5G
5G (5Г) — технолошки стандард од петтото поколение на широкопојасни мобилни мрежи, што компаниите за мобилни телефони почнале да го применуваат ширум светот во 2019 година, и е планиран заменик на 4G-мрежите што обезбедуваат поврзување со повеќето мобилни телефони. 5G-мрежите се предвидени да имаат повеќе од 1,7 милијарди претплатници и да сочинуваат 25 % од светскиот пазар на мобилна технологија до 2025 г., според Здружението GSM и Statista.[1] [2]
Како и нејзините претходници, мрежите 5G се мобилни мрежи, во кои сервисната област е поделена на мали географски области наречени ќелии. Сите 5G-безжични уреди во ќелијата се поврзани на интернет и телефонска мрежа со радиобранови преку месна антена во ќелијатa.[3] Покрај тоа што 5G-мрежата е побрза од постоечките мрежи, 5G има поголем пропусен опсег и на тој начин може да поврзе повеќе различни уреди, подобрувајќи го квалитетот на интернет-услугите во преполни области.[4] Поради зголемениот пропусен опсег, се очекува мрежите сè повеќе да се користат како општи даватели на интернет услуги (ISP) за лаптопи и десктоп-компјутери, натпреварувајќи се со постоечките интернет-провајдери, како што е кабелскиот интернет, а исто така ќе овозможат нови апликации во интернет-на- работи (IoT) и области од машина до машина. Само мобилните телефони со 4G-компонентата не можат да ги користат мрежите 5G.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Positive 5G Outlook Post COVID-19: What Does It Mean for Avid Gamers?“. Forest Interactive (англиски). Посетено на 2020-11-13.
- ↑ „Market share of mobile telecommunication technologies worldwide from 2016 to 2025, by generation“. Statista. February 2022.
- ↑ Hoffman, Chris (January 7, 2019). „What is 5G, and how fast will it be?“. How-To Geek website. How-To Geek LLC. Архивирано од изворникот на January 24, 2019. Посетено на January 23, 2019.
- ↑ „5G explained: What it is, who has 5G, and how much faster is it really?“. www.cnn.com. Посетено на 2021-11-27.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|