Аспарух
Аспарух | |
---|---|
Хан на Бугарија | |
На престол | 681–701 |
Претходник | Кубрат |
Наследник | Тервел |
Роден(а) | околу 640 |
Починал(а) | 701 крај Днепар, денес Украина |
Деца | Тервел Ајар |
Династија | Дуло |
Татко | Кубрат |
Аспарух (околу 640-701) — творецот и првиот владетел на Дунавска Бугарија, којшто со 30.000 до 50.000 Прабугари (Уногундури)[1][2][3] дошол од исток кон утоката на Дунав, бегајќи од Хазарите, кои ја уништиле Стара Велика Бугарија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Откако ги покорил словенските племиња и ги разбил Византијците, во 681 година Аспарух ја создал првата држава на Прабугарите на Балканскиот Полуостров со седиште во Плиска, од каде што подоцна ќе ги проширува границите на својата држава на просторот до Стара планина. Во „Именик на бугарските ханови„ Аспарух е наречен кнез, но историчарите мислат дека оригиналната титула треба да е хан. Постои една теорија според која вистинското име на бугарскиот владетел e Батај, a „Аспарух“ е грчки изговор на титула во смисла на кнез.[4] Се смета дека Аспарух загинал во борба со Хазарите.
Аспарух бил од значајниот болјарски род Дуло, а татко му бил ханот Кубрат, основачот на Стара Велика Бугарија. Според легендата Аспарух имал уште 4 браќа - потврден е само Батбајан, за Котраг се претпоставува дека доаѓа од името на прабугарското племе Котраги; наспроти хипотезите, нема никакви податоци дека Кубер и Алцек се негови браќа.
Литература
[уреди | уреди извор]- ↑ Васил Н. Златарски. История на Първото българско Царство. Епоха на хуно-българското надмощие с. 188.
- ↑ Ал. Бурмов, Създаване на Българската дъжава с. 132.
- ↑ Образуване на българската народност. Димитър Ангелов (Издателство Наука и изкуство, „Векове“, София 1971) с. 203—204.
- ↑ За името на Аспарух - на бугарски
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Претходник Батбајан |
Кан на Бугарија 681–околу 700 |
Наследник Тервел |
|