Прејди на содржината

Абидос

Координати: 26°11′06″N 31°55′08″E / 26.18500° СГШ; 31.91889° ИГД / 26.18500; 31.91889
Од Википедија — слободната енциклопедија
Абидос
أبيدوس
Фасадата од храмот на Сети I во Абидос
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value
Друг називⲈⲃⲱⲧ; Abdju
ОбластГорен Египет
Координати26°11′06″N 31°55′08″E / 26.18500° СГШ; 31.91889° ИГД / 26.18500; 31.91889
Виднаселба
Историја
РаздобјеПрва династија до Триесетта династија
Дел од плочата со имиња на кралеви од Абидос

Абидос (коптски: Ⲉⲃⲱⲧ, арап. أبيدوس) староегипетски свет град, на левиот брег на Нил, каде што денес е селото Ел-араб-ел-Мадум. Тука се наоѓа еден од најважните археолошки наоѓалишта на древниот Египет, каде се наоѓаат бројни храмови, вклучувајќи го Ум ел Ка'аб, кралската некропола во која биле погребани првите фараони.[1]

Абидос бил кралска гробница на првите две династии, а подоцна и центар на поклонение за обожување на Озирис, богот на сонцето и плодноста, кој според легендата тука бил убиен и погребан. Освен гробовите на фараоните од IV милениум п.н.е., зачувани се храмови од времето на Рамзес II и Сети I, додека други, меѓу кои и Рамзес III и Тутмос III, го разубавиле храмот посветен на Озирис. Храмот на Сети I е еден од најубавите, и помогнал при дешифрирањето на египетската историја. Во втората галерија се наоѓа релјеф, таканаречениот Список на кралеви од Абидос,[2] каде се гледаат Сети и неговиот син Рамзес, кои принесуваат жртви на 76-те претходници.

  1. „Tombs of kings of the First and Second Dynasty“. Digital Egypt. UCL. Архивирано од изворникот на 6 January 2008. Посетено на 2008-01-15.
  2. Misty Cryer (2006). „Travellers in Egypt – William John Bankes“. TravellersinEgypt.org. Архивирано од изворникот на 2016-08-14.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]