Циганите летаат на небо
„Циганите летаат на небо“ | |
---|---|
Постерот за филмот | |
Режисер | Емил Лотеану |
Продуцент | Мосфилм |
Сценарист | Максим Горки (приказна) Емил Лотеану |
Главни улоги | Светлана Тома Григоре Григориу Барасби Мулаев Михаил Шишков Борислав Бондуков Васил Симчич |
Жанр | љубовен драма |
Музика | Евгениј Дога |
Кинематографија | Сергеј Вронски |
Монтажа | Надежда Василјева |
Премиера | 1975 20 октомври 1976 (Филмски фестивал во Торонто) |
Времетраење | 101 мин. |
Земја | СССР |
Јазик | руски |
Бруто заработка | 64,9 милиони продадени влезници |
Циганите летаат на небо (руски: Табор уходит в небо) — советски љубовен драмски филм од 1975 година во режија на Емил Лотеану, којшто во голема мера се заснова на расказите „Макар Чудра“ (1892) и „Старицата Изергил“ (1895) од Максим Горки. Дејствието во филмот се одвива во Австроунгарија на почетокот од 20 век и во него е раскажана љубовната приказна меѓу ромската девојка Рада и коњокрадецот Зобар од Горкиевиот расказ „Макар Чудра“. Филмот бил најгледано остварување во СССР во 1976 година со 64,9 милиони продадени влезници.[1][2]
Кратка содржина
[уреди | уреди извор]Дејствието во филмот се одвива на почетокот од 20 век, во ромски камп покрај реката Тиса во Закарпатската област, во граничните предели на Австроунгарија.
Двајца млади горделиви Роми — Лојко (Григоре Григориу) и Рада (Светлана Тома) — се вљубуваат, но веруваат дека семејниот живот е пречка којашто може да ја ограничи нивната независност. Лојко за првпат се среќава со Рада во една прилика кога е ранет, а таа го наоѓа и го лекува. Потоа, коњокрадецот и убавицата повторно се среќаваат кога Лојко го придружува Буча (Борислав Брондуков) од кампот на Рада којшто е предводен од стариот Нур (Михаил Шишков) и самиот влегува во него.
Месниот средновечен земјопоседник и благородник Антол Силади (Јон Сандри Скуреа) исто така се вљубува во Рада, која ја среќава за време на една негова прошета во градот, но таа го одбива пред очите на членовите на својот камп и несреќниот вљубен господин ја проколнува. Храбриот и среќен коњокрадец Лојко успешно краде бела кобила по желба на Рада. Сепак, тој предизвикува гнев кај властите кои подготвуваат напад врз неговиот камп, а неговата горда и убава сестра Русалина (Нели Волшанинова) се обидува да се спротивстави. Таткото на Лојко конечно на жандармерите им го предава сина си, кој кратко преттоа го испраќа својот пријател Талимон (Павел Андрејченко) кај господарот Балинт (Васил Симчич заради наплата на побарувања. За жал, Балинт вели дека Лојко му ветил оти лично ќе дојде на неговиот имот како што претходно било договорено, па неговиот слуга го коле пристигнатиот гостин во коњушницата.
Во меѓувреме, месните власти го осудуваат Лојко на смртна казна, но тој сепак успева да побегне од извршување на казната, иако го губи пријателот Бубуља (Сергиу Финити) којшто му доаѓа на помош. Коњокрадецот се приклучува на кампот на Рада и ѝ ја покажува кобилата. Рада се забавува со Лојко покрај речното крајбрежје и ја поминува ноќта со него за време на којашто таа го понудува со сок од грозје.
На крајот од филмот, и покрај мрачните предвидувања на стариот ромски врач, Лојко доаѓа во придружба на својот стар пријател Араламби (Николај Волшанинов) во кампот на Рада и го прашува својот пријател ковач Макар Чудра (Барасби Мулаев) да биде негов кум на свадбата. Тогаш, тој ѝ пристапува на Рада и во разговор со неа таа му кажува дека се сомнева за неговата умствена сила, тврдејќи дека дотогаш има скротено само питоми коњи. Тој безгрижно признава и држи говор во којшто вели дека би клекнал пред неа и би ја пољубил в рака. Сепак, Рада го понижува со тоа што ги камшикува неговите нози и тој паѓа. Лојко станува и ја бара нејзината рака наместо најпрвин да клекне. Таа бара тој да го исполни кажаното дека ќе клекне на колена и ќе ја пољуби в рака. Но, тој одбива да го стори тоа и повторно ја бара нејзината рака. Таа повторно го одбива, а тој вади нож и ја прободува во градите и ја убива. Татко ѝ — стариот војник Данило (Всеволод Гаврилов) — кој е присутен за време на убиството на својата ќерка го прободува Лојко во грбот и го убива додека ја држи Рада и паничи за она што го има направено.
Глумечки состав
[уреди | уреди извор]Глумец | Улога |
---|---|
Светлана Тома | Рада |
Григоре Григориу | Лојко Зобар |
Барасби Мулаев | Макар Чудра |
Михаил Шишков | Нур |
Борислав Брондуков | Буча |
Всеволод Гаврилов | Данило |
Јон Сандри Суреа | Антол Солади |
Нели Волшанинова | Русалина |
Павел Андрејченко | Талимон |
Васил Симчич | Балинт |
Сергиу Финити | Бабуља |
Николај Волшанинов | Араламби |
Љаља Чорнаја | Стара Ромка |
Продукција
[уреди | уреди извор]Филмот умешно вклучува музика и танци. Композиторот Евгениј Дога се одлучил за песни, како што се „Маљаркица“, „Дивес и Рат“, „Јаболко“ и „Нане ча“, коишто претходно биле отпеани во 1930-тите и во поново време биле дел од изведбите на ромскиот театар Ромен. Ромските камео-улоги во филмот биле одиграни од глумци од споменатиот театар, како и од Молдавското филмско студио, а улогата на градоначалникот и неговата пдридружба од глумци од Литванските филмски студија поради тоа што тие сцени бил сенимени во Вилнус и Каунас како градови чијашто архитектура наликува на онаа во бесарабските градови.
Награди
[уреди | уреди извор]- Златна школка за најдобар филм на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан, 1976;
- Награда за најдобра глумица за Светлана Тома од страна на списанието „Советски екран“, 1976;
- Награда за најдобра режија на меѓународниот филмски фестивал „Фест-77“ во Белград, 1977;
- Награда за најдобар филм на меѓународниот филмски фестивал во Прага, 1977;
- Почесна награда на техничкиот конкурс на филмови во рамки на конгресот на УНИАТЕК во Париз, 1978.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Табор уходит в небо“ (руски). KinoPoisk. Посетено на 12 април 2020.
- ↑ „Табор уходит в небо“ (руски). Vokrug TV. Посетено на 12 април 2020.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Циганите летаат на небо на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Циганите летаат на небо — AllMovie (англиски)