Јекабпилс
Јекабпилс Jēkabpils | |||
---|---|---|---|
град | |||
Плоштадот во Јекабпилс | |||
Местоположба во Латвија | |||
Координати: 56°29′58″N 25°52′42″E / 56.49944° СГШ; 25.87833° ИГД | |||
Земја | Латвија | ||
Станал град | 1670 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Леонид Салцевич | ||
• Советници | 13 | ||
Површина | |||
• Вкупна | 26,284 км2 (10,148 ми2) | ||
Население (1 јануари 2016)[1] | |||
• Вкупно | 24.146 | ||
• Густина | 0,92/км2 (2,4/ми2) | ||
Час. појас | EET (UTC+2) | ||
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||
Пошт. бр. | LV-52(01–06) | ||
Повик. бр. | (+371) 652 | ||
Мреж. место | jekabpils.lv |
Јекабпилс (латвиски: Jēkabpils; германски: Jakobstadt; полски: Jakubów) — град на реката and spanning Даугава (Западна Двина) во југоисточна Латвија, на половина пат меѓу Рига и Даугавпилс. Историски, Јекабпилс бил сместен на левиот брег на реката, во областа Селонија, додека Крустпилс (Кројцбург) бил на левиот, во областа Латгалија. Во 1962 г. градовите се обединиле под името Јекабпилс, но подрачјата го имаат задржано својот регионален карактер. Градот е административен центар на истоимената општина.
Кај градот се наоѓа воздушната база „Јекабпилс“ во служба на латвиското воено воздухопловство.
Историја
[уреди | уреди извор]Во 1237 г. Епископот Ришки го изградил замокот Кројцбург (денес Крустпилс) веднаш до веќе постоечка населба. Археолошките ископувања на блиската тумба Асоте укажуваат на тоа дека ова место било трговски значајно за латвинското племе Латгалци, кои живееле тука уште во 1000 г. п.н.е. Со изградбата на замокот, населбата се проширила во поголемо село, кое го добило името Крустпилс. Селото било разрушувано до темел во честите воени судири како што се битките меѓу Полска и Шведска, но секогаш било градено одново.
Во XVII век крај Даугава се доселиле староверници прогонети од Русија. Оваа населба почнала да се зголемува, за во 1670 г. да биде прогласена за град од војводата на Куронија, Јакоб Кетлер и го добила името Јекабпилс (гер. Јакобшат) во негова чест.
Предание
[уреди | уреди извор]Според преданието за потеклото на градот, еден ден војводата бил во лов и се изгубил. Крај реката Даугава си ја нашол среќаата, истовремено здогледувајќи рис под елка и населено место. Согласно преданието, на грбот на Јекабпилс е прикажан рис застанат под елка.
Географија
[уреди | уреди извор]Јекабпилс има население од 29.100 жители. Двата историски дела на градот — стариот Јекабпилс и Крустпилс — се поврзани со мост преку реката Даугава.
Демографија
[уреди | уреди извор]На 1 јануари 2013 г. населението на градот броело 25.883 жители.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]Јекабпилс
[уреди | уреди извор]Најстариот дел од градот и постарите градби се зачувани.
Општина Јекабпилс
[уреди | уреди извор]Еден од потезите на Струвеовиот геодетски лак минувал низ Струвеовиот парк во денешната општина Јекабпилс. Недалеку од градот, во местото Таденава се наоѓа спомен-куќата на големиот латвиски поет Рајнис (1865-1929). Тука се и рушевините на замоците Јустине и Дигнаја. Во атарот на Клауце се наоѓа највисоката точка во Селонија — ридот Ормањкалнс. По патот меѓу Нерета и Акнисте е сместен и музејот „Риекстињи“ во чест на познатиот писател Јанис Јаунсудрабињш (1877-1962).
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Градската управа
-
Староверна црква
-
Улицата Јекаба и манастирот „Свет Дух“
-
Плоштадот
-
Железничка стануца Крустпилс
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Latvijas iedzīvotāju skaits pašvaldībās 01.01.2016. (PDF)“. PMLP.gov.lv. Text "urhttp://www.pmlp.gov.lv/lv/assets/documents/statistika/IRD2016/ISPV_Pasvaldibas_iedzivotaju_skaits_pagasti.pdf " ignored (help); Отсутно или празно
|url=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) (летонски) - ↑ „Statistikas portāls“.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Јекабпилс“ на Ризницата ? |
|
|