Џејн Ер
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Насловна страница на првото издание на Џејн Ер | |
Автор | Шарлот Бронте |
---|---|
Земја | Англија |
Јазик | Англиски |
Жанр | општествена критика |
Издавач | Smith, Elder & Co., Cornhill |
Издадена | 16 октомври 1847 |
Медиум |
Џејн Ер е познат и влијателен роман од англиската авторка Шарлот Бронте. Првпат бил објавен во Лондон, Англија во 1847 од страна на Смит, Елдер & Ко, со наслов Џејн Ер. Автобиографија под псевдонимот “Курер Бел”. Американското издание излегло наредната година, издадено од страна на Харпер & Брадерс во Њуjорк.
Содржина на приказната
[уреди | уреди извор]Вовед во содржината на романот
[уреди | уреди извор]Џејн Ер е главниот лик во романот кој раскажува во прво лице еднина. Романот поминува низ пет различни фази:
- Детството на Џејн во Гејтшед, каде што таа е емоционално и физички злоупотребувана од страна на нејзината вујна и братучеди;
- Нејзиното образование во училиштето Ловуд каде што таа пронаоѓа и пријатели, но исто така страда и од немаштија;
- Нејзиното време како гувернанта во куќата Торнфилд, каде што се заљубува во нејзиниот Бајроничен работодавец, Едвард Рочестер * Нејзиното време поминато со фамилијата Риверс во Марш Енд и Мортон, каде нејзиниот студен свештеник – братучед Сент Џон Риверс ѝ предложува брак ;
- Нејзиното повторно спојување и венчавка со нејзниот љубен Рочестер.
Џејн Ер е роман поделен на 38 поглавја и повеќето изданија се најмалку по 400 страници (иако предговорот и воведот во некои копии заземаат и до дополнителни 100 страни)
. Оригиналниот роман е издаден во три тома, кој се сости од поглавјата 1 до 15, 16 до 26 и 27 до 38.
На моменти автобиографски, романот изобилува со критика на општеството. Ова е роман кој е сметан за пред своето време. И покрај темните и таинствени елементи, во романот се разликува доброто и лошото, моралното од неморалното.
Бронте го посветила второто издание на книгата на Вилијам Мејкпис Такери.
Поглавја 1-4: Детството на Џејн во Гејтшед
[уреди | уреди извор]Десетгодишно сираче по име Џејн Ер живее со фамилијата на нејзиниот вујко, наречени Ридс. Вујната на Џејн, Сара Рид воопшто не ја поднесува. Кога нејзиниот вујко умира, тетката и нејзините деца стануваат многу злонамерни кон неа. Кога е навредувана од страна на нејзиниот братучед Џон, Џејн му враќата на тоа, но потоа е казнета поради тоа и е заклучена во собата каде што починал г-динот Рид. Како што доаѓа ноќта, паничните вресоци на Џејн ја вознемируваат целата куќа, но г-ѓа Рид не ја пушта од собата. Џејн се онесвестува и г-динот Лојд, кој е аптекар е повикан во куќата. Тој разговара со Џејн и со симпатии и предложува дека треба да замине во некое училиште.
Поглавја 5-10: Образованието на Џејн во училиштето Ловуд
[уреди | уреди извор]Г-ѓа Рид ја испраќа Џејн во интернатот Ловуд, добротворно училиште, и ги предупредува дека Џејн е измамничка. За време на една инспекција, Џејн случајно ја крши нејзината табла, па г-дин Брокелхрст самоправедниот свештеник кој раководи со училиштето, ја означува како лажливка и ја посрамотува пред целиот клас.
Џејн е утешена од страна на нејзината пријателка, Хелен Брнс. Г-ѓца Темпл, грижливата учителка, потпомага во одбраната на Џејн, и му пишува на г-дин Лојд кој одговара во одбрана на Џејн. На крајот, Џејн е јавно ослободена од обвиненијата на г-дин Брокелхрст.
Додека семејството на Брокелхрст живее во луксуз, осумдесетмината ученички престојуваат во ладни соби, имаат слаби појадоци и носат тенка облека.Многу ученици се разболуваат за време на епидемија на тифус. Пријателката на Џејн, Хелен умира од истоштеност во самите прегратката на Џејн.
Кога негрижата и нечесноста на г-дин Брокелхрст се изнесени на виделина, неколку добротворци започнуваат со изградба на нов објект и условите на училиштето драматично се подобруваат.
Погјавја 11-26: Времето на Џејн како гувернанта во куќата Торнфилд
[уреди | уреди извор]Осум години подоцна, Џејн е учителка која е најмена од страна на Алис Ферфокс (домарката на куќата Торнфилд) како гувернанта за Адел Варен, младо француско девојче. Еден ден, за време на прошетка, Џејн се сретнува и му помага на еден коњаник, кој го повредил глуждот додека јавал. На нејзиното враќање во Торнфилд, дознава дека господинот на коњот е всушност Едвард Рочестер, сопственикот на Торнфилд. Рочестер е невесел, самоволен човек кој е близу дваесет години постар од Џејн. Адел е неговата заштитеничка, ќерка на некоја Француска “оперска пејачка” со која тој имал романтична врска во минатото. Меѓутоа, Адел не е негова ќерка, но е израсната од негова страна бидејќи нејзината мајка ја напуштила.
Г-дин Рочестер изгледа дека е доста обвземен од страна на Џејн и таа ужива во неговото друштво. Меѓутоа, чудни работи почнуваат да се случуваат: чудна смеа се слуша низ ходниците, за малку кобен пожар избувнува во куќата и еден гостин по име Менсон е нападнат.
Џејн добива вести дека г-ѓа Рид претрпела срцев удар и дека ја бара да дојде кај неа. Враќајќи се во Гејтшед, останува таму еден месец. Нејзината вујна е во смртна постела, но ги одбива сите напори на Џејн за помирување со неа. Сепак и дава писмо кое го чувала од злоба спрема Џејн. Писмото е од Џон Ер, чичкото на Џејн кој ја известува дека сака таа да живее со него заедно во Мадира.
Откако се враќа во Торнфилд, Џејн се плаши дека Рочестер сака да се венча со Бланш Инграм, но на една летна вечер, тој и ја изјавува својата љлубов на Џејн и и предложува брак. Како што таа се подготвува за венчавката, лошите претчуства на Џејн се остваруваат кога една чудна и диволика жена се прикрадува во нејзината соба една вечер и го раскинува нејзиниот венчален превез на два дела. Како и со некои претходни мистериозни случки, г-дин Рочестер го поврзува инцидентот со пијанството на една од слугите во куќата, Грејс Пул.
За време на венчалната церемонија, г-дин Менсон и еден адвокат изјавуваат дека г-дин Рочестер не може да се венча, бидејќи е веќе оженет со сестрата на г-дин Менсон. Г-дин Рочестер горчеливо го признава тоа, објаснувајќи дела неговата сегашна жена е насилна и умоболна жена која ја чува заклучена на таванот во куќата, а за неа се грижи Грејс Пул. Кога Грејс ќе се напиела премногу, и давало шанса на неговата жена да побегне и таа била вистинсикот предизвикувач на чудните случки во Торнфилд.
Г-дин Рочестер ја замолува Џејн да замине со него на југот на Франција и да живеат како сопруг и сопруга, иако не можат да се венчаат. Одбивајќи да оди против своите принципи, Џејн, и покрај нејзината љубов кон него, го напушта Торнфилд во текот на ноќта.
Поглавја 27-35: Времето на Џејн со семејството Риверс
[уреди | уреди извор]Џејн патува кон северот на Англија. Останувајќи без финансии, таа спие на надвор и моли за храна, но е одбиена како питач, крадец дури и полошо. Истоштена, е спасена од страна на Сент Џон Риверс, млад свештеник кој ја донесува во домот на неговите сестри Дајана и Мери. Како што и се подобрува нејзиното здравје, Сент Џон и наоѓа учителско работно место во блиско добротворно училиште. Џејн има топло пријателство со Мери и Дајана, но Сент Џон е премногу затворен во себе, и тој и Џејн не можат да се поврзат и покрај неговите напори да го преброди тоа по заслуга од нејзина страна. Џејн забележува дека братот и сестрите имаат проблем поврзан со финансиите, но не сака да ги загрижува прашувајќи за тоа.
Кога сестрите заминуваат да работат како гувернанти во Лондон, Сент Џон станува поопуштен во однос на Џејн, објаснувајќи ги конфликтите во неговото срце околу убавата и богата Розамонд Оливер. Кога Џејн го соочува со неговите чувства кон г-ѓица Оливер, тој признава дека ги потиснал тие чувства, бидејќи почувствувал дека е створен за мисионерска работа, и знае дека г-ѓица Оливер никогаш не би прифатила таков начин на живот.
Сент Џон го дознава вистинскиот идентитет на Џејн, и ја зачудува покажувајќи и писмо кое вели дека нејзинот чичко Џон починал и го оставил целото негово богатство во вредност од 20.000 фунти, или 1,560,000 денешни фунти. Кога Џејн дополнително продолжува да го испрашува, Сент Џонт и открива дека Џон е исто така чичко на него и неговите сестри. Тие некогаш се надевале на дел од неговото наследство, но се откажале од таа помисла од тогаш. Џејн, исполнета со радост по откритието на нејзиното семејство, инсистира да го поделат наследството подеднакво со нејзините братучеди.
Сент Џон ја замолува Џејн да го приддружува во Индија како негова сопруга. Тој верува дека Џејн ќе биде одлична во улогата на жена на мисионер и тоа е еднинствената причина за неговата брачна понуда. Таа се согласува да замине, но одбива брак, верувајќи дека неговите резервираност и разум се несогласливи со нејзинита топлина и страст. Но неговата моќ на убедување со време почнува да влијае на одлуката на Џејн.
Меѓутоа, токму во тој момент, таа одеднаш мисли дека го слуша гласот на г-дин Рочестер како го повикува нејзиното име. Следното утро, заминува за Торнфилд да ја провери дали на г-дин Рочестер е добро пред таа да замине засекогаш за Индија.
Поглавја 36-38: Повторното обединување на Џејн со г-динот Рочестер
[уреди | уреди извор]Џејн пристигнува во Торнфилд за, но наоѓа само изгорени урнатини. Таа дознава дека жената на г-дин Рочестер ја запалила куќата и извршила самоубиство фрлајќи се од покривот. Обидубајќи се да ја спаси, г-дин Рочестер ја загубил раката и неговиот вид. Џејн е повторно со него, но тој се плаши дека неговата состојба ќе биде одбивна за неа. Кога Џејн го уверува во нејзината љубов кон него и му кажува дека никогаш нема да го напушти, тој повторно и нуди брак. Видот со време делумно му се враќа, доволно за да го види неговото првородено синче.
Ликови
[уреди | уреди извор]- Џејн Ер: Протагонистот и главниот лик на романот. Сираче уште како бебе, таа се бори низ скоро безљубовното детство и станува гувернанта во куќата Торнфилд. Иако се заљубува во нејзиниот богат работодавец, Едвард Рочестер, нејзината силна смисла на совест не и дозволува да стане негова љубовница, и не се враќа кај него сè додека неговата умоболна жена не почине и таа самата не дојде до наследство.
- Г-дин Рид : Вујкото на Џејн, кој ја посвојува Џејн кога нејзините родители ќе починат. Пред неговата смрт, ја замолува неговата сопруга да се грижи за Џејн
- Г-ѓа Рид: Вујната на Џејн, која ја посвојува Џејн, но ја запоставува и злоупотребува. Нејзината одбивност кој Џејн продолжува сè до нејзината смрт
- Џон Рид : Братучедот на Џејн, кој постојано ја навредува, некогаш и во присуство на неговата мајка. Се самоуништува како возрасен, и се смета дека се самоубил.
- Елиза Рид: Братучетката на Џејн. Огорчена бидејќи не е привлечна како нејзината сестра, таа и се посветува комплетно на религијата.
- Џорџијана Рид : Братучетка на Џејн. Иако пакостлива и непослушна, таа е и убава и попустлива. Нејзината сестра Елиза и ја уништува нејзината понуда за брак со богат лорд.
- Беси Ли : Негувателката во Гејтсшед. Понекогаш се однесува добро кон Џејн, кажувајќи и приказни и песни. Подоцна се мажи за Роберт Ливен.
- Роберт Ливен : Кочијашот во Гејтсшед, кој и ги носи вестите на Џејн за смрта на Џон Рид, која е причината за срцевиот удар на г-ѓа Рид.
- Г-дин Лојд : Сочувствителен аптекар кој пишува писмо до г-ца Темпл потврдувајќи ги зборовите на Џејн за нејзиното детство и со тоа ослободувајќи ја Џејн од обвинувањата на г-ѓа Рид за лажење.
- Г-дин Брокелхрст : Свештеникот - директор на училиштето Ловуд, за подоцна да се открие како ги запоставува студентите.
- Г-ца Марија Темпл : Љубезната надзорничка на учиолиштето Ловуд, која ги третира Џејн и Хелен ( и другите ) со почит и разбирливост. Таа помага во расчистувањето на погрешните обвинувања на г-дин Брокелхрст кон Џејн.
- Г-ца Скачерд : Нерасположена и зломорна учителка во Ловуд.
- Хелен Брнс: Ученичка и најдобра пријателка на Џејн во Ловуд. Таа одбива да ги мрази тие што ја злоупотребуваат, верувајќи во Бог и “вртејќи го другиот образ”. Умира од истоштеност во прегратките на Џејн.
- Едвард Ферфакс Рочестер: Господарот на куќата Торнфилд: Бајроничен херој, кој има несреќен прв брак пред да ја сретне Џејн.
- Берта Антоанета Менсон : Насилната умоболна прва сопруга на Едвард Рочестер
- Адел Варен : Французинка на која Џејн и е гуверната во Торнфилд. Таа е заштитеничката на г-дин Рочестер и веројатно негова ќерка. Меѓутоа, г-дин Рочестер го негира тоа бидејќи нејзината мајка се гледала со друг маж без негово знаење.
- Г-ѓа Алис Ферфакс: Постара вдовица и домарка на Торнфилд. Таа љубезно и со почитување се однесува кон Џејн, но е против нејзината свршувачка со г-дин Рочестер.
- Бланш Инграм : Познаничка на г-дин Рочестер, на која тој се обидува да и се додворува за да ја направи Џејн љубоморна. Опишана е како многу убава, но со груб карактер и алчни намери.
- Ричард Менсон: Англичанец од западна Индија, кој е брат на првата жена на г-дин Рочестер. Неговото појавување во Торнфилд го означува откритието за Берта Менсон.
- Грејс Пул: Негувателката на Берта Менсон. На Џејн и е раскажано дека Грејс е таа која ги предизвикува чудните случки низ Торнфилд.
- Сент Џон Ер Риверс: Свештеник кој се спријателува со Џејн и кој се дознава дека е нејзин братучед од страната на нејзиниот татко. Посветен христијанин и по природа е многу резервиран и студен.
- Дајана и Мери Риверс : Сестрите на Сент Џон и подоцна братучетки на Џејн.
- Розамонд Оливер : Богата млада девојка која е одговорна за селското училиште каде што предава Џејн, и има чувства кон Сент Џон.
- Џон Ер: Чичко на Џејн, кој и остава големо наследство. Не се појавува како лик во романот.
Теми
[уреди | уреди извор]Моралноста
[уреди | уреди извор]Џејн одбива да стане љубовница на Рочестер поради нејзината “ страсна самопочит и морална обврска”. Го одбива и пуритизмот на Сент Џон како дури и полибералните аспекти на Рочестер. Наместо тоа таа пронаѓа моралност изразена во љубов, независност и прошка.
Религијата
[уреди | уреди извор]Низ романот, Џејн се стреми кон одржување на еден вид баланс помеѓу моралната должност и среќа. Таа го мрази лицемерниот пуритизам на г-дин Брокелхрст и ја одбива студената посветеност на Сент Џон кон неговата христијанска должност, но не може да се натера себеси да се натпреварува со Хелен и нејзиното однесување, туку таа и се востихува на Хелен за тоа. На крај, таа ги одбива тие три екстреми и пронаoѓа средина во која религијата ѝ служи да ги спречи нејзините неумерени страсти, но и да не дозволи да го потисне нејзиното вистинско јас.
Општествените класи
[уреди | уреди извор]Чудната општествена ситуација на Џејн – без скршена паричка, но добро образувано сираче од добра фамилија- ја доведува во ситуација да ја критикува класната дискриминација. Иако е образувана, со добри манири и релативно софистицирана, таа е сепак гуверната, платена слугинка од ниска опшстествена класа и затоа безмоќна. Сепак, и самата Бронте исто така поседува неколку општествени предрасуди, каде што се гледа јасно кога Џејн се потсетува самата себеси дека нејзините несофистицирани селски ученици во Мортон “се од месо и крв исто како оние од најотмените потекла”.
Родовите односи
[уреди | уреди извор]Доста важна тема во романот е опишувањето на едно патријархално општество. Џејн се обидува го потврди сопствениот идентитет во едно опшстество во кое доминираат мажи. Тројца од главните машки ликови, Брокелхрст, Рочестер и Сент Џон, се обидуваат да ја задржат Џејн во потчинувачка положба и да ја спречат од искажување на нејзините чувства и мисли. Џејн побегнува од Брокелхрст и го одбива Сент Џон, и се мажи само со Рочестер кога таа ќе биде сигурна дека нивниот брак ќе биде заснован еднаквост помеѓу нив. Преку Џејн, Бронте се противи на Викторијанските стереотипи за жените, алудирајќи на нејзината феминистичка филозофија:
Жените генерално треба да бидат многу мирни: но жените чувствуваат како и мажите ; им треба вежбање на нивните вештини, и поле за нивните трудови исто толку како и нивните браќа ; тие страдаат од преостра воздржаност, преапсолутен застој, точно како и мажите, и премногу е краткогледо за разлика од нивните привилегирани сродни суштества да се каже дека тие треба да се придржуваат кон правење пудинзи и везење чорапи, да свират на пијано и да везат торби. Безмислено е да се осудуваат или да бидат исмевани, ако бараат повеќе или научуваат повеќе од обичаите кои се изјаснети како потребни за нивниот род. (Поглавје XII)
Љубовта и страста
[уреди | уреди извор]Една од тајните на успехот на Џејн Ер и изворот на неговата сила без разлика на повеќето мани, лежи на патот што допира повеќе важни теми додека се раскажува една предизвикувачка приказна. Романот толку е жив и драматичен што читателот и не е свесен за сите тематски жици кои се вткаени во ова дело. Критичарите дебатирале за тоа што претставува главна тема во Џејн Ер. Сепак нема сомнение, дека љубовта и страста заедно формираат голем тематски елемент во романот.
На најпросто и очигледно ниво, Џејн Ер е љубовна приказна. Љубовта помеѓу сиромашното сираче Џејн и богатиот, но во срцето измачен Рочестер. Пречките за остварувањето на оваа љубов го обезбедуваат главниот драматичен конфликт во ова дело. Меѓутоа, романот истражува и други типови на љубов. Хелен Брнс на пример, ја претставува несебичната љубов на пријател. Исто ги така гледаме и последиците од недостаток на љубов, во врската помеѓу Џејн и г-ѓа Рид, себичноста помеѓу децата на Рид, и исмеваниот брак на Рочестер и Берта. Џејн сфаќа дека отсуството на љубов помеѓу неа и Сент Џон ќе го направи нивниот брак еден вид на жива смрт.
Низ делото, Бронте изјавува дека живот кој не се живее со страст, не се ни живеел целосно. Џејн без сомнеж е центрлниот страсен лик, нејзината природа е прикажана преку страста. Таа одбива да живее според правилата на г-ѓа Рид, кои би ги ограничиле сите видови на страст. Нејзината пркост кон г-ѓа Рид е првата, но не и последна страсна постапка. Нејзината страст кон Рочестер ја обземува целосно. Меѓутоа, тоа не е еднинствената сила која владее со нејзиниот живот. Го напушта Рочестер бидејќи нејзината морална совест и вели дека е погрешно да живее со него како негова љубовница: “Законите и принципите не се за во време кога нема искушение” му вели на Рочестер, “тие се за моменти како овие, кога тело и душа се креваат против нивната строгост.”
Бланш Инграм не чувстува никаква страст кон Рочестер, тој ја привлекува само заради неговото богатство и општествена позиција. Сент Џон е многу поинтелегентен лик од Бланш, но како неа и тој има недостиг од потребната страст која би му дозволила да го живее животот во полност. Неговиот предлог за брак со Џејн нема никаква страст, наместо тоа тој го гледа бракот како бизнис зделка, со Џејн како неговиот потенцијален помлад партнер во неговата мисионерска работа. Неговиот недостиг на страст е во остра контраст со Рочестер, кој позитивно зрачи со страст. Неговата повреда во пожарот во Торнфилд може да биде гледана како казна за неговите минати недискретни страсти и како симболично скротување на неговите страсни претерувања.
Независноста
[уреди | уреди извор]Џејн Ер не е само љубовна приказна, туку и молба за признавањето на вредоста на индивидуалноста. Низ книгата, Џејн бара да биде третирана како независно човечко суштество, личност со нејзини барања и таленти. Таа е неправедно казнета, точно поради тоа што е самата своја – прво од г-ѓа Рид и Џон Рид, а потоа и од г-дин Брокелхрст. Нејзината спротивставеност кон г-ѓа Рид е нејзината прва активна декларација на независнот во романот, но не и последна. Хелен Брнс и г-ца Темпл се првите ликови кои ја признаваат нејзината индивидуалност, ја сакаат поради тоа што е своја, и покрај нејзината необичност. Рочестер исто така ја сака поради тоа, фактот дека таа е гувернанта и со тоа и негова слугинка, не влијае негативно врз неговата перцепција за неа. Рочестер признава дека неговата идеална жена е интелектуална, верна и грижлива – квалитети кои Џејн ги поседува. Прифаќањето на Џејн од страна на Рочестер како независна личност е споротивно од однесувањето на Бланш и лејди Инграм кон неа: тие ја гледаат само како слугинка. Лејди Инграм зборува неутчтиви работи за Џејн пред неа, како таа самата да не е присутна со нив, третирајќи ја како инфериорна личност која е скоро николку вредна да се забележи и секако не е вредна за почит.
Иако е нејзина роднина, Сент Џон не ја гледа Џејн како цела, независна личност. Напротив, ја гледа само како инструмент, предмет кој би му помогнал за остварување на неговите планови. Џејн признава дека неговата цел ( мисионерска работа) е вредна, но самата знае дека да се венча само заради екпедитивност би било фатална грешка. Нејзиниот брак со Рочестер пак, е брак помеѓу две независни битија. Поради нивната независност, Бронте изјавува дека со тоа што тие ја прифатиле меѓу себе нивната независнот, тие можат да живеат среќно до крајот на животот.
Бог и религија
[уреди | уреди извор]Во нејзиниот предговор во второто издание на Џејн Ер, Бронте го разјаснила нејзиното верување дека “ конвенционалноста не е моралност” и дека “ само-правдата не е религија”. Таа изјавила дека “ ограничените човечки доктрини, кои само креваат и величат неколкумина, не треба да се заменуваат со верувањето милозливиот свет на Христос” . Низ романот, Бронте ги спротивставува ликовите кои вистински веруваат и го практикуваат она што тоа што таа верува дека е вистиско христијанство и оние кои ја превртуваат религијата за нивни цели. Г-дин Брокелхрст, кој го надгледува Ловуд е еден лицемерен Христијанин. Тој пропагира добротворност, но ја користи религијата како оправдување за давање казни. На пример, го цитира извадокот од Библијата кој вели “ човек нема да живее само од леб” да го изобличи гестот на г-ца Темпл кога им дава на девојчињата дополнителен ручек за да им надомести за нивниот изгорен доручек. Тој и вели на Темпл дека таа “ можеби ги нахранила нивните ништожни тела, но малку мисли на тоа колку ги изгладнела нивните бесмртни души!”. Хелен Брнс е тоталната спротнивност од него, таа го следи христијанското верување за да го сврти образот на другата страна и да ги сака и тие што ја мразат. На нејзината смртна постела, Хелен и вели на Џејн дека таа “ си оди дома кај Бог, кој ја сака”.
Џејн и самата не може да ја примени апсолутната и несебична верба на Хелен. Џејн не изгледа дека следи некоја посебна доктрина, но е искерно религиозна на недоктрински начин.(Џејн е таа која пред се, на надгробната плоча на Хелен ги става зборовите “Resurgam”(Ќе станам повторно), некои петнаесет години од нејзината смрт). Џејн често се моли и повикува кон Бог да ѝ помогне, особено во нејзините неволји со Рочестер. Таа се моли и за сигурноста на Рочестер. Кога домарката на семејството Риверс, Хана, се обидува да ја одбие Џејн кога проси, Џејн и вели “ ако е христијанка не треба да ја гледа сиромаштијата како злостор” . Младиот свештеник Сент Џон е поконвеционална религиозна фигура. Меѓутоа, Бронте ги опишува неговите религиозни гледања невообичаено. Џејн го нарекува “многу добар човек “, но сепак го гледа како студен и воздржан. Во неговата одлучност да прави добри дела (во форма на мисионерска работа во Индија), Риверс преповеда мачеништво. Згора на тоа, тој не е во можност да ја гледа Џејн како цела личност, туку ја гледа како помошник во неговата мисионерска работа. Рочестер пак е далеку од совршен христијанин. Тој всушност е грешник. Тој се обидува да влезе во бигамичен брак со Џејн, и кога тоа нема да успее, се обудува да ја убеди да биде негова љубовница. Исто така признава дека тој имал три претходни љубовници. Но сепак на крајот, се покајува за неговото грешење, му се заблагодарува на Бог што му ја вратил Џејн назад, и го замолува Бог да му даде сила да води почист живот.
Искупувањето и прошката
[уреди | уреди извор]Доста од религиозните грижи во Џејн Ер се во врска со искупувањето и прошката. Рочестер е измачен од неговата свесност за неговото минати гревови и погрешни дела. Тој постојано признава дека водел живот на пороци, и многу од неговите дела низ романот не се за пофалба. Читателите можат да го осудат за садистичко однесување кон Џејн за природата на неговата врска со Бланш Инграм за да ја испровоцира љубомората на Џејн. Затворањето на Берта може да има помешани мотиви.Тој е со сигурност свесен дека во очите на религијата и властите, бракот со Џејн пред смрта на Берта е бигамија. Но во исто време, тој прави напори за да се искупи за неговото однесување. На пример, иако не верува дека Адел е негова ќерка, тој ја посвојува како неогва заштитеничка и прави се за да биде добро чувана. Ова посвојување може да значи како чин на искупување за неговите гревови. Тој ја изразува својата самоодбивност за тоа што имал три љубовници за време на неговото патување во Европа и ја моли Џејн да му прости за тоа минато. Меѓутоа, Рочестер може да биде целосно искупен – и да му биде целосно простено – кога Џејн одбива да биде негова љубовница и го напушта. Уништувањето на Торнфилд од пожар конечно ја отстранува дамката на неговите минати гревови, загубата на неговата десна рака и неговиот вид е цената кој тој ја плаќа за конечно да се искупи за неговите гревови. Само после ова прочистување може да биде спасен со љубовта на Џејн.
Потрагата по дом и семејство
[уреди | уреди извор]Без никоакво постоечко семејство за кое таа е свесна (сè до крајот на приказната), низ текот на романот Џејн бара место коешто може да го нарече дом. Значајно е да се каже дека куќите играат важна улога во приказната. (Во согласност со англиската традиција, сите куќи во книгата имаат имиња). Во почетокот на романот ја гледаме Џејн во куќата Гејтсшед, но за неа не претставува дом. Г-ѓа Рид и нејзините деца одбиваат да ја признаат како роднина, третирајќи ја како непосакуван натрапник.
Испратена во институцијата Ловуд, училиште за сираци, Џејн на некој начин пронаоѓа дом, иако нејзиното место таму е невообичаено и само за некое време. Раководителот на училиштето, г-дин Брокелхрст раководи со него повеќе како бизнис наместо како училиште. Неговата дисциплина и спартански услови на цена на здравјето на девојчињата е антитезата на идеален дом.
Џејн подоцна верува дека пронаоѓа дом во куќата Торнфилд. Очекувајќи го најлошото кога пристигнува, и олеснува кога е топло прифатена од страна на г-ѓа Ферфакс. Таа чувствува милост кон Адел (која е на некој начин исто така сираче) и е среќна да и служи како гувернанта. Како што нејзината љубов кон Рочестер се зголемува, таа верува дека го пронашла својот идеален сопруг и покрај неговите ексцентрични манири и дека ќе направат дом заедно во Торнфилд. Отркитието – во моментот пред да се венчаат – дека тој е веќе легално венчан – ги руши нејзините соништа за дом. Бегајќи од Торнфилд, таа буквално останува бездомник е приморана да проси за храна и засолниште. Можноста да има дом и се појавува кога влегува во куќата Мур, каде што сестрите Риверс и нвниот брат Сент Џон тажат за смрта на нивниот татко. (Кога домарката првпат ја затвора вратата пред Џејн, таа има лошо претчуство дека “ столбот на куќата го нема”).
Таа наскоро ги смета Дајана и Мери како за нејзини сестри, и се радува на откритието кога дознава дека се нејзини роднини. Му вели на Сент Џон Риверс откритието дека се роднини и значи повеќе од дознавањето дека наследнила двесте илјади фунти.(Таа жали за чичко и што не го запознала. Пред тоа не и било кажано дека г-ѓа Рид и кажал на чичко и дека Џејн е мртва). Меѓутоа, понудата за брак на Сент Џон не може да ја пресече емоцијоналната врска кон Рочестер. Во скоро визииска епизода, таа го слуша гласот на Рочестер како ја повикува да се врати кај него. Последното поглавје започнува со познатата проста декларатива реченица, “Читателу, јас се омажив за него,”, после долги серии од препреки, потрагата на Џејн на дом и семејство завршува со брак со нејзиниот идеален партнер.
|
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Jane Eyre at The Victorian Web
- Jane Eyre at the Brontë Parsonage Museum Website
- The Brontë Society website
Други надворешни врски (дела)
[уреди | уреди извор]- Full text of Jane Eyre at Project Gutenberg
- Jane Eyre Архивирано на 5 ноември 2013 г. free ebook to read, search and study at texts.crossref-it.info
- Jane Eyre free downloads in PDF, PDB and LIT formats