Цадик Данон
Цадик Данон | |
---|---|
Роден/а | Цадик Данон 20 април 1918 Сараево, Австроунгарија |
Починат/а | 2 март 2005 Белград, Србија |
Занимање | рабин, дипломат, учесник во НОБ |
Националност | Евреин |
Жанр | Писател |
Значајни дела | Основни поими на Јудаизмот |
Цадик Данон (20 април 1918, Сараево — 2 март 2005, Белград) — врховен рабин на Сојузот на еврејските општини во Југославија и дипломат.
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во угледна семејство од татко Даниел и мајка Грасие, спрема семејното предание потекнува од Моша Данон чиј гроб е во Столац место познато за поклонение. После завршувањето на основното образование во Травник, во 1932 година бил примен во Еврејското средно теолошко училиште, каде што и дипломирал во 1937 година. Прво бил учител по веронаука во Косовска Митровица и Приштина, а подоцна на основа на конкурс дошол во Сплит.
Во априлиската војна во 1941 година, бил заробен од страната на Третиот Рајх и Кралството Бугарија, но успеал да побегне од заробеништво во Сплит каде што се занимавал со илегална работа. Во април 1942 година, бил уапсен од страна на италијанците, при што бил префрлен во заробнички логор на југот на Италија, но и нив успел да им избега. После капитулацијата на Италија, се предружул на италијанското ослободително движење, каде што после завршувањето на војната бил именуван за член на југословенската војна мисија во Милано.
Во Југославија се вратил во 1947 година и дознал дека од целото негово семејство прерживеале само две негови сестри. Неговиот татко, мајка, браќа, зетови биле жртви на усташкиот геноцид.
После војната работел како рабин од (1947-1950), а подоцна и како висок званичник на ФНР Југославија, на функцијата шеф на одделението за нордиските земји од (1953—1970 година). Меѓу останатото, тој ја вршел функцијата во Меѓународната мисија за пловодба на Ѓердап од (1958—1962) и званичник во амбасадата на СФР Југославија во Шведска (1968-1970 година).
После пензионирањето,се вратил во свештеништвето и ја обавувал функцијата на врховен рабин на Југославија од (1972-1998 година). Повеќе децении бил автор на еврејскиот верски календар, а и ја напишал книгата „Основни поими на Јудаизмот". Во 1974 година, потикнал курсеви за учење на хебрејскиот јазик. На ова сложено и одговорно место бил сè до 1998 година, кога должноста ја пренел на рабинот Исак Асијел. Собирал еврејски мелодии, синагогални и фолклорни. Сакал да пее шпански песни. Починал во Белград во 2005 година.