Чатисгар е сојузна држава во Индија со површина од 135.194 км2 и 20.795.956 жители (сос: 1. јан. 2001). Чатигар настанал 2000. од деловите на Мадја Прадеш, во кој се зборува чатисгарскиот јазик. Раџпур е главен град. Името Чатисгар доаѓа од "чатис" и "гар". што на хинди значи 36 и тврдина, а претставувало 36 кнежевски државички од старите времиња. Се граничи со Мадја Прадеш на североисток, Андра Прадеш на југ, Ориса на исток, Џарканд на североисток и Утар Прадеш на север.
Градот Корба е место каде се произведува доволно електрична енергија за неколку индиски држави. Тука се наоѓа и голема фабрика за алуминим. Во Чатисгар има и голема челичарница. А рудата на железо ги задоволува и челичрницата во Чатисгар и неколку други индиски држави. Дел од рудата се извезува и во Јапонија.