Хармоника
класична хармоника (горе) и руски бајон долу) | |
Класификација | |
---|---|
Сродни инструменти | |
Хармониката е полифон и аерофон музички инструмент со клавијатура или копчиња. Музичарот на хармоника (хармоникашот) со раце го шири и собира “мевот“ чија воздушна струја поминува низ вентили. Овие вентили ги контролираат прстите на хармоникашот со притискање на клавишите.
Градба
[уреди | уреди извор]Телото на хармониката се состои од две дрвени кутии поврзани со мев. Големината и тежината на хармониката варира во зависност од нејзиниот вид, бројот на регистри и басови. Притисокот на клавишот не се користи како изразно средство, ниту со него се контролира јачината на звукот, туку за тоа исклучиво се користи пумпањето на мевот.
Се разликуваат три основни видови хармоники: клавирска хармоника, хроматска со копчиња и дијатонска хармоника.
Историја
[уреди | уреди извор]Се смета дека првата хармоника ја конструирал Кристијан Фридрих Лудвиг Бушман во 1822 г. во Берлин. Хармониката ја патентирал Цирил Демиан во 1829 г. во Виена. Неговата хармоника имала копчиња само на едната страна, додека другата служела само за развлекувење.
Употреба
[уреди | уреди извор]Хармониката е фолклорен инструмент популарен ширум светот (Франција, Италија, Централна и Источна Европа, Латинска Америка). Присутна е и во традиционалната и новокомпонираната музика во Македонија. Хармониката поретко се користи како инструмент во забавната и сериозната музика.
Во Македонија музички дела за хармоника во класичната музика имаат компонирано Тома Прошев и Властимир Николовски.[1]
Хармониката како мотив во уметноста
[уреди | уреди извор]- „Уметник на хармоника“ (српски: Уметник на армоники) - расказ на српскиот писател Мирослав Јосиќ Вишњиќ.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ СОКОМ[мртва врска]
- ↑ Мирослав Јосиħ Вишњић, Сабране приповетке. Београд: Драганић, 1995, стр. 136-143.
|