Трондхејм
Трондхејм (норвешки: Trondheim) е трет по големина и значење град во Норвешка. Тој е најголем град во регионот Средна Норвешка и најголем град во округoт Тренделаг (но не и негово седиште).
Градот Трондхејм во 2013 година има околу 170 илјади жители во неговите граници.
Трондхејм е познат образовен центар во Норвешка. Тука е Универзитет Трондхејм со преку 40.000 студенти и посебен кампус. Градот ја има и најстарата гимназија во Норвешка, Трондхејм катедралскуле, која е основана во 1152 година.
Природни услови
[уреди | уреди извор]Градот се наоѓа во средниот дел на Норвешка. Од главниот град Осло е оддалечен 500 километри северно.
Релјеф: Трондхејм се наоѓа на западниот брег на Скандинавскиот Полуостров. Градот се разви на дното на Трондхејмскиот фјорд, на мала рамнина до морето и е затворен од копното со планините. Најпозната планина е Бимарка, позната по зимските спортови. Поновите делови на градот лежат на пониски ритчиња од планините и затоа градот е прилично ридест. Надморската височина на градот изнесува од 0 до 150 метри.
Клима: Климата во Трондхејм е умерено континентална со влијание на Атлантикот и Голфската струја. Има приморска клима, а од силните ветрови е заштитен со планините. И покрај тоа, климата е поостра од онаа во Осло и Берген.
Води: Трондхејм се развил како морско пристаниште во дното на истоимениот Тронхејмски фјорд, во заливот на Северното Море. Градското јадро настанало во сливот на реката Ниделва во Северното Море, која пред вливот прави тешко пристапни делови на брегот.
Историја
[уреди | уреди извор]Првите траги на населување на местото на денешен Трондхејм се појавуваат уште во праисториско време. Денешната населба е основана во средниот век, 997 година, од страна на викиншкиот крал Олав Тригвасон и бил престолнина на Норвешка до 1217 година. И после тоа градот останува значаен и како пристаниште и како трговски центар. Во 1152 година тука е основана и првата архиепископија на подрачјето на Норвешка. На таа основа Трондхејм стана значаен верски центар со катедралата Нидарос, и денес најпознатата црковна градба во државата.
Од 15 век Норвешка се наоѓа во склоп на Данска, а постепено се зајакнува влијанието на Шведска. Шведска во 1658 година го освои Трондхејм и околината на областа Тренделаг од Данска.
Новиот полет Трондхејм го доживува во втората половина на 19 век, кога доаѓа до индустријализација и до голем пораст на населението и ширење на градот надвор од средновековните граници.
Во текот на петгодишната окупација на Норвешка (1940-1945) од страна на Третиот рајх градот и неговото население повеќе страдаа во однос на другите градови во државата. Причината беше стратешката важност на градот.
Последните неколку децении Трондхејм се развил во современ град, еден од најбогатите во Северна Европа.
Население
[уреди | уреди извор]Денес Трондхејм има околу 170 илјади во градските граници, што е 3 пати повеќе од пред пола век. Градот со околните предградија има преку 260 илјади. Последните години бројот на населението во градот се зголемува годишно за 1,5%, а во предградијата и повеќе.
Етнички состав: Населението на Трондхејма до пред неколку децении било исклучиво норвешко. Меѓутоа, бројните доселеници од странство го променија составот. Така да, денес етничките Норвежани сочинуваат 91% од населението, а доселениците 9%. Најбројни се Полјаците.
Верски состав: Мнозинството од населението на Трондхејм се припадници на протестантската Црква на Норвешка. Потоа следуваат атеистите и католиците.
Трондхејм како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Тронхејм се јавува како инспирација во некои дела од уметноста и популарната култура, како:
- „Катедралата во Трондхејм“ (Katedrala u Trondhajmu) - песна на српската поетеса Десанка Максимовиќ од 1979 година.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 107.
|