Трбушка
Трбушка[1][2], кормушка[3][4], чкембе[5][6] или шкембе[7][8] — јадење направено од исчистени желудници од разни животни.
Состав
[уреди | уреди извор]Говедско чкембе
[уреди | уреди извор]За подготовка на чкембето најчесто се користат првите три комори на говедскиот желудник. Задниот дел од говедскиот желудник - сириштето многу ретко се користи поради неговата структура во која преовладува жлездеста слузница.
Јагнешко чкембе
[уреди | уреди извор]Освен желудникот од јагнето се користат и тенките црева. Јагнешкото сириште се користи при подготовка на ширден.
Други животни
[уреди | уреди извор]Чкембе се прави и од желудник на кози, свињи, елени, туна.
Неисчистено чкембе
[уреди | уреди извор]Хранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 355 kJ (85 kcal) |
0 г | |
Шеќери | 0 г 0 г |
Влакна | 0 г |
3,69 г | |
Заситени | 1,291 г |
Мононезаситени | 1,533 г |
Полинезаситени | ,180 г |
12,07 г | |
Витамини | |
Витамин А (екв.) | (0 %) 0 μг |
Тиамин (Б1) | (0 %) 0 мг |
Рибофлавин (Б2) | (5 %) ,064 мг |
Ниацин (Б3) | (6 %) 0,881 мг |
Пантот. кис. (Б5) | (2 %) 0,1 мг |
Витамин Б6 | (1 %) ,014 мг |
Фолна кис. (Б9) | (1 %) 5 μг |
Витамин Б12 | (58 %) 1,39 μг |
Витамин Ц | (0 %) 0 мг |
Витамин Д | (0 %) 0 μг |
Витамин Е | (1 %) ,09 мг |
Витамин К | (0 %) 0 мг |
Минерали | |
Калциум | (7 %) 69 мг |
Железо | (5 %) ,59 мг |
Магнезиум | (4 %) 13 мг |
Манган | (4 %) ,085 мг |
Фосфор | (9 %) 64 мг |
Калиум | (1 %) 67 мг |
Натриум | (6 %) 97 мг |
Цинк | (15 %) 1,42 мг |
Други состојки | |
Вода | 84,16 г |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. Извор: База за хранливост — USDA |
Чкембето од кое не се целосно измиени остатоците од утробата на животното, се нарекува и зелено или незрело чкембе. Мирисот на таквото чкембе е непријатен за луѓето, но многу примамлив за кучињата и мачките, па затоа се популарни како храна за домашни миленици.
Исчистено чкембе
[уреди | уреди извор]Како човечка храна се користи исчистеното чкембе. Во зависност од вкусот и умешноста на готвачот, чкембето може да има мали траги од остатоци од утробата, што му дава посебна арома на јадењето. Без оглед на вкусот на готвачот, процентот на остатоци од желудник е многупати помал од зеленото чкембе што се користи во храната за животни.
Готвење
[уреди | уреди извор]Чкембето се подготвува во многу делови од светот на различни начини. Заедничко за сите рецепти е првата фаза на преработка на сиров желудник, а тоа е чистење од остатоците од утробата со варење. За подготовка на колбаси, исчистеното чкембе се сечка на помали парчиња, а за приготвување на варени и супи, на поголеми парчиња (ленти). Во некои јадења се користи цел или дел од исчистениот желудник, како во прилепскиот „ширден“, каде истиот се полни со парчиња месо.
Чкембето во Македонија
[уреди | уреди извор]Во Македонија најчесто се подготвува чкембе-чорба особено во зимските месеци. Битолчани се познати по подготовката на јадења од чкембе, па навивачите на спортските клубови Пелистер се нарекуваат Чкембари.
Во пролет се подготвува кукурек, кој се подготвува од плетенки од јагнешко чкембе и цревца.
Симбол на кулинарството во Прилеп е ширденот.
Маркетинг
[уреди | уреди извор]Маркетиншкиот одбор за чкембе го промовира 24 октомври како Светски ден на чкембето бидејќи на тој ден во 1662 година, Семјуел Пипс напишал, Tripe Marketing Board promotes World Tripe Day on 24 October, because on that day in 1662, Samuel Pepys wrote, „Дома вечеравме со жена ми највкусно јадење од чкембе по мој рецепт.“[9]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „трбушка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „трбушка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „кормушка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „кормушка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „чкембе“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „чкембе“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „шкембе“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „шкембе“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „World Tripe Day: Can we fall in love with tripe again?“. BBC. 24 October 2017. Посетено на 20 July 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Трбушка“ на Ризницата ? |