Јурмала
Јурмала | |||
---|---|---|---|
Град | |||
Местоположба на Јурмала во Латвија | |||
Координати: 56°58′N 23°45′E / 56.967° СГШ; 23.750° ИГД | |||
Држава | Латвија | ||
Град од | 1959 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Гатис Трукснис | ||
Површина | |||
• Вкупна | 100 км2 (40 ми2) | ||
Население | |||
• Вкупно | 56 060 | ||
• Густина | 560/км2 (1,500/ми2) | ||
Час. појас | EET (UTC+2) | ||
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||
Поштенски број | LV-2003; LV-2008; LV-20(10-17) | ||
Повикувачки број | +371 67 |
Јурмала — град во Латвија, оддалечен околу 25 километри западно од Рига. Јурмала е најголемо приморско летувалиште во Латвија и се наоѓа помеѓу Ришкиот залив и реката Лиелупе. Градот има 33 километарска плажа од бел песок, и население од 55,580 жители, што го прави петти најголем град во државата.
Додека Латвија била дел од Советскиот Сојуз, Јурмала било омиленo летувалиште и туристичко одредиште на високите функционери од комунистичката партија, главно на Леонид Брежнев и Никита Хрушчов. И покрај тоа што има голем број на поволности како куќи на плажи и хотели, некои од нив се наоѓаат во лоша состојба. Јурмала останува туристичка атракција со долгите плажи наспроти Ришкиот залив и романтичните дрвени куќички во арт нуво стил.
Историја
[уреди | уреди извор]Градот Јурмала се состои од низа на мали одморалишта. Од запад кон исток, тука се вклучени Кемери, Јаункемери, Слока, Каугури, Вајвари, Асари, Мелужи, Пумпури, Јаундубулти, Дубулти, Мајори, Џинтари, Булдури и Лиелупе.
Областа на која се простира градот Јурмала порано била дел од Рига, позната како Ригас Јурмала. Некои делови од областа, како Слока и Кемери, биле познати како бањски одморалишта многу векови. На германски јазик градот бил познат како Рига-Странд, или "плажа на Рига".
Јурмала бил познат како бањско одредиште уште од крајот на 18 век и почетокот на 19 век. Богатите земјопоседници ја започнале традицијата да одмараат на приморјето, а руските војници доаѓале да одморат по Наполеоновите војни, враќајќи се подоцна со своите семејства. Врвот на развојот на областа било отворањето на железничката линија Рига - Тукумс во 1877 година, (која сѐ уште поминува низ Јурмала) со што дошло до пораст на бројот на посетители, како и до пораст на развојот на градот како летувалиште. Јурмала исто така се здобил со реноме како здравствено одморалиште. Морското ветре, боровиот мирис, минералните извори и песочните плажи биле причина за развој на многу санаториуми во рамките на градот.
Со оглед на тоа што Рига напреднала брзо и успеала да ги придобие туристите од западните земји, Јурмала заостанувал позади. Сепак, во последните години, градот започнал да се опоравува. Многу познати личности од Русија, успешни стопанственици и други купиле куќи покрај плажата, и многу различни фестивали и други активности довеле сè повеќе луѓе во градот секое лето. Моментално, Јурмала ја постигнал популарноста која ја доживеал од советската елита.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Најкарактеристичен архитектонски белег во Јурмала е распростанетоста на дрвени куќи кои датираат од крајот на 19 век и првата половина од 20 век. Поголемиот дел од градбите биле изградени од балтичко германски и латвиски архитекти, но исто така постојат градби на руски, фински и други архитекти. Архитектурата на Јурмала се одликува со класицизам, национален романтизам, и со модерни стилови. Градот има список од 414 заштитени историски градби, како и преку 4,000 дрвени објекти.
Плажа
[уреди | уреди извор]Плажата во Јурмала е долга 33 километри, покриена со бел кварцен песок. Плитките крајбрежни води се погодни и безбедни за децата. Плажата е опремена со детски игралишта, мали клупи за седење, фудбалски игралишта и одбојкарски терени, како и патеки за бебешки колички и инвалидски колички. Во пролет и есен на плажата може да се најдат парчиња килибар.
Секој регион има различна плажа. Во Мајори и Булдури, каде на плажите се поставени сини знамиња, постои можност да се изнајми воден велосипед или да се ужива во кафетериите. Во Дубулти и Џинтари се одржуваат натпреварувања во фудбал и одбојка на песок, а на плажата во Пумпури може да се сурфа на ветер.
Меѓународни натпреварувања во водени спортови, како веслање, едрење, и скијање на вода се одржуваат на реката Лиелупе. Во јануари 2012 година, Јурмала бил домаќин на Светското првенство во зимско пливање.
Демографски податоци
[уреди | уреди извор]Од 1 јануари 2011 година, градот има население од 56,060 жители.
Познати личности
[уреди | уреди извор]Следниве личности се родени во Јурмала:
- Имант Зиедонис (1933-2013), поет
- Ернест Гулбис (роден 1988 г.), тенисер
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Јурмала е збратимен со:[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Sadraudzības pilsētas“. jurmala.lv. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 26 April 2014. (латвиски) (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Јурмала“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место
- Јурмала на Curlie (англиски)
- Историја на Јурмала
- Jūrmala (Latvia)
|
|