Ин или ’н (ꙟ ꙟ) — архаична буква од кирилицата, налик на кирилично пси (Ѱ ѱ) наопачки.
Буквата некогаш се користела во романската кирилица, каде ги претставувала гласовите [ɨn], [ɨm] и [ɨ] на почетокот од зборовите. Во современата латинична романска азбука истата улога ја имаат ⟨în⟩, ⟨îm⟩ и ⟨î⟩.