерал, тој е безбоен но може да биде зонски обоен со светлокафеави срцевини. Како придружни минерали можат да се најдат пирит, хематит и други.
Економски фактори
[уреди | уреди извор]Потребите на технолошкиот развој е битен дел за баритот што се појавува на пазрот да се добива како спореден производ од ископувањето на металите. Во последно време на баритатите без сулфиди им се дава предност од страна на производителите. Транспортните трошоци и содржината на земно- алакалните метали растворливи во вода и сулфиди се важни фактори за употреба на барит при дупчењето на гас и нафта.
Анализи и одлики
[уреди | уреди извор]Баритот е често застапен минерал, но може погрешно да се идентифицира со други минерали како на пример: целеститот и стронциумот (минерали на стронциум), хидроцинкитот (минерал на цинкот), англезитот( минерал на оловото), исто така имаат голема густина слична боја и неметален изглед. Тие се ретки и имаат голема потенцијала вредност од баритот.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Hanor, J. (2000). „Barite-celestine geochemistry and environments of formation“. Reviews in Mineralogy. Washington, DC: Mineralogical Society of America. 40: 193–275. ISBN 0-939950-52-9.
- ↑ Dana, James Dwight; Ford, William Ebenezer (1915). Dana's Manual of Mineralogy for the Student of Elementary Mineralogy, the Mining Engineer, the Geologist, the Prospector, the Collector, Etc (13. изд.). John Wiley & Sons, Inc. стр. 299–300.
- ↑ Барит Mindat (англиски)
- ↑ Податоцио за баритот - Webmineral (англиски)
- ↑ Baryte, Handbook of Mineralogy
|