Прејди на содржината

Тога

Од Википедија — слободната енциклопедија
Октавијан Август во тога на Понтифекс Максимус

Тога е облека карактеристична за Стариот Рим, која се состоела од била долго платно (6 метри) кое се обвиткувало околу телото и се носело врз туника. Тогата секогаш се правела од волна,[1], а таа туника често била ленена. Низ римската историја, тогата била исклучиво машка облека, додека жените носеле стола. Недржавјаните по закон не смееле да носат тога.

Историја

[уреди | уреди извор]

Тогата била првата облека кај Римјаните; дебела волнена наметка која се носела врз скутник или престилка. Таа се соблекувала внатре, или при потешка физичка работа, но важела за единствената пристојна облека за надвор.

Како што се менувале времињата, така се менувал и стилот на облекување. Римјаните ја прифатиле кошулата (туника или грчкиот хитон) која ја носеле Грците и Етрурците, тогата станала покабаста, и почнала да се носи во полабав стил. Како резултат на оваа таа била бесполезна за физички активности како одење во војна. Така неа ја заменил попрактичниот сагум (волнена наметка) за секоја военаприлика. Подоцна и во мирно време тогата ја замениле облеки како лената, лакерната, пенулата, и други затворени и закопчени плаштови. Меѓутоа тогата останала судска облека во царството.[2]

Процес кој ја исфрлил тогата од секојдневната употреба воедно ѝ дал поголемо значење како церемонијална облека, како што често се гледа низ историјата. Уште од IV век п.н.е., а веројатно и пред тоа, тогата (заедно со калцеусот) се сметале за одлика на римски државјанин. Странците немале право да ги носат[3], а тоа право им се одземало и на протераните Римјани,[4] а ја носеле магистратите по секоја прилика како знак за функцијата. Впрочем се сметало за сосема непристојно, ако не и криминално, еден магистрат да се појави во грчки во грчка наметка (палиум) и сандали.[5] Октавијан Август, на пример, бил толку разочаран кога видел и сретнал граѓани без тоги, што, цитирајќи ги Вергилиевите горди зборови, „Romanos, rerum dominos, gentemque togatam“ („Римјани, господари на светот, родот кој носи тога“), им наредил на едилите дека во иднина никој не смее да се појави на Форумот или во Циркус без тога.

Бидејќи тогата не ја носеле војници, таа се сметала за симбол на мирот. Цивилот понекогаш се нарекувал тогатус, „тогоносец“, за разлика од војниците кои носеле сагум. Цицерон, во своето дело За должностите се изјаснил: „cedant arma togae“: буквално, „нека оружјето ѝ отстапи на тогата“, со значење „нека мирот ја замени војната“, или „нека воената моќ ѝ отстапи на цивилната моќ“.

Човек носи тога пикта на фреска

Постоеле повеќе видови на тоги, секој со своја употреба.

  • Тога вирилис (тога алба, тога пура): Проста бела тога која ја носеле римските полнолетни мажи по формални прилики.[6]
  • Тога кандида: „Светла тога“; тога белена со вар до силно бела боја (Isidorus Orig. xix. 24, 6) која ја носеле кандидатите за државната управа.[7] Необично е тоа што овој обичај бил забранет по референдум во 432 п.н.е., но забраната никогаш не се применувала.[8] Овој поим е етимолошкиот извор на зборот кандидат.
  • Тога претекста: Обична бела тога обрабена со широка пурпурна лента. Ја носеле:
  • Тога пула: Буквално „темна тога“. Ја носеле тажачи, но можела да се носи и во време на лична опасност или јавна вознемиреност. Понекогаш се облекувала во знак на протест—по прогонството на Цицерон, Сенатот решил да носи темни тоги во знак како демонстрација против таа одлука.[15] Магистратите со право да носат тога претекста носеле едноставна тога пура наместо пула.
  • Тога пикта: За разлика од другите тоги, оваа тога не била само обоена, туку и извезена и украсена. По боја била сосем пурпурна, а везот бил златен. Во републиканско време ја носеле војсководците во триумф, а неа ја облекувал и претор урбанус кога се возел на Двоколката на боговите во циркус за време на игрите Аполонските игри.[16] Во царско време тога пикта носеле магистрати кои одржувале јавни гладијаторски игри, конзули, како и царевите по посебни прилики.
  • Тога трабеја: Според Сервиј, постоеле три вида на тога трабеја: една чисто пурпурна, за боговите; друга пурпурна со малку бело, за кралеви; а трета, со светлоцрвени пруги и пурпурен раб[17] за авгури и салии.[18] Дионисиј од Халикарнас вели дека неа ја носеле и еквитите, но ова не го потврдуваат други извори.
  1. William Smith, LLD; William Wayte; G. E. Marindin, уред. (1890). „Toga“. A Dictionary of Greek and Roman Antiquities. London: John Murray.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
  2. Spart. Sever. 1, 7. Според The Dictionary of Greek and Roman Antiquities.
  3. Светониј Транквил, Гај (121 н.е.). 15.2, Животот на Клавдиј. „Во еден случај за државјанство адвокатите се доведоа во бесцелен спор за тоа дали обвинетиот треба да се појави во тога или во грчка мантија...“
  4. Плиниј Помладиот (~ 105 н.е.). ред 3, писмо 11, книга 4, Писма. „Idem cum Graeco pallio amictus intrasset—carent enim togae iure, quibus aqua et igni interdictum est...“ („Тој исто така ќе отидеше облечен во грчка облека—бидејќи оние на кои им се забранети оган и вода немаат право да носат тога...“)
  5. Тулиј Цицерон, Марко (63 п.н.е.). Pro Rabirio Perduellionis Reo. „Рабириј... сега го обвинија за... носење на облека на Египќанин.“ Архивирано на 21 август 2008 г.
  6. cf. Mart. viii. 28, 11. Цитирано од The Dictionary of Greek and Roman Antiquities.
  7. cf. Polybius, x. 4, 8. Цитирано од The Dictionary of Greek and Roman Antiquities.
  8. Liv. iv. 25, 13. Цитирано од The Dictionary of Greek and Roman Antiquities.
  9. Liv. xxiv. 7, 2. Цитирано од The Dictionary of Greek and Roman Antiquities.
  10. cf. Cic. post red. in Sen. 5, 12. Цитирано од The Dictionary of Greek and Roman Antiquities.
  11. Zonar. vii. 19. Цитирано од The Dictionary of Greek and Roman Antiquities.
  12. Liv. xxxiv. 7, 2. Цитирано од The Dictionary of Greek and Roman Antiquities.
  13. cf. Cic. Phil. ii. 4. 3, 110. Цитирано од The Dictionary of Greek and Roman Antiquities.
  14. Liv. xxvii. 8, 8; xxxiii. 42. Цитирано од The Dictionary of Greek and Roman Antiquities.
  15. post red. in Sen. 5, 12. Цитирано од The Dictionary of Greek and Roman Antiquities.
  16. cf. Liv. v. 41, 2. Цитирано од The Dictionary of Greek and Roman Antiquities.
  17. cf. Isid. Orig. xix. 24, 8. Цитирано од The Dictionary of Greek and Roman Antiquities.
  18. ad Aen. vii. 612; cf. ad vii. 188. Цитирано од The Dictionary of Greek and Roman Antiquities.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]