Прејди на содржината

30 јануари

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< јануари >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31
2024

30 јануари — 30-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 335 денови до крајот на годината (336 во престапна).

Настани:

1889  Австроунгарскиот престолонаследник, надвојводата Франц Карл Јосиф Рудолф Хабсбург и неговата седумнаесетгодишна љубовница, баронесата Марија извршиле самоубиство во царската ловечка куќа во Маерлинг.
1944  На планината Кожуф генералштабот на НОВ и партизанските одреди на Македонија и Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ одржуваат советување. Одлучено е што поскоро да се изберат делегати од сите народни одбори од Македонија и да се забрза со подготовките за свикување на АСНОМ.
1945  Руска подморница го торпедирала и потопила германскиот брод „Вилхелм Густлов“, преполн со бегалци при што загинале над 9.000 лица. Тоа се смета за најголема поморска катастрофа во историјата.
1948  Во Њу Делхи е извршен атентат врз Махатма Ганди, водач на индиското ослободително движење.
1996  Како прилог на весникот „Вечер“ излегол првиот број на весникот „Занаетчија“, гласило на Здружението на занаетчиски и други самостојни стопанственици на град СкопјеСтопанска комора на Македонија.

Родени:

133  Дидиј Јулијанримски цар.
1491  Франческо Марија Сфорца — син на Џан Галеацо Сфорца.
1781  Аделберт фон Шамисо — германски писател.
1830  Григор Прличев — македонски поет.
1848  Фердинанд Манлихер — австриски конструктор на оружје, изумител на Манлихерката.
1875  Климент Шапкарев — македонски револуционер.
1878  Дончо Лазаров — македонски револуционер.
1882  Франклин Делано Рузвелтамерикански претседател.
1883  Јарослав Хашек — чешки писател.
1894  Борис III — цар на Бугарија.
1909  Харалампие Поленаковиќ — еден од основоположниците на историјата на македонската книжевност.
1925  Даглас Енгелбарт — американски пронаоѓач.
1930  Џин Хекман — американски глумец.
1937  Ванеса Редгрејв — британска театарска и филмска глумица.
1937  Борис Спаски — руски и советски шахист, светски првак од 1969 до 1972 година.
1951  Фил Колинс — англиски рок и поп-музичар.
1954  Чак Свирскикошаркарски коментатор.
1954  Хусеин Хасанефендиќ — хрватски и југословенски рок-музичар, член на групата „Парни валјак“..
1956  Дарко Рундек — хрватски и југословенски рок-музичар, член на групата „Хаустор“.
1970  Васил Шишков — македонски глумец.
1974  Кристијан Бејл — англиски глумец.
1975  Жунињо — бразилски фудбалер.
1976  Ѓорѓи Христов — македонски фудбалер.
1981  Димитар Бербатов — бугарски фудбалер.
1981  Питер Крауч — англиски фудбалер.
1983  Влатко Грозданоски — македонски фудбалер.
1983  Стив Морабито — швајцарски велосипедист.
1985  Ричи Порт — австралиски велосипедист.
1987  Арда Туран — турски фудбалер.
1988  Рамунас Навардаускас — литвански велосипедист.
1989  Џакомо Ницоло — италијански велосипедист.
1995  Маркос Љоренте — шпански фудбалер.

Починале:

1948  Махатма Ганди — водач на индиското ослободително движење.
2024  Чита Ривера — американска танчерка и глумица.