Прејди на содржината

Хања

Координати: 35°31′N 24°1′E / 35.517° СГШ; 24.017° ИГД / 35.517; 24.017
Од Википедија — слободната енциклопедија
Хања
Χανιά
Венециското пристаниште на Хања
Венециското пристаниште на Хања
Хања is located in Грција
Хања
Хања
Местоположба во областа
Dimos Chanion.png
Координати: 35°31′N 24°1′E / 35.517° СГШ; 24.017° ИГД / 35.517; 24.017
ЗемјаГрција
ОбластКрит
ОкругХања
Површина
 • Вкупна12,564 км2 (4,851 ми2)
Население (2001)[1]
 • Вкупно57.838
 • Густина4,6/км2 (12/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.731 00
Повик. бр.28210
Рег. таб.ΧΝ
Мреж. местоwww.chania.gr

Хања — пристаништен град на островот Крит, Грција, и втор град по големина на островот Крит.

Историја

[уреди | уреди извор]

Првата цивилизација на подрачјето на данашња Хања била критската. На подрачјето на денешниот град се наоѓал тогашниот град Сидонија, чии остатоци се најдени со современи ископувања. Градот продолжил да постои и во текот на Стара Грција, кога станал град-држава. Хања се споменува во Одисеја. Во 69 г. п.н.е. градот бил под власта на Рим, и задржал многу повластици, како на пример ковање на свои пари.

Првата византиска управа над градот траела од 395 година до 824 година, и за тоа време островот Крит бил христијански. Во 824 година го освоиле Сарацените, кои му го дале на градот денешното име. Во 961 година, градот повторно влегол во состав на Византија, кога станува и епископско седиште.

За време на Четвртата крстоносна војна крстоносците го зазеле Цариград и поголем дел од Византија, а Хања паднала под влааста на маркизот Бонифациј Монфератски, кој пак ја продал на Венецијанската Република. Во тој период градот службено се нарекувал Ла Кања. Венецијанската Република постепено воспоставила добра соработка со населението во градот, па во тој период градот го добил сегашниот изглед.

Во 1645 година по двомесечна опсада, градот паднал под османлиска власт. Веднаш по освојувањето, градот бил опљачкан, голем дел од населението било убиено, а многумина избегале од градот. Градските цркви биле рпетворени во џамии, бил изграден амам и други згради.

По Грчко-турската војна, во 1933 година голем дел оод Турците во градот се иселиле. Тогаш била прогласена Република Крит со седиште во Кања, а во 1913 година Крит се приклучил кон Грција.

За време на Втората светска војна, во 1941 година овде се одвивала Битката за Крит, кога градот доживеал тешки бомбардирања.

Пристаништето во Хања.

Климата во Хања е суптропска средоземна клима, со сончеви суви лета и многу благи дождливи зими. Во периодот од април до октомври, времето е сончево и чистото небо е речиси секојдневна појава. Деновите се топли, но температурата ретко се крева нас 38 °C, поради ветерот Етезија кој дува од север. Снег и мраз се ретки во близина на брегот, иако повремено има снежни бури, како во февруари 2004 година кога наврнал 25–75 см снег во градскиот дел.

Климатски податоци за Chania Airport 1977-2002
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 14.0
(57.2)
14.3
(57.7)
16.1
(61)
19.9
(67.8)
24.5
(76.1)
29.0
(84.2)
30.5
(86.9)
30.0
(86)
27.5
(81.5)
23.4
(74.1)
19.0
(66.2)
15.6
(60.1)
21.98
(71.57)
Сред. дневна °C (°F) 10.8
(51.4)
11.0
(51.8)
12.4
(54.3)
15.8
(60.4)
20.1
(68.2)
24.7
(76.5)
26.6
(79.9)
25.9
(78.6)
23.2
(73.8)
19.4
(66.9)
15.3
(59.5)
12.4
(54.3)
18.13
(64.63)
Прос. ниска °C (°F) 8.1
(46.6)
8.0
(46.4)
8.9
(48)
11.7
(53.1)
15.2
(59.4)
19.2
(66.6)
21.4
(70.5)
21.3
(70.3)
19.1
(66.4)
15.9
(60.6)
12.4
(54.3)
9.7
(49.5)
14.24
(57.64)
Прос. дожд мм (ин) 126.4
(4.976)
101.9
(4.012)
81.2
(3.197)
26.9
(1.059)
11.2
(0.441)
2.0
(0.079)
1.4
(0.055)
1.4
(0.055)
15.2
(0.598)
61.5
(2.421)
86.7
(3.413)
99.0
(3.898)
614.8
(24.204)
Прос. бр. дождливи денови (≥ 0.1 mm) 17.0 14.7 12.0 7.8 3.9 1.4 0.2 0.6 2.6 9.8 10.8 15.8 96.6
Сред. бр. сончеви часови месечно 118.1 135.6 188.0 240.9 303.0 355.4 376.7 355.7 281.9 208.7 138.0 111.7 2.813,7
Извор: Climate Atlas-Hellenic National Meteorological Service.[2]
  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. http://climatlas.hnms.gr/sdi/. Отсутно или празно |title= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]