Прејди на содржината

Цајц

Координати: 51°2′52″N 12°8′18″E / 51.04778° СГШ; 12.13833° ИГД / 51.04778; 12.13833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Цајц
Старото градско собрание во Цајц
Старото градско собрание во Цајц
Старото градско собрание во Цајц
Грб на Цајц
Цајц во рамките на Германија
Цајц
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Бургенланд
Градоначалник Фолкмар Кунце (СлДП)
Основни податоци
Површина 87 км2
Надм. височина 160 м
Население 27.976 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 322 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. BLK
Пошт. бр. 06712, 06724, 06727
Повик. бр. 03441, 034423, 034426
Портал Град Цајц
Местоположба на градот Цајц во рамките на округот Бургенланд
Карта
Карта
Координати 51°2′52″N 12°8′18″E / 51.04778° СГШ; 12.13833° ИГД / 51.04778; 12.13833

Цајц (германски: Zeitz) — град во округот Бургенланд, во Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа на реката Вајсе Елстер, во средината на триаголникот на сојузните покраини Саксонија-Анхалт, Тирингија и Саксонија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Цајц бил прво документиран под името Сиси на синодот во Равена во 967. Помеѓу 965 и 982, била главна тврдина на грофовијата Цајц. Помеѓу 968 и 1028 Цајц бил бискупска резиденција, која подоцна била преселена во Наумбург. Но, кон крајот на 13-от век бискупите повторно престојувале во нивниот замок во Цајц. Хермансшахт (изграден во 1889) — една од најстарите фабрики за тули во светот.

Целта на бомбардирањето во нафтената кампања во втората светска војна, фабриката БРАБАГ североисточно од Цајц, која користела лигнит јаглен за синтетизирање на нафта Ерзац[2]работниците биле обезбедувани од блиските подкампови на Бухенвалд во Ремсдорф и Глајна. Во средината на 1960-тите започнала со градсба станбената зона „Цајц-Исток“, а во средината на 1980-тите станбени објекти како што се „Völkerfreundschaft“ (Народно пријателство) биле изградени.

Градот бил индустриски центар до 1989/90. На 18 август 1976, протестантскиот свештеник Оскар Бризевиц од Рипиха се запалил самиот до смрт пред црквата Св. Михаил. Ова било протест против системот на ГДР и еден од корените за побуните во 1989.

Главни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Главните знаменитости во Цајц главно се наоѓаат по Романескниот пат .

  • Замок Морицбург, барокен замок со катедрлата Свети Петар и Павле. Криптата од 10-от век прикажува лимени ковчези од 17-от век, вклучувајќи го и оној на Мориц, војвода од Саксонија.
  • Михаелискирхе (1154), првично римска базилика и содржи дел од 95-те тези од 1517 на Мартин Лутер.
  • Градска куќа (1509, повторно изградена во 1909). Таа е готска градба, заедно со обновените куќи и 3 пазарни места, го обезбедуваат средновековното присуство во Цајц.
  • Хермансшахт, технички споменик во поранешната фабрика за тули.
  1. „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)
  2. Бекер, Петер В. (1981). „Улогата на синтетичкото гориво во Втората светска војна Германија: последици за денес?“. Air University Review. Maxwell AFB.