Прејди на содржината

17 август

Од Википедија — слободната енциклопедија

17 август — 229-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (230-и во престапна година). Остануваат 136 денови до крајот на годината.

<< август >>
Н П В С Ч П С
01 02 03
04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
2024

Настани:

986  Во Ихтиманскиот Премин (Трајанова врата), византискиот цар Василиј II претрпува пораз во борба со војската на цар Самоил кој продолжува со нови освојувања сè до 991 година.
1593  Турскиот султан Мурат III ѝ објавил војна на Австрија, која траела 14 години. Војната ја завршува неговиот внук Ахмед I.
1807  Првиот американски пароброд, изработен од Роберт Фултон, тргнува на првото комерцијално поморско патување во светот.
1960  Габон стекнува независност од Франција.
1962  Петер Фехтер станал првата жртва на Берлинскиот ѕид — застрелан е додека се обидувал да ја напушти Источна Германија и да премине на западната страна на Берлин.
1998  Американскиот претседател Бил Клинтон на снимена изјава признава дека имал „неприкладна физичка врска“ со стажистката во Белата куќа Моника Левински.
1999  Земјотрес со сила од 7,4 степени ја погодил Турција, со епицентар 30 km југоисточно од Истанбул, при што загинале над 17.000 луѓе, а над половина милион останале без своите домови.

Родени:

1873  Славејко Арсов — истакнат македонски револуционер и војвода.
1153  Вилијам IXгроф од Поатје.
1806  Јохан Каспар Мерцавстроунгарски гитарист и композитор.
1887  Маркус Гарвијамајски политички активист.
1893  Ме Вестамериканска глумица.
1902  Методија Андонов - Чентомакедонски револуционерпретседател на Президиумот на АСНОМ.
1911  Михаил Ботвиниксоветски шахист, светски првак.
1920  Морин О'Хара — американска филмска глумица.
1923  Мира Ступица — српска и југословенска театарска и филмска глумица.
1930  Тед Хјузбритански поет — сопруг на американската писателка Силвија Плат.
1935  Олег Табаков — советски и руски филмски глумец, директор на Московскиот уметнички театар.
1938  Теодорос Пангалос — грчки политичар.
1943  Роберт Де Нироамерикански глумец и режисер.
1952  Нелсон Пике — бразилски автомобилист, светски првак во трките на „Формула 1“.
1953  Драган Киќановиќ — српски и југословенски кошаркар.
1954  Здравко Боровница — српски фудбалер.
1957  Раби Абу Халил — либански музичар.
1957  Ален Исламовиќ — босански рок-музичар.
1960  Шон Пенамерикански глумец и режисер.
1964  Зоран Костиќ — српски рок-музичар.
1970  Џим Куриер — американски тенисер.
1971  Филипо Симеони — италијански велосипедист.
1975  Лујџи Мастранџело — италијански одбојкар.
1977  Тјери Анрифранцуски фудбалер.
1977  Вилијам Галас — француски фудбалер.
1978  Јелена Карлеуша — српска пејачка.
1993  Едерсон Мораесбразилски фудбалски голман.
1996  Хамиш Кер — новозеландски атлетичар.
1999  Тајрел Маласија — холандски фудбалер.

Починале:

1153  Евстахиј IV — син на англискиот крал Стефан I.
1908  Радое Домановиќ — српски писател.
1943  Славчо Стојменскинароден херој на Југославија.
1969  Ото Штернгермански физичар и Нобелов лауреат.
1969  Лудвиг Мис ван дер Рое — германски и американски архитект.
1983  Ајра Гершвинамерикански текстописец, постар брат на композиторот Џорџ Гершвин.
1987  Рудолф Хес — заменик-фирер на Националсоцијалистичката партија.
2003  Стив Милерамерикански блуз-музичар.
2009  Џани Басо — италијански џез-музичар.
2014  Миодраг Павловиќ — југословенски и српски писател.
2015  Арсен Дедиќ — хрватски пејач и композитор.
2024  Глигор Каневче — македонски научник, универзитетски професор и академик.