6 јануари
Изглед
<< | јануари | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | |||
2024 |
6 јануари — 6-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 359 денови до крајот на годината (360 во престапна).
Настани:
1392 | Скопје потпаднало под османлиска власт и станало седиште на новоформираниот санџак. Скопскиот санџак била прва организирана османлиска провинција на територијата на земјите од некогашна Југославија и база за навлегување кон север и запад. |
1838 | Во американскиот град Мористаун, во државата Њу Џерси, Семјуел Морзе првпат изведе јавна демонстрација на телеграфот - електричен апарат за испраќање на далечина на знаци составени од точки и цртички. Првиот телеграф е пуштен во работа шест години подоцна (1844) во САД, на линијата Вашингтон - Балтимор. |
1896 | Во Париз премиерно е прикажан филмот „Пристигање на воз на станицата во Ла Сиота“ (1895) од браќата Лимиер. |
1916 | На Бадник, кај месноста Дервишка Нива, Бугарската војска извршила колеж врз 103 жители на Поречието. Масакрираните луѓе биле фрлени во ископ. |
1945 | Во Скопје во присуство на околу 1.000 делегати на македонската младина од Егејска и од Пиринска Македонија, потоа претставници на советската, бугарската, грчката, албанската, српската, хрватската, словенечката и на црногорската младина, како и претставници на англиската мисија, започна со работа Вториот конгрес на Антифашистичката младина на Македонија (НОМСМ). Конгресот ја анализира состојбата во организацијата, донесе низа заклучоци и постави нови задачи. Исто така, беше упатен Проглас до младината на Македонија, повикувајќи ја на нови постигања. |
1992 | По успешниот референдум, прогласена е независност на Нагорно Карабах, која сѐ уште не е признаена од ниту една меѓународна организација, ниту пак држава. |
Родени:
1367 | Ричард II — крал на Англија. |
1412 | Јованка Орлеанка — француска национална хероина од Стогодишната војна (1337-1453.). |
1848 | Христо Ботев — бугарски револуционер и поет. |
1850 | Едуард Бернштајн — германски социјалдемократски теоретичар. |
1883 | Халил Џибран — либански поет. |
1903 | Валтер Ниг — швајцарски теолог. |
1925 | Лучано Леџо — сицилијански мафијаш, инспирација за романот „Кум“ на Марио Пузо. |
1926 | Кид Гавилан — кубански боксер. |
1936 | Сафет Исовиќ — босански и југословенски фолк-пејач. |
1941 | Милутин Бебековски — македонски поет. |
1942 | Јанис Бутарис — градоначалник на Солун. |
1953 | Томислав Ивчиќ — хрватски поп-пејач. |
1953 | Манфред Калц — германски фудбалер. |
1956 | Џастин Велби — Архиепископ Кантербериски, поглавар на Англиканската црква. |
1961 | Шабан Салиу — македонски политичар. |
1963 | Пол Кипкоеч — кениски атлетичар. |
1973 | Христина Андоновска — македонски професор. |
1984 | Матео Монтагути — италијански велосипедист. |
1985 | Валерио Ањоли — италијански велосипедист. |
1994 | Денис Суарез — шпански фудбалер. |
Починале:
1693 | Мехмед IV — отомански султан. |
1882 | Ричард Хенри Дана — американски писател. |
1884 | Грегор Мендел— австриски свештеник, биолог, ботаничар и математичар. |
1904 | Александар Малинов — македонски револуционер. |
1949 | Виктор Флеминг — американски филмски режисер. |
1983 | Владимир Брезовски — македонски историчар. |
1987 | Маргарет Лоренс — канадска писателка. |
1993 | Рудолф Нуреев — руски и советски балетан. |
1993 | Дизи Гилеспи — американски џез-музичар. |
1998 | Сони Боно — американски музичар и политичар. |
1999 | Мишел Петручијани — француски џез-музичар. |
2022 | Питер Богданович — американски режисер. |
2023 | Џанлука Вијали — италијански фудбалер. |
Празници:
* | Бадник |