Словенски јазици
Словенски јазици | |
---|---|
Народност: | Словени |
Географска распространетост: | Низ Средна Европа, Источна Европа, Југоисточна Европа, Североисточна Европа, Северна Азија и Средна Азија. |
Класификација: | индоевропски
|
Прајазик: | Прасловенски јазик |
Гранки: | |
ISO 639-5: | sla |
Словенските јазици — една од најголемите групи на индоевропски јазици. Најмногу се зборуваат во Европа, но исто така и во Северна Азија, односно во азискиот дел од територијата на Руската Федерација.
Класификација
[уреди | уреди извор]Словенските јазици се делат на неколку главни групи:
- прасловенски јазик
- источнословенски јазици
- староруски јазик (рус(ь)(с)кыи) †
- белоруски јазик (беларуская)
- русински јазик (русинська)
- руски јазик (русский)
- украински јазик (украї́нська)
- староруски јазик (рус(ь)(с)кыи) †
- јужнословенски јазици
- источна група
- старословенски јазик (́ ́, ) †
- бугарски јазик (български)
- македонски јазик
- западна група
- босански јазик (bosanski)
- словенечки јазик (slovenščina)
- српски јазик (српски/ srpski)
- хрватски јазик (hrvatski)
- црногорски јазик (црногорски/ crnogorski)
- источна група
- западнословенски јазици
- лехитска група
- полапски јазик (slüvensťĕ) †
- полски јазик (polski)
- поморски јазици
- кашупски јазик (kaszëbsczi)
- словински јазик (słowińskô) †
- лужичка група
- горно лужички јазик (hornjoserbsce)
- долно лужички јазик (dolnoserbski)
- чешко-словачка група
- словачки јазик (slovenčina)
- чешки јазик (čeština)
- лехитска група
- источнословенски јазици
Симбол:
† - мртви јазици, вештачки зачувани во црквата или познати на науката по текстови.
Акцент
[уреди | уреди извор]Акцентот во словенските јазици може многу да варира помеѓу различните јазици, па дури и меѓу дијалектите во еден јазик. Секој словенски јазик има свој уникатен акцент кој може значително да влијае на изговорот и значењето на зборовите.
Во источнословенските јазици акцентот е слободен и може да се најде на било кој слог од зборот. Ист е случајот и со јужнословенските јазици, со исклучок на македонскиот каде акцентот е определен и секогаш се паѓа на третиот слог од крајот на зборот. Во западнословенските јазици акцентот е исто така определен, и се паѓа на вториот слог од крајот на зборот (во полскиот јазик) и на првиот слог од зборот (во чешкиот и словачкиот јазик).
Акцент | Јазици | |
---|---|---|
Слободен | руски, украински, белоруски, српски, хрватски, словенечки, бугарски | |
Определен | на вториот слог од крајот на зборот | полски |
на третиот слог од крајот на зборот | македонски | |
на првиот слог од зборот | чешки, словачки |
Писма
[уреди | уреди извор]Многу азбуки биле користени едно или друго време за пишување на словенските јазици. Најчесто користени се глаголицата, кирилицата и латиницата; спорадично биле користени и грчката, арапската, па дури и хебрејската азбука.
Приближната дистрибуција по локација и период е приближно следнава:
- Глаголица - Моравија (9 век); Македонија (9-11 век); Бугарија (9-12 век); Хрватска (10-16 век), потоа во црковна употреба до 19 век, и спорадично во 20 век; Словенија (15-16 век); Бохемија и Полска (14-16 век);
- Кирилица - Бугарија (9 век - денес); целиот источнословенски простор (Русија, Украина, Белорусија), Македонија, Србија, Босна и Црна Гора (10 век -денес);
- Латиница - западнословенската област (10 век - денес); Хрватска и Словенија (10 век - денес); Србија (но секогаш споредна на кирилицата), исто така Босна, истиот период; Белорусија и дел од Украина (16 - 20 век);
- Грчка азбука: Македонија, особено во егејскиот дел (15 - 19 век);
- Арабица - Белорусија (16 - 18 век); Босна (15 - 20 век);
- Хебрејска азбука - Белорусија (16-18 век).
Општо земено, отсекогаш постоела тесна корелација помеѓу азбуката и религијата, иако не мора да биде поврзана со причина и последица.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Šipka & Browne 2024, стр. 10.
Извори
[уреди | уреди извор]- Šipka, Danko; Browne, Wayles, уред. (2024). The Cambridge Handbook of Slavic Linguistics. Cambridge University Press. ISBN 9781108967907.
|
|